Мицкоски: 17 октомври е денот кога заврши трпението на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Христијан Мицкоски се обрати на настанот за кампањата „Разговори за Обнова на Македонија - Проблеми, решенија и програма" во Гевгелија.

Ќе ми дозволите најпрвин да ви се заблагодарам за вашето присуство, што одвоивте дел од вашето ценето време да биде денеска овде со нас да можеме да поразговараме за Обновата на Македонија за тоа што следи, да слушнеме кои се реалните проблеми на нашите сограѓани.

Веќе неколку недели нашата теренска активност на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија е на плоштадите, улиците во Македонија, разговараме со граѓаните и учиме од граѓаните, имаме чувство како да долго време некој не ги слушнам проблемите, оние обичните проблеми на нашите сограѓани, тоа беше нашиот мотив и тоа беше нашата водилка зошто одлучивме токму од сега, неколку месеци пред време преку овие наши теренски активности да започнеме една голема широка дебата со граѓаните на Македонија и да можеме одблиску, очи во очи, гради во гради да ги слушнеме реалните проблеми а потоа да понудиме и соодветни решенија за тие реални проблеми, не оние измислените и замислените кои што се носат во оние дебели кожни фотелји газејќи ги ќе повторам оние дебели персиски килими во Владата и во Брисел, туку овие директно очи во очи со нашите сограѓани, гради во гради, каде што ќе слушнеме некоја критика и за нас и за нашето однесување, ќе слушнеме некоја критика и за минатите влади на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа што можеби било направено погрешно а ќе треба да го корегираме во периодот кој што следи, но истовремено ќе ги слушнеме и вистинските проблеми кои што се резултат на погрешните политики на оваа сегашнава влада која што ја предводи Зоран Заев и СДСМ, за да можеме да понудиме соодветни решенија а тие решенија потоа да ги напишеме и во нашата предизборна програма, а потоа тоа што ќе се обврземе тоа што ќе го ветиме пред граѓаните и да го исполниме.

И не го зборувам ова како гола реторика, не го зборувам ова како филозофија туку навистина преку една ваква интерактивна комуникација од каде што ќе научиме многу од нашите сограѓани сакаме да покажеме дека Македонија може поинаку и дека ние како политичари можеме да се однесуваме поинаку и дека тоа што ќе го ветиме, тоа и ќе го исполниме.

Ќе се обидеме преку еден вид ново однесување покажеме дека не се сите политичари во Македонија исти, дека онаа моментална перцепција која што владее кај нашите сограѓани дека сите политичари се исти и дека ние сме практично лажливци и лопови дека не е така, дека ние можеме поинаку, дека можеме да бидеме честити, дека можеме чесно да работиме и да работиме и да им служиме на граѓаните, бидејќи они се тие кои што ни го даваат нас легитимитетот и тие кои што нас не бираат затоа што иднината која што ќе ја оставиме на сите генерации на сите нас ни е потребна. Е тоа е она кое што ние преку оваа наша теренска активност, која што ја именуваме Разговори за обнова на Македонија сакаме да го покажеме. Да покажеме дека имаме поинакво лице, да покажеме дека не сме политичари кои што ќе ветуваат кога ќе дојдат избори, она што сакаат нашите сограѓани да го слушнат, не сме политичари што ќе ветуваат загарантиран откуп на пример за земјоделските производи, не сме политичари кои што ќе ветуваат поголеми субвенции, поголема поддршка за земјоделецот во Република Македонија,а потоа кога ќе дојдеме до фотелјите кога ќе не избере народот да бегаме како никогаш тоа да не сме го споменале, а само да уживаме во привилегиите кои што тие институции ни ги даваат и да ништо не работиме, да заборавиме дека тоа што сме го ветиле всушност не сме го ветувале. Па ќе дојдат следните избори неколку години потоа и повторно ќе ги рециклираме истите тие лаги, истите тие ветувања и тогаш повторно со раката на нашето срце со главата благо налево наклонета и повторно истите тие лаги ќе ги рециклираме.

Не сме и нема да бидеме политичари кои што само ќе бидат овде на плоштадите пред кампања и ќе ветуваат дека младите имало иднина, имало перспектива, ќе ветуваме банкарски гаранции, ќе ветуваме младински гаранции, ќе ветуваме за студентите обновени студентски домови, ќе ветуваме поквалитетно образование, а потоа кога ќе заседнеме во истите тие институции само привилегиите ќе ни бидат важни, ќе заборавиме и на младите, ќе заборавиме и на студентските домови, ќе заборавиме и на поквалитетното образование, ќе заборавиме и на младинската гаранција ќе заборавиме практично на се што сме ветувале, за да повторно како расипана плоча на следните избори истото тоа ќе го рециклираме и повторно истото тоа ќе го ветуваме.

Ќе гледаме како тие млади луѓе веднаш после дипломирањето со куфер полн ги полнат аеродормите охридскиот и скопскиот ги полнат пероните на железничките пруги, со автобусите заминуваат трајно од нашата држава затоа што тука нема перспектива за нив затоа што повторно од некои политичари кои што ги посетиле биле излажани, само за да го добијат нивниот глас, ние не сме такви и нема да бидеме такви тоа ви го ветуваме.

Нема да бидеме политичари кои што пред избори ќе се колнат во жицата, ќе се колнат во најмилото, ќе се колнат како талкале по семето изгубени низ времето и дека немале да го продаваат идентитетот, и дека немале да ги нарушуваат сите преговарачки позиции кои што нашата држава ги создавала во изминатиов период, а потоа кога ќе дојдат на власт , кога ќе почнат да врват тендерите, кога ќе почнат да врват провизиите во еден ресторан недалеку од овој преубав град Гевгелија, тогаш ќе заборават и на жицата, ќе заборават и на најмилото, ќе заборават и на времето и на семето, се ќе заборават и како неразбрани трговци се ќе истргуваат, само да можат се повеќе провизија да лапнат и што подолго да трае нивниот политички живот.

Ќе заборават и на идентитетот, ќе заборават и на македонецот, ќе заборават и на македонштината, но она што е најважно а што никогаш нема да им го простиме е што заборавија на Македонија. Јас ви ветувам дека првиот ден, новата влада на ВМРО-ДПМНЕ прво што ќе направи е одговорност за овие неразбрани трговци кои што распродадоа се што значеше а кое што не одруваше обединети и силни, а тоа е македонштината и македонецот во нас, јас ви ветувам деа ќе сносат одговорност.

Се сеќавате дека ветуваа владеење на правото, ветуваа, ќе немало правда ќе немало мир ќе се бореле за почитување на законите, ветуваа дека ќе направеле независен судски систем кога ќе дошле на власт, а првата работа што ја направија е како да го амнестираат Зоран Заев од случајот поткуп кога како градоначалник на Струмица на очиглед пред целата македонска и светска јавност бараше мито за работа која што по службена должност треба да ја заврши.

Тоа беше првата работа што ја направија кога седнаа во фотељите, како Зоран Заев по втор пат после оној случај Глобал кога тогашниот претседател Бранко Црвенковски го аболираше, како по втор пат да се амнестира за сторено кривично дело. Епа не може човек кој целиот негов живот е обременет со криминал кој што целиот свој живот го води на ивица на законот, кој што целиот свој живот практично го посветил на злоупотреби и кога бил функционер, и кога бил градоначалник, но и кога бил пратеник во рамките на парламентот, да работи спротивно на законите, да биде реформатор и да го реформира судството, да го реформира правосудството, обвинителството, да ги почитува законите и да вели дека немало правда немало мир.

Напротив јас сум сигурен дека сосема спротивното ќе го прави и тогаш бевме сигурни и тогаш велевме дека тоа ќе се случува, веќе трета година македонската јавност е сведок дека тоа се случи. И можам да ги редам уште многу вакви разочарувања и можам да ги редам уште многу вакви работи кои што биле ветувани од Зоран Заев, кои што биле ветувани од СДСМ пред изборите, а практично ништо не успеале да реализираат.

Но она за кое што сум тука во Гевгелија и за кое што сакам да зборуваме е молбата кон вас, кон гевгеличани, кон луѓето кои што денеска беа со нас, на овие штандови кои што ги запишаа своите проблеми своите молби на оние, на кои што ќе им понудиме решенија, на оние на кои што ќе им кажеме отворено, искрено, чесно, честито дека вашите проблеми не можеме да ги решиме од тие и тие причини.

