Француските медиуми за противењето на Париз за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Парискиот весник „Ле Монд" под наслов „Франција и Холандија им ја затворија вратата на  Македонија и Албанија".

Медиумите во Франција му посветуваат големо внимание на противењето на Париз за почеток на преговорите за членство во ЕУ со Македонија и Албанија, притоа изразувајќи неразбирање за позицијата на француската дипломатија и на шефот на државата Емануел Макрон, јави дописникот на МИА.

Парискиот весник „Ле Монд" под наслов „Франција и Холандија им ја затворија вратата на Македонија и Албанија" наведува дека македонските и албанските дипломати во прв план го ставаат ризикот од дестабилизацијата на Европа доколку биде одложен стартот на преговорите.

Весникот потсетува дека Париз е осамен во Брисел во врска со Македонија и дека Франција поради тоа била изложена на бројни критики.

„Еурактив" наведува дека Франција „стави бариера на европското проширување", а сервисот на „Еуроњуз" на француски јазик оценува дека „Албанија и Македонија ќе почекаат".

Најтиражниот регионален весник во Франција, „Уест Франс" нагласува дека Балканот добил „студен ветер од Франција", наведувајќи дека Париз „ставил вето" за двете земји.

Француското национално радио „Франс Интер" во својот уводник најостро ја критикува позицијата на француската Влада, која според авторот е спорна. Во пет минутниот коментар авторот Жан Марк Фур се обидува да ја сфати и да ја образложи француската позиција, која му изгледа „неразбирлива и дискутабилна". Уште на почетокот тој вели дека на состанокот на министрите за надворешни работи во Луксембург имало жестока дебата и тоа најмногу поради Париз.

Тој понатаму ги разгледува аргументите на Париз, поради кои не сака да им даде датум за преговори на двете земји. Иако, според „Франс Интер", тие аргументи се исправни и одржливи, сепак со нив се крши ветувањето дадено од Европа и непочитувањето на дадениот збор. Фур сликовито објаснува дека тоа е како „на една екипа која била прва во Втората лига, да и се каже дека не може да влези во Првата".

„Франс Интер" потсетува дека Македонија го промени и името на државата за да добие почеток на преговорите, што и го гарантираше шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини. – Но, бидејќи Франција блокира, се е блокирано, оценува „Франс Интер", предупредувајќи дека со ваквата позиција на Париз, Балканот се остава на другите партнери како Кина, Русија или Турција.

– Значи преземајќи ризик да го разочара и стави во очај Балканот, со оглед на историјата на регионот во срцето на Европа, тоа е сомнителен влог (на претседателот Макрон), завршува коментаторот на францускиот јавен радио сервис./МИА.

Зиадин Села ја потпиша на иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка"

Претседателот на Алијансата за Албанците Зиадин Села одговори позитивно на иницијативата на невладината организација „Да ја спасиме Попова Шапка" со потпишување на декларацијата за развој на Попова Шапка.

Меѓу барањата поднесени од невладината организација „Да ја спасиме Попова Шапка", беше и одземање на надлежностите од Елем Турс и пренесување на надлежностите во Општина Тетово.

Претседателот на АА ги потпиша краткорочни и долгорочните барања на невладината „Да ја спасиме Попова Шапка”.

-Анализа на досегашното непрофесионално и неефикасно управување со Попова Шапка. Инвестиции во патна инфраструктура, центар за рекреација и соседство на планинските куќи. Уништување на дивоградби и спроведување на Деталниот урбанистички план, се дел од краткорочните барања потпишани од Села.

Долгорочните барања на кои потпис стави Села се создавање можности за обезбедување на туристички центар на приватни инвеститори, изградба на жичарница Тетово-Попова Шапка, инсталација на систем за вештачки снег, проширување на туристичкиот центар кон северните терени (кон Јелак) како и кон делот над планината Боговиње, вклучување на граѓанскиот сектор во процесите на донесување одлуки кои ја одредуваат судбината на Попова Шапка.

Воедно, Села се заложи за негова максимална посветеност, како и на коалицијата за решавање на овој проблем со што Попова Шапка ќе стане модерен туристички центар. /МИА

Шекеринска: 14 години Николоски само ветуваше решение за водоснабдувањето во Издеглавје

Заменик претседателката на СДСМ и носител на листа во ИЕ5 - Радмила Шекеринска денес беше во посета и на Издеглавје каде што даде изјава за медиумите.

„Денеска сме во Издеглавје каде што можеме да видиме дека после 14 години ветување најпосле се решава проблемот со водоснабдување.

Ова зад мене е резервоарот кој што 14 години бил ветуван и не бил реализиран се досега. А со овој резервоар се решава проблемот на водоснабдување на Издеглавје но и на Слатински чифлик.

После толку години граѓаните веќе изгубиле верба, но еве сега се гледа дека проектот е на крај. Овој проект е реализиран благодарејќи на напорите на општината со средства од општината Дебарца но и со средства од Владата.

Она што е интересно е дека сите коментираат дека ова е селото од каде што потекнува Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ кој 14 години ги убедувал дека ова ќе го направат.

Требаше две и пол години да бидат во опозиција и најпосле Издеглавје да го добие ветениот резервоар. Можеби затоа Александар Николовски избега од 5-ка и замина да им нуди нови ветувања на некои други граѓани.“

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Силјановска: Ќе ги зголемиме платите за 50% на лекарите и на медицинскиот персонал

Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 1 проф. Др. Гордана Силјановска Давкова денес оствари средба со здравствените работници.

“Туку што заврши средбата со 30 лекари и лекарки и друг персонал. Искрено им завидувам. Посакувам државата да се однесува кон нив како тие кон нас. Тоа се моите хероини и херои. Мислам дека она што е вградено во Обновата во сферата на здравството во голем дел е нивен предлог. Посакував да се оствари идејата за клинички центар. Сигурно ќе беше веќе готов. Наместо да се дислоцира, во наводници, не знаеме каде, далеку од градот, иако секаде клиничките центри се во најстрогиот центар за да им бидат достапни на сите. Мислам дека целосно во ред е одредбата од обновата. На почетокот на мандатот да се зголемат платите за 50 проценти на лекарите и на медицинскиот персонал. Тоа е не само заслуга за надчовечките напори што ги направија туку тоа е и логичен чекор за да се сочуваат оние кој што се најкомпетитивни да не одат надвор”, потенцираше Силјановска.

“Идејата за дежурни матични лекари како и идејата за формирање на болница за дневен престој мислам дека е час поскоро нужно решение што треба да се реализира. Проблемите со специјализантите веднаш треба да се решат додека се овде со нас и додека не заминале по светот. И да бидам искрена јас како некој што сакал да студира медицина но во последен момент направил погрешен чекор денеска имав задоволство да се дружам со инзворедно умни, инзвонредно хумани, инзворедно посветени луѓе кои ја заслужуваат мојата доверба и мојот респект. Знам дека сме во сигурни раце. Се надевам дека една друга власт ќе го препознае тоа и соодветно ќе го награди нивниот труд и ќе го стимулира нивниот понатамошен ангажман за здравјето на популацијата но и за здравјето на самата држава”, истакна Гордана Силјановска Давкова.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер