Макрон пред почетокот на Европскиот совет во Брисел не кажа ништо во однос на проширувањето

Непосредно пред почетокот на Европскиот совет во Брисел, францускиот претседател Емануел Макрон при пристигнувањето во Советот им се обрати на новинарите и во таа пригода не кажа ништо за прашањето за проширувањето и датумот за почетокот на преговори.

Макрон во врска со прашањето за давањето датум за почеток на преговорите за Македонија и Албанија, е единствениот кој засега најавува блокада. Тој во околу петминутното обраќање пред новинарите, не кажа ништо по ова прашање, но затоа се задржа подолго на постигнатиот договор за Брегзит.

– Мислам дека тоа е добра вест. Договорот одговара на целите кои беа наши. Од европска страна да се брани интегритетот на заедничкиот пазар и нашите слободи и иднина и од британска страна да ги имаат сите гаранции за зачувување на нивниот интегритет и со желбата на нашите пријатели од Ирска да се зачува политичката рамнотежа, рече Макрон.

Договорот, според Макрон, е „добар компромис", кој дозволува да одговори на сите овие цели.

За договорот ќе се дискутира на Советот, кој ќе биде претставен од преговарачот на ЕУ, Мишел Барние на кого и на неговите екипи, Макрон им изрази благодарност за многу квалитетната работа која беше направена од самиот почеток. Потоа само следува ратификацијата во британскиот и европскиот Парламент.

– Поради ова нашето задоволство е придружено со легитимна претпазливост, бидејќи поучени од историјата парламентите можат да не се препознаат во договорот. Сакам да верувам дека премиерот Џонсон ќе има мнозинство да го поддржи договорот, за кој се дискутираше последниве недели, посочи францускиот претседател и нагласи дека не сака да зборува за политичка фикција дали Џонсон ќе има мнозинство.

За францускиот претседател договорот е „добра вест, бидејќи постигнатиот договорот дозволува да се отвори нова фаза и да се зборуваме и да се подготвува иднината на ЕУ.

– Советот ќе стави акт на агендата која сакаме да ја имаме и ќе ни дозволи да ја подготвиме иднината и да ја имаме првата дискусија за финансиските перспективи и стратегиската агенда. Тоа е за нас важен елемент. Претседателката на комисијата ќе ги претстави утре изутрина, главните линии на нејзината програма. Ние се пронаоѓаме длабоко во нив, во нив се препознавам, бидејќи ги бранев нашироко од почетокот на годинава пред се климатската агенда, што е за нас важно, неутралноста на јаглеродниот диоскид 2050, зголемување на минималните цени на ЦО2, оданочување на границите на ЦО2, развој на голема банка за климата, дигитална агенда, како и агенда за заштита на работниците во Европа и за интегритетот на нашиот пазар, агенда на новаторство за иднина, агенда за суверенитет – Европа на одбраната која треба да биде посилна, рече Макрон.

Според Макрон, ќе се зборува и и за геополитичките прашања, посебно за нападот што го води Турција во северозападот на Сирија.

-По оваа точка посакувам да имаме повторно единствен, јасен и строг говор, да се осуди нападот, да се запре извозот заеднички на оружјето кон Турција и со нашите главни партнери да им се стави крај на офанзивата која денес создава хуманитарна драма и ризикува повторно да го појави Даеш (Исламската држава), заврши Макрон. /МИА

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер