„Кросбоу" обединува 12 држави за интеграција на елекричната енергија од обновливи извори

Станува збор за регионалниот проект „Кросбоу" во кој Европската комисија вложи над 17 милиони евра, а вклучени се 24 партнери од 12 држави. 

Електропреносните систем-оператори, производители на обновливи извори на електрична енергија и научни установи од 12 држави заеднички ќе работат на проект кој ќе овозможи да се интегрира електричната енергија произведена од обновливи извори и да стане конкурентна на регионалниот пазар на електрична енергија на Југоисточна Европа.

Станува збор за регионалниот проект „Кросбоу" во кој Европската комисија вложи над 17 милиони евра, а вклучени се 24 партнери од 12 држави. Нашата земја ја претставуваат Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ), МЕПСО и ЕСМ.

Целта на „Кросбоу" е да создаде модел за ефикасно управување со производството на електрична енергија од варијабилни обновливи извори на енергија и со капацитети за складирање на електричната енергија, со помош на примена на најнови информатичкo-телекомуникациски технологии.

Проектот беше денеска презентиран пред македонската енергетска јавност. На презентацијата се обратија генералните директори на МЕПСО, ЕСМ и претставник на ФЕИТ, а проектот го претстави професорот Јовица Милановиќ, од универзитетот во Манчестер, Велика Британија, еден од креаторите на овој проект.

-Кросбоу е меѓународен проект на Европската Унија кој почна пред три години со идеја да се испитаат можностите за регионална соработка на електропреносните систем –оператори за максимално искористување на зелената енергија, така што ќе се унапредува потрошувачката и нејзиното складирање, на тој начин што сите учесници ќе имаат финансиска корист. Засега нема регулатива, ниту пазар за енергетско складирање ниту во регионот, ниту во дел од Европа. Ова е прв проект што ја вклучува ЈИЕ и е огромна можност за нашиот регион да покаже предност за развој на нови трговски механизми и да покаже на Европа дека има техничка поддршка, истакна Милановиќ.

Весна Борозан, редовен професор на ФЕИТ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" истакнувајќи го значењето на регионалниот проект за нашата земја рече дека проекто се фоксура на двата основни тренда во современите електроенергетски системи: децентрализација на производството на електрична енергија во рамки на системот по пат на интеграција на производството на електрична енергија од малите обновливи извори на енергија на пониските напонски нивоа и истовремено, потполно отворање на пазарите на електрична енергија и нивното поврзување во пан-европскиот пазар на енергија и растечката конкуренција.

Според неа овој проект нуди решенија што ќе дадат можност на најмалите, по моќност, учесници на пазарот, вклучувајќи ги домаќинствата и малите електрани да станат конкурентни учесници на пазарот.

Компаниите учесници во проектот МЕПСО и ЕСМ го истакнаа значењето и очекувањата на „Кросбоу" во однос на нивното идно работење.

– МЕПСО ги прифати предизвиците и активно работи на регионални и на европски проекти. „Кросбоу" е еден од нив. Досега имаме одлични резултати од направените студии. Клучни поенти на кои се фокусира проектот од аспект на работата на систем-оператор се: регионален оперативен центар за балансирање, регионален координативен центар за обновливи извори и за капацитети за складирање и мониторинг систем за набљудување и предупредување. Овој сет на алатки за регионален менаџмент и управување ќе донесе исклучителен напредок во управувањето со преносната мрежа, соопшти Ева Шуклева, генералната директорка на МЕПСО.

Генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски потенцира дека нивната програма согласно енергетската политика на државата што е усогласена со глобалните енергетски трендови и движења е во иднина само да се зголемува уделот на обновливите извори.

-Во поблиска и подалечна иднина ние само ќе го зголемуваме производството на електрична енергија од обновливи извори. Затоа нам како производител ни е важно да има мрежа што ќе може да го прифати продуктот од тие извори, рече Ковачевски.

Проектот, кој треба да овозможи зајакнување на регионалната соработка помеѓу операторите на електропреносните системи во Југоисточна Европа, ќе понуди решенија за зголемена флексибилност и стабилност на системите, преку подобрено управување со размената на моќност на интерконекциите, како и нови решенија за складирање на енергијата, подобро управување со комуникациите и други придобивки.

Нов сообраќаен режим околу ТЦ „Буњаковец"

Нов сообраќаен режим околу ТЦ „Буњаковец" и подигнати пешачки платоа во близина на основите училишта и градинките во општина Центар

Општина Центар од денеска започнува со имплементирање на нови сообраќајни решенија на повеќе локации во општината. Во тек е изведба на три издигнати пешачки платоа за смирување на сообраќајот кој се одвива во зона на детските градинки и општинските основни училишта.

– Трите издигнати пешачки платоа се изведуваат на улиците „Никола Тримпаре", „Апостол Гусларот" и улицата „9 Мај", во непосредна близина на општинското основно училиште „Јохан Хајнрих Песталоци", матичниот објект на градинката „13 Ноември" и клонот Наум Наумовски Борче на градинката „Кочо Рацин", известуваат од Општина Центар.

Дополнително ќе бидат изведени и други шест пешачки платоа, со што ќе се зголеми безбедноста на пешаците и на децата кои престојуваат во градинките и посетуваат настава во основните училишта, а ќе биде поставена и нова вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација.

Овие зафати се изведуваат со целосна сообраќајна проектна документација, што е одобрена од СВР Скопје и Град Скопје, наделжни институции за оваа проблематика.

Од општината информираат дека изведбата на пешачките платоа ќе биде готова до крајот на оваа година, а поради градежните зафати ќе се изврши и времена измена на сообраќајот.

„Апелираме до граѓаните за трпение и разбирање во период додека траат градежните работи, со цел ефикасност на изведбата и поскоро пуштање во употреба на издигнатите пешачки платоа", истакнаа од Општина Центар.

Покрај ова, општината го најави и новото сообраќајно решение за делот околу трговскиот центар „Буњаковец". Поради оштетувањата на знаците, после десет години, во реонот на ТЦ „Буњаковец" ќе се постави нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.

„Фајзер“ и „Модерна“ побара итна одобрување на нивните вакцини

Компаниите „Фајзер“ и „Модерна“ поднесоа барање за ургентна авторизација на нивните вакцини со цел дистрибуцијата на истите да почне во најбрз можен рок .

Откако ќе добијат зелено светло од властите, вакцините ќе бидат доставени до секоја сојузна држава а предност при вакцинирањето ќе имаат луѓето со хронични болести и здравствените работници.

Досега во Соединетите држави се регистрирани над 13 милиони случаи заболени од коронавирус а животот го загубија околу 275.000 лица.

Владата ќе побара од Собранието нови шест месеци кризна состојба

Владата на денешната седница го прифати предлогот на Групата за процена во ЦУК да биде побарано продолжување на кризната состојба во државата за уште шест месеци, потврдија за МИА од владината прес-служба.

Предлогот ќе биде доставен до Собранието кое треба да донесе одлука за тоа.

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба на 20 ноември што трае до 19 декември. Ако биде усвоено владиното барање, кризната состојба би била продолжена до средината на јуни следната година.

притисни ентер