Меѓународен ден за искоренување на сиромаштијата

Гладен, болен, без покрив на главата и соодветна облека. Ова е секојдневието на 52 годишниот Љупчо од Тетово, кој пред камерата на Канал 5 ја раскажа својата животна приказна. 

Пред две години дошол во Скопје да заработи за корка леб, но животот не му се насмевнал. Сега најчесто прибежиште му е Камениот мост, со надеж дека некој од добронамерните граѓани ќе му даде некој денар за да си купи леб. Љупчо раскажува дека нема никакви примања од државата, ни социјално, ни здравствено и нема како да се лекува.

Тешка е животната приказна и на Стојче Василев од Пробиштип и Марјан Станишовски од Кумановско кои беа дел од одбележувањето на Македонската платформа за борба против сиромаштијата на Меѓународниот ден за нејзино искоренување.

Живеат без струја, вода, во куќи пред распаѓање, а со малата социјална помош што ја примаат не можат да се прехранат, ни облечат своите деца. Се случува моето семејство воопшто да нема за јадење во денот, раскажува Марјан.

Имаме очекувања од новата социјална реформа, но потребно е уште многу работа за да се намалува бројот на сиромашни и гладни во Македонија, вели претседателката на платформата против сиромаштија, Билјана Дуковска. Смета дека многу е важно да се има здрав и квалитетен социјален систем, особено за заштита на децата од питачење и нивно тргање од улиците.

Според последните бројки од Државниот завод за статистика од 2017 година, стапката на сиромашни лица изнесува 22,2 проценти (450.000 лица), стапкатата на сиромашни вработени лица е 9 %. Тоа значи дека околу 460 илјади граѓани немаат ни за леб, а секој петти Македонец е сиромашен.

МОН: Наставата од деновите на гласање ќе се надомести во работни денови

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ во Скопје, наместо во саботи, ќе се надомести во работни денови.

Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците.

Потсетуваме дека наставната година за учениците од средните училишта трае до 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни и потребно е да го зачуваме најдобриот интерес на учениците, а тоа подразбира тие во целост и квалитетно да ја совладаат предвидената наставна материја.

Министерство за образование и наука

Четворица млади Германци се уапсени, додека полагале бели рози во куќата на Хитлер

Четворица Германци биле фатени како положуваат бели рози во куќата во која е роден нацистичкиот лидер Адолф Хитлер во западна Австрија на неговиот роденденот, а една жена меѓу нив го извела нацистичкиот поздрав додека се фотографирала.

Полицијата во провинцијата Горна Австрија соопштила дека четворица Германци, две сестри и нивните партнери, на возраст од 20-ти и раните 30-ти, отишле во зградата во саботата за да положат бели рози во прозорците, објави Политико.

Тие се фотографирале пред куќата, а една од жените го извела нацистичкиот поздрав. Патролните службеници ја забележале групата и ги однеле во полициска станица на распит.

Жената рекла дека не била сериозна во врска со поздравот, но полицајците изјавиле дека нашле разговор со други на нејзиниот мобилен телефон, во кој споделувале пораки и слики со нацистички теми.

Полицијата соопшти дека ќе ги пријави сите четворица пред обвинителството поради сомневање дека го прекршиле австрискиот закон за забрана на нацистички симболи.

Хитлер е роден на 20 април 1889 година во Браунау ам Ин.

По долги расправии за иднината на куќата во која е роден, минатата година почна да се работи за нејзино претворање во полициска станица, што требало да ги одврати оние кои го величаат Хитлер и имаат намера да ја посетат.

Венеција почнува да наплаќа влезници за еднодневните посети

Од четврток, Вeнеција ќе почне да им наплаќа влез во градот на еднодневните патници, што е прв ваков случај во светот. 

Градското собрание на Венеција, минатата година соопшти дека ќе почне примена на целосно нова такса од пет евра за туристите кои доаѓаат на посета само за еден ден. Давачката, чија имплементација се одложува неколкупати, ги таргетира само туристите кои влегуваат во стариот дел од 8:30 до 16:00 часот по локално време, соопштија градските власти, појаснувајќи дека целта е да се подобри квалитетот на животот во градот. Потенцијалните казни за непочитување се од 50 до 300 евра. За деца до 14-годишна возраст нема да се плаќа таква такса.

притисни ентер