Проширувањето на дневен ред на Самитот на ЕУ вечерва, Франција не попушта

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, ја утврди агендата на дискусиите на дводневниот Самит на ЕУ. 

Проширувањето ќе се разговара за време на вечерата, по дискусиите за Брегзит, кои би требало да се одвиваат побргу од очекуваното откако Брисел и Лондон постигнаа договор пред малку.

Според висок функционер на Европската Унија инволвиран во подготовката на самитот, Франција засега не покажува знаци на флексибилност, но претседателот Доналд Туск е решен да се обиде да постигне компромис. Сепак, предупредува овој извор, ризикот да не се дојде до договор е реален и не треба да се потценува.

Доналд Туск бил во контакт со францускиот претседател Емануел Макрон кој му кажал дека нема промена на неговиот став, порачуваат во ЕУ. Франција исто така не сакала воопшто да се разговара за проширувањето на самитот, но Туск смета дека темата мора да се отвори затоа што во прашање е кредибилитетот на ЕУ на Балканот и пошироко.

– Да не се отворат преговорите со Македонија и Албанија би била грешка и прашањето не е што мисли Европската Комисија или што мислат земјите членки, туку прашањето е да се постигне консензус. Дипломатите стравуваат дека може на самитот да се повторат гневните дебати на оваа тема што ги видовме на министерско ниво, вели висок дипломатски извор на брифинг со новинарите утрово.

Од Брисел истакнуваат и дека ако се дојде до компромис почетокот на преговорите нема да се случи пред 2020-та година.

Што се однесува до Франција, нејзиниот став, според овие извори, е дека е потребна реформа на методологијата на преговорите за членство, но дипломатите потврдуваат дека Париз дури сега го става на маса овој предлог, а не кога започнаа дебатите во јуни минатата година.

Сепак, се чини дека има доста широк консензус кај другите земји дека е прифатливо да се размислува за промена на методологијата, но и дека тоа не треба да ги држи во заложништво земјите кандидати.

Од Доналд Туск се очекува на маса да ги стави и Скопје и Тирана. Според него, тоа е најдоброто решение, но, иако не е кажано експлицитно, раздвојувањето на земјите може повторно да биде предложено вечерва и од Туск.

– Се согласувам дека Македонија направи неверојатни работи со промената на името, одговара дипломатот на прашањето за можно раздвојување./МИА

Го фатила сопругот со швалерка па направила хаос, такво дивеење не е видено (ВИДЕО)

Жителите на Нижни Новгород во Русија биле сведоци на луда сцена која љубоморна жена ја приредила на паркингот пред нивната зграда.

Како што вчера информираа од полицијата, пијана 38-годишна жена со „шевролет“ на 31 јануари намерно налетала на 39-годишен маж, по што неколку пати со клоци ја удрила жртвата. Покрај тоа, удрила уште еден маж и со својот автомобил оштетила седум паркирани автомобили.

На снимката објавена на Телеграм се гледа како вознемирена жена удира во паркирана Тојота, го скинува предниот браник, ги крши ретровизорите, а потоа се качува на покривот и скока на автомобилот. Заминала викајќи нешто, а потоа влегла во својот автомобил и почнала да удира во Тојотата и другите автомобили.

На едно видео се гледаат другите учесници во конфликтот: поголем маж удира помал маж и две жени кои се обидуваат да ги разделат, а бесната 38-годишна жена исто така е прикажана како вози во рикверц, прегазувајќи ги нозете на еден од мажите, соборувајќи го другиот и тој паѓа на земја, губејќи свест.

Во обид уште еднаш да го прегази, била сопрена од девојка во лесна облека. Жртвата била одвлечена поблиску до автомобил паркиран во близина, а пијаниот возач продолжил да ја уништува Тојотата. После тоа, таа излегла од автомобилот и неколку пати го удрила мажот кој се уште лежел на тротоарот.

Според првичните податоци од Истражната комисија, на 39-годишната жртва ѝ бил скршен скочниот зглоб, додека другиот не е повреден. Против жената возач е поведена кривична постапка за убиство во обид како и за возење во пијана состојба.

Причината за нејзината агресија била наводно љубомора. Имено, се тврди дека претепаниот маж е нејзиниот сопруг кого го пронашла во автомобилот со љубовницата.

Мадона танцува на песната „Wednesday dance“, фановите шокирани: Знаеш ли што правиш? (ВИДЕО)

Кралицата на поп музиката, Мадона на својот профил на TikTok објави видео на кое се обидува да танцува, во свој стил, се разбира, популарниот танц од серијата Нетфликс, но нејзините обожаватели и следбеници не се многу ентузијасти.

Како прво, на многумина не им беше јасно зошто Мадона танцува на песната на Лејди Гага, Bloody Mary, кога е општо познато дека тие двете долги години не се во добри односи. Некои од нејзините следбеници едноставно беа разочарани од нејзиниот настап. Ќе истакнеме дел од нивните коментари.

@madonna ♬ original sound - heyy

„Кој би помислил дека Мадона ќе заигра на песната на Гага“, „Знае ли чија е песната“, „Ајде да го избришеме тоа“, „Кралица на cringe“, „Игра на крек“, „Ова е најблиску до соработка помеѓу Мадона и Гага“, „О Боже, Мадона танцува на Гага“, „Таа танцува на песната на Гага, сега можам да умрам во мир“, „Не верувам што гледам“, се само некои од коментарите од социјалните мрежи.

Да потсетиме дека Гага на почетокот на кариерата ја споредуваа со Мадона, а таа тоа го сфати многу лошо и нејзиниот коментар ја навреди Мадона. „Само затоа што јас сум првата жена уметник во последните 25 години што успеала да ги достигне првите 40 на радио, не значи дека сум нејзина копија, тоа значи дека сум е**но паметна личност“, ги коментираше Гага споредбите меѓу себе и Мадона пред десет години.

Мадона не ѝ остана должна и јавно кажа дека Гага ја копира во многу сегменти, особено во музиката и имиџот. Како што е познато, тие двете никогаш не се помириле.

Десет мигранти се удавија во близина на островот Лампедуза, меѓу нив три жени и бебе

Десет мигранти, меѓу кои едно бебе и три жени, ги загубија животите обидувајќи се да преминат од Тунис во Италија, соопшти денеска италијанската крајбрежна стража која успеала да спаси 42 лица.

Преживеаните тврдат дека четиримесечното бебе ѝ се лизнало од прегратките на мајката која била уморна и паднало во морето пред почетокот на спасувачката акција. Еден маж скокнал во морето за да го извлече детето, но се удавил. Двете тела се уште не се пронајдени.

Брод со мигранти испловил од Тунис минатиот викенд, но набрзо се појавија тешкотии. Се верува дека жртвите починале од хипотермија. Во текот на ноќта италијанските власти спроведоа уште три брода со 156 мигранти до Лампедуза.

Италија повторно се соочува со прилив на мигранти од Северна Африка. Годинава преку Средоземното Море во Италија пристигнале околу 5.000 мигранти, наспроти 3.035 лани и 1.039 мигранти во 2021 година, покажуваат податоците на МВР.

Според ОН, 1.400 мигранти ги загубиле животите минатата година обидувајќи се да го преминат Средоземното Море.

притисни ентер