Тие се најбогатите луѓе во Кина

На листите на милијардери и најбогати луѓе на светот навикнати сме да ги гледаме имињата на успешните бизнисмени од Западот, но и Истокот, посебно Далечниот исток има свој адути. 

Секако во преден план се богатите Кинези.

Џек Ма Јун – Алибаба

Секако најпознатиот милијардер од Кина е Џек Ма Јун, еден од основачите на светски познатата трговска онлајн платформа Алибаба.

Џек Ма со членовите на семејството е „тежок“ околу 39 милијарди долари,според податоците на истражувачкиот институт Хурун.

Минатата година Алибаба имала приходи од 56 милијарди долари, како четврта фирма на светската листа, зад Амазон, Гугл, и кинескиот ЈД, во јуни минатата година на берзата вредела 540 милијарди долари. Сега Алибаба вреди 445 милијарди.

Пони Ма Хуатенг – Тенцент

Тенцент е уште една мегауспешна кинеска компанија , основана и водена од Пони Ма Хуатенг, 48 бизнисмен чие богатство е проценето на 37 милијарди долари.

Всушност Тенцент е Азискиот број 1 , тоа е воедно е една од најголемите компании во областа на интернет базиран на технологија во светот.

Су Јиајин – Евергранде

Третиот најбогат човек во Кина е милијардерот од „стар ков“ , кралот на градежништвото и недвижнините 61- годишниот Су Јиајин , сопственикот на Евергранде  има богатство вредно 30 милијарди долари.

Евергранде минатата година била највредната фирма со промет на недвижнини на светот.

Хе Синагијан и Хе Јиангфенг – Мидеа

Мидеа на основачите Хе Синагијан (77 год.) и неговиот син Хе Јиангфенг(52) им обезбедила мирна и богата старост и богатство од 26 милијарди долари.

2Мидеа груп“ е компанија која произведува бела техника и мали домашни апарати, од 2016 година и роботи , посебно откако ја преземала германската компанија КУКА , најголемиот светски производител на роботи.

Су Пиаојанг и Жонг Хуијуан – Јианг Су / Хаснох

Листата на најбогати Кинези  ја завршуваме со три непознати имиња за светската јавност, иако со своите 25 милијарди долари брачната двојка Су Пиаојанг и Жонг Хуијуан има многу повеќе од светски познатиот основач на Тесла, Елон Маск, кој „тежи“ само 22 милијарди.

Целото богатство овој брачен пар го заработил со фармацевските куќи Јуингсу и Хаснох.

Кина инаку според славниот магазин „Форбс“ во 2019 година има 324 доларски милијардери, бројка значително помала од 2018 кога имала 372 –ца милијардери.

притисни ентер