Но оние кои што можеби ќе ги решиме, а ќе треба малку време, сакам да им порачам дека не треба да ја губат надежта дека не треба да зборуваат и се да разочаруваат и да ги полнат куферите и да ја напуштаа Македонија. Сите тие кои што мислат дека не можеме подобро сите тие кои што мислат дека Македонија не може подобро се жртви на пропагандата на СДСМ и Зоран Заев.

Оваа држава може да биде и подобра, обединета, со вратено достоинство и гордост само ако сите ние заеднички работиме и со го поставиме прашањето што можеме ние да направиме за неа, а не што може таа да направи за нас. Имаме јасен план имаме визија, имаме методологија како сево ова што го зборувам во пракса да го спроведеме веднаш откако ќе биде избрана новата влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ на следните предвремени парламентарни избори во Македонија.

Немојте да ја губите надежта, надежта не треба да ја губиме, затоа што надежта е таа која што нас не крепи и која што не држи обединети.

Стапката на наталитет во Италија се намалува

Националниот институт за статистика објави дека стапката на наталитет во Италија е намалена за 34,3 отсто од 2008 година, која беше последната година во која беше забележан пораст.

Стапката на наталитет во Италија продолжи да се намалува и во изминатата година, кога се регистрирани 379.000 раѓања, или 6,4 на 1.000 луѓе, покажуваат прелиминарните податоци објавени денеска од Националниот институт за статистика на Италија (ИСТАТ), цитиран од италијанската новинска агенција АНСА.

Во апсолутна смисла, ова е за 14.000 раѓања помалку од 2022 година, или пад од 3,6 отсто.

Националниот институт за статистика објави дека стапката на наталитет во Италија е намалена за 34,3 отсто од 2008 година, која беше последната година во која беше забележан пораст.

Просечниот број деца по жена се намалил од 1,24 во 2022 година на 1,2 во 2023 година, а историскиот минимум е забележан во 1995 година, кога се родиле 1,19 деца по жена. /МИА

МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед

Понеделник, вториот ден на Велигден, според Грегоријанскиот календар, неработен за граѓаните од католичка вероисповед.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно Законот за празниците, 1 април 2024 година (понеделник) вториот ден на Велигден, според Грегоријанскиот календар, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот.

АВМУ: Донесено упатство за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024

 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), со цел појаснување на начинот на примена на правилата од Изборниот законик донесе упатство за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024.

Како што соопштија денеска од АВМУ, со упатството се опфатени правилата за лимитите за платеното политичко рекламирање (ППР), означувањето на нарачателот на рекламирањето, распределбатата на времето во вести кај Јавниот сервис, бесплатното политичко претставување на Собранискиот канал, обезбедувањето пристапност на содржините за изборниот процес за лицата со попреченост, правилата за известување во деновите на изборниот молк особено за периодот на преклопување на двата изборни процеси.

- За време на изборната кампања за Претседателските избори, во првиот круг на гласање, радиодифузерите може да емитуваат вкупно девет минути и триесет секунди дополнително време за рекламирање на реален час емитувана програма, исклучиво наменети за ППР. Во упатството е точно утврдена распределбата на овие минути меѓу седумте подносители на листи/кандидатите за претседател. Во вториот круг на гласање вкупното време за ППР ќе зависи од времето за ППР што го користат подносителите на листи/кандидатите за претседател кои ќе ја продолжат изборната кампања во вториот круг, се наведува во соопштението.

За време на изборната кампања за Парламентарните избори, се појаснува во соопштението, радиодифузерите имаат право на дополнителни девет минути и триесет секунди за рекламирање на реален час, исклучиво наменети за ППР. По потврдувањето на поднесените листи на кандидати за пратеници од страна на Државната изборна комисија, Агенцијата соодветно ќе го дополни упатството за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024.

- За време на изборниот молк за Претседателските избори, на 23 и на 24 април (до 19 часот) 2024 година, продолжува изборната кампања за Парламентарните избори, но запира медиумското покривање во вестите и во посебните-информативни емисии на учесниците во изборните кампањи за двата изборни процеси, се додава во соопштението од АВМУ.

Јавниот сервис и телевизиите на државно ниво што ќе објавуваат платено политичко рекламирање, треба да емитуваат содржини поврзани со изборниот процес во формат пристапен за лицата со попреченост.

Упатството за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024 е достапно на веб страницата www.avmu.mk.

притисни ентер