Шекеринска: Сегашната политичка опција ја донесе земјава до членство во НАТО и преговори со ЕУ

Коалициските партнери, кои стојат зад Владата имаат консензус по двете стратешки прашања – членство во НАТО и членство во ЕУ. 

Покажавме дека и на двата плана имаме резултати, изјави денеска во Куманово министерката за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со можноста да падне Владата и да се разниша владејачката коалиција доколку земјава не добие датум за почеток на преговорите за членство во Унијата.

– Не гледам никаква причина да се создадат дилеми во владината коалиција заради тоа што пораката која што е упатена од министрите за надворешни работи, сега видовме и од претседателите и од премиерите е дека ние го завршивме нашиот дел од задачите и тоа е драматично различно од ситуациите пред неколку години. Меѓутоа, ниту една задача не е завршена додека не се постигне резултатот и затоа работиме на тоа државата да ги почне преговорите, нагласи Шекеринска, која денеска во Куманово заедно со претседателот Стево Пендаровски и началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ,присуствуваа на свеченоста на Здружената оперативна команда (ЗОК).

Таа рече дека единствените кои повеќе се грижат за иднината на Владата отколку за иднината на државата „се оние коишто не донесоа во ситуација по 14 години од кандидатскиот статус, ние да сме државата која што ги нема почнато преговорите и мислам дека тоа е неодговорно и недржавничко однесување".

Шекеринска истакна дека сегашната политичка опција ја донела земјава до членство во НАТО и до тоа да ги почне преговорите со ЕУ.

– За само две години успеавме од држава, која немаше никаква, ни европска, ни НАТО перспектива, да станеме држава која што е пред членството во НАТО и држава за која за првпат по 2005 ќе дискутираат премиери и претседатели и ќе носат одлуки, изјави министерката за одбрана.

Таа посочи дека единствената бариера која стои меѓу земјава и почеток на преговори со ЕУ не се нашите задачи, туку барањетона Франција за реформи во ЕУ.

– Тоа го кажа дури и најскептичната земја – Франција. Од наша страна нашите обврски се завршени. Единственото што стои меѓу нас денеска и почетокот на преговори е реформата која што Франција ја заговара, ја предвидува и ја бара и во поглед на внатрешните состојби во Унијата, но и во поглед на самиот процес на проширување, нагласи Шекеринска.

Таа нагласи дека стратепка грешка било што сме ги пропуштиле подобрите години за проширување на ЕУ во период влезе Хрватска и кога Србија и Црна Гора почнаа преговори.

– Ние не можеме назад да го вратиме времето, но може да спречиме повторување на грешките. Покажавме дека државата не ги повторува грешките, сега на потег се европските лидери, додаде таа./МИА.

Кралот на новозеландските Маори бара основни човекови права- за китовите

Кралот на новозеландските Маори денеска побара китовите да добијат основни човекови права за заштита на ранливите видови.

Кралот Тухеитија Паки рече дека величествените морски цицачи треба да ги имаат основните човекови права, како што е правото на здрава животна средина, за да им овозможат на нивните популации да се обноват.

„Звукот на песната на нашите предци е ослабен и живеалиштето е загрозено. Затоа мора да дејствуваме сега“, рече Тухеитија во реткото појавување во јавноста.

Во 2017 година, Нов Зеланд донесе закон со кој се дава правен субјективитет на планината Таранаки и реката Вангануи, кои се важни за Маори, домородните луѓе кои сочинуваат околу 17 отсто од населението на Нов Зеланд, или околу 900.000.

Тухеитија верува дека давање на ист статус на китовите би делувало како „наметка на заштита“. Тој се огласи заедно со високиот началник на соседните острови Кукови, Травел Ту Арики.

Тие се залагаат домородните знаења да се комбинираат со науката за да се обезбеди „похолистички пристап“ кон зачувувањето на китовите.

„Китовите играат витална улога во здравјето на целиот наш океански екосистем“, рече Травел Ту Арики. „Мораме итно да дејствуваме за да ги заштитиме овие прекрасни суштества пред да биде предоцна“, додаде тој.

Сините китови можат да пораснат до 30,5 метри и тежат до 200 тони. Но, големината не ги штити. Шест од 13 големи видови китови се загрозени или ранливи, според WWF, светската организација за заштита на природата.

Пијан Чех без возачка дозвола направил хаос со Мустангот (ВИДЕО)

Возачите на Мустанг честопати доживуваат сообраќајни несреќи, но што направил овој возач се уште не е видено.

Сè се случило во неделата кога овој неименуван Чех требало да ја прослави со роденденска забава. Изнајмениот Ford Mustang Shelby GT500 требало да биде врв на денот и веројатно главниот учесник во некои убави спомени. Наместо тоа, роденденското момче доживеало навистина бизарна несреќа.

Се разбира, на сѐ му помогнал алкохолот. Пред да тргне на возење, возачот испил пиво и рум. Малку задремал на семафорот и тргна на црвено. Иако го избегна Renault Megane благодарение на брзата реакција на возачот, ненадејно стискање на гас го однесе Мустангот од патот токму на време за да откорне сообраќаен знак.

Но, катапултираниот Mustang не застана тука, туку направи полн круг и го погоди задниот дел на Renault како наведувана ракета. Доброто од несреќата е што не се работи за голема брзина и што другите учесници во сообраќајот навреме забележале дека возачот на жолтиот ѕвер не се однесува нормално.

Штетата на Renault е минимална, додека штетата на Mustang е многукратно поголема и изнесува најмалку 10.000 евра. Но, и 50-годишниот славеник, кој, инаку, немал ниту валидна возачка дозвола, ќе се соочи со голем број пријави.

Како и да е, роденден за паметење.

Скандал во Британија: Затворски чуварки се вљубиле во ист затвореник, додека не добиле казна

Две чуварки во затворот Рочдејл, Алиша Бејтс (29) и Џоди Вилкс (27), признале дека имале „незаконска врска“ со осуденик.

Првата е осудена на две години и осум месеци затвор, додека втората добила условна казна од 12 месеци, пренесува The Sun.

На судот му беше кажано дека Бејтс започнала романса со осуденик во декември 2019 година, додека работела како затворски службеник. Во тој период таа му праќала експлицитни фотографии и СМС пораки на неговиот телефон.

Една година подоцна, Вилкс започнала врска со истиот човек, кој бил осуден за прекршок за дрога.

Паралелната романса траела два месеци, а полицијата во ќелијата на осуденикот пронашла мобилен телефон кој ја разоткрил „љубовната шема“.

Во една од пораките, Бејтс вели: „Те сакам 24/7. Не можам да се наситам од тебе. Би ти се јавила во секој момент“.

Покрај фотографиите, Бејтс разменила и видео клипови со осуденикот, а подоцна негирала дека имало физички контакт.

Таа во полиција тврдела дека била изманипулирана и дека „се заљубила“.

Од друга страна, Вилкес признала дека учествувала во „недолично дружење“, но дека не била изманипулирана.

Судијата Елиот Ноф смета дека во случајот со Бејтс имало „сериозно нарушување на довербата“.

„Да, ти беше фатена во неговата стапица, тој те идентификуваше како некој на кого треба да му пријде. Но, не мораше да го прифатиш тоа“, истакнал судијата.

притисни ентер