„Само Вистина“ вечерва со Димитар Апасиев и Петар Арсовски

Во вечерашната „Само Вистина“ ќе дебатираат Димитар Апасиев и Петар Арсовски.

Почитувани дами и господа,

На последната станица на Самитот на ЕУ, Македонија го чека последниот воз за Европа. А ние со нашите вечерашни гости Димитар Апасиев и Петар Арсовски ќе тргнеме по патот на вистинта за да одгатнеме дали европскиот сон е наша недосонувана реалност. Исток не’ отпиша, запад не не’ запишува. После германското „да“, Меркел сега вели има и едно „но“. Можен ли е пресврт во 5 до 12? Дали правилото дека Германците играат до последна секунда ќе и’ донесе победа на Македонија во продолжението на европскиот натпеевар на силите? Половина милион Македонци немаат за леб а некој јаде само чоколади. За кого сиромашните се луѓе а за кого само гола бројка? Додека ние гледаме во чистата Европа депониите дома се натрупуваат. До кога странците ќе ни го чистат домашно ѓубре? Како да се разбуди нашата еко-свест?

За сите овие прашања вистината ќе ја бараме само и ексклузивно на Канал 5. Вечерва во 18:30 со Димитар Апасиев и Петар Арсовски во „Само вистина“

Швајцарија поради екстремизмот ја отежнува набавката на хемикалии

Швајцарскиот федерален совет сака да го отежни набавувањето хемикалии како што се ѓубрива, средства за чистење на базени и растворувачи што можат да ги користат екстремистите за напади.

Предлогот на седумчлениот Федерален совет ќе бара одобрение од сојузната полиција за отежнато купување на околу 100 производи што сега се продаваат во аптеките, продавниците за алати и специјализираните продавници.

Земјоделците и некои други сектори ќе бидат изземени, објави АП.

Парламентот ќе расправа напролет за овој предлог.

Советот истакна дека продажбата на производи како што се водороден пероксид или нитрат е ограничена во Европската унија од 2014 година.

Швајцарија не е членка на европскиот блок, но граничи со четири земји членки на ЕУ.

Во денешното соопштение, швајцарската влада соопшти дека е свесна за ризикот одредени хемикалии што се продаваат во Швајцарија да ги користат терористите.

Најмалку шестмина загинати во Боливија во акцијата против блокада на рафинерија (ВИДЕО)

Продолжуваат крвавите судири во Боливија меѓу војската и демонстрантите , кои ја блокираат  рафинеријата во близина на главниот град Ла Паз.

Најмалку шест лица загинаа во акцијата на безбедносни сили во Боливија, која беше покрената за да обезбеди резерви на нафта од рафинеријата  блокирана од приврзаниците на поранешниот претседател Ево Моралес.

Канцеларијата на јавниот бранител и здравствените работници објавија информации за жртвите, еден ден по насилството во градот Алто, во близина на Ла Паз.

„Само Вистина“ со Петре Шилегов и Коце Трајановски

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа Петре Шилегов и Коце Трајановски.

- Решавањето на проблемот со стопанисувањето со депонијата „Дрисла“ во мојот мандат беше поврзан со судски постапки а јас немам информации дека таму се одлага отровен отпад, изјави вечерва во „Само вистина“ поранешниот градоначалник на град Скопје, Коце Трајановски. Актуелниот градски татко Петре Шилегов пак призна дека постапката за избор на концесионер на депонијата е контроверзна уште од самиот нејзин почеток

- Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов тврди дека наследил милионски долгови на јавните претпријатија по преземањето на функцијата од неговиот вечерашен соговорник Коце Трајановски. Тој пак демантира и вели дека негативните финансиски извештаи на јавните претпријатија не секогаш значат и долг на претпријатијата 

- Поранешниот градоначалник на град Скопје, Коце Трајановски во вечерашното издание на „Само вистина“ тврдеше дека уште за време на неговиот мандат градот активно се борел против загадувањето и како потврда за тоа го спомена добивањето на наградата за мобилност што ја доделува Европската унија. Спротивно на ова неговиот вечерашен соговорник, градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов вели дека скопјани сега живеат со последиците од погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ во сферата на екологијата

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Вистина".

притисни ентер