Вишеградската група бара дебата на Самитот на ЕУ за старт на преговорите

И покрај нашето разочарување од Советот за општи работи, предлагаме на овонеделниот Самит на ЕУ да се одржи решавачка дебата на која заедно ќе се обидеме да ја деблокираме ваквата состојба

Премиерите на државите членки на Вишеградската група синоќа побараа од претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск да иницира дебата за отпочнување на пристапни преговори со Македонија и Албанија за време на Самитот на ЕУ, што денеска и утре ќе се одржи во Брисел.

Во писмото до Туск, премиерите на Полска, Словачка, Унгарија и Чешка го изразуваат своето незадоволство од неуспехот да се постигне консензус за старт на преговорите за членство со двете земји за време на средбата на шефовите на дипломатии на членките на ЕУ во вторникот.

– И покрај нашето разочарување од Советот за општи работи, предлагаме на овонеделниот Самит на ЕУ да се одржи решавачка дебата на која заедно ќе се обидеме да ја деблокираме ваквата состојба, наведуваат четворицата премиери во писмото, оценувајќи дека одлуката што би била донесена ќе се одрази врз кредибилитетот на ЕУ во регионот на Западен Балкан и „уште поважно ќе има сериозни и трајни последици врз стабилноста и безбедноста" на Унијата.

Во писмото до Туск тие нагласуваат дека Северна Македонија и Албанија постигнаа значителен успех во спроведувањето на реформите што беа побарани од нив во рамки на претпристапниот процес и во регулирање на односите со нивните соседи.

– Го осудуваме фактот дека и покрај сето ова, ЕУ се уште не е во состојба на овие земји да им гарантира јасна европска перспектива, истакнуваат четворицата премиери во писмото.

На средбата на Советот за општи работи во вторникот, шефовите на дипломатиите на членките на ЕУ не успеаја да постигнат договор за отпочнување на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија и решија одлуката за ова прашање да им ја препуштат на лидерите на Унијата на дводневниот Самит што почнува денеска.

Апели за почеток на преговорите со двете земји на почетокот на месецов упатија и актуелниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, неговата наследничка на оваа функција Урсула вон дер Лајен и првите луѓе на Европскиот совет, Туск и на Европарламентот, Давид Сасоли.

Европската комисија досега во два наврата препорача старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија – лани во април и во мај годинава, но земјите членки на ЕУ го одложија донесувањето олука за почеток на преговарачкиот процес.

Управниот одбор на Стопанската комора зајакнат со два нови потпретседатели и три нови члена

Собранието на СКСМ на 07.12.2023 година, покрај редовните точки врзани за програмските документи, изгласа и зајакнување на кадровскиот состав, во пресрет на предизвиците со кои ќе се соочуваме во текот на 2024 година. 

Нови подпретседатели на УО се Анита Блажевска (41) – „ФИЛИП МОРИС ТКП“„ и Ирена Јакимовска (50) – „Комфи Ангел“. Во УО беа избрани Снежана Савиќ Димовска (45) – „ПИВАРА СКОПЈЕ“ АД, Ана Таневска Ѓерѓиевска (41) - „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ АД-Скопје“ и Горан Мауровски (37) – „ФАКОМ„ АД Скопје. Во тек е постапка за вклучување на Јордан Димитровски (44) - „АИТОНИX“, Жарко Димитриоски (34) - „БД ГРУПА“ и Аријана Коскаровска (34) - КРЕАТИВ ХАБ. Исто така зајакнат е и советничкиот тим со Кристофер Сандерс од СР Германија како специјален советник на претседателот на СКСМ, Бранко Азески.

Со тоа Комората уште еднаш покажа дека располага со значаен кадровски потенцијал, кој е потребен за новите предизвици врзани со претседавањето со Балканската коморска асоцијација; формирањето на Институтот за извоз, Берзата на трудот, Центарот за микро, мали и средни претпријатија, Тимот 40 - Асоцијација на млади претприемачи и Советот за напредни технологии.

Во УО на Комората се наоѓаат и Александар Гечев, Анатол Кутрески, Зоран Милковски, Александар Манев, д-р Никица Мојсовска Блажевска, сите на возраст помеѓу 30 и 45 години.

П.С: Континуираните кризи од 2008 до денес (економска, финансиска, здравствена, енергетска), го принуди подпретседателскиот тим на Комората Сашо Наумоски, Сашко Самарџиоски, Глигор Цветанов, Драгана Чифлиганец и Виктор Мизо, најголемиот дел од своето време да го поминат во своите компании и околу сопствените бизниси. Сега тие оперативно ќе помогнат и на Комората, од што бенефит ќе имаат и сите компании.

Служба за информирање

Стопанска комора на Македонија

Републиканци и сојузници на Орбан ќе разговараат во Вашингтон за прекин на помошта за Украина

Сојузници на унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе одржат состанок зад затворени врати со републиканци во Вашингтон за да извршат притисок за прекин на американската воена помош за Украина, пишува британски Гардијан, повикувајќи се на свои извори.

Членовите на Унгарскиот институт за меѓународни односи и претставници на унгарската амбасада во Вашингтон ќе ја започнат дводневната конференција чиј домаќин е конзервативната фондација Херитиџ. Првиот ден од состанокот вклучува панел-разговори за војната во Украина. Според извор од американската Републиканска партија, некои од учесниците, вклучително и републикански членови на Конгресот, биле поканети да учествуваат на разговори зад затворени врати следниот ден.

Средбата се организирана во време на интензивни дебати во Вашингтон за иднината на Украина. Во средата, републиканците во Сенатот го блокираа итното финансирање за војната во Украина.

Дипломатски извор близок до унгарската амбасада во САД рече: „Орбан е уверен дека помошта за Украина нема да помине низ Конгресот. Затоа се обидува да ја блокира поддршката и од Европската Унија“. /МИА

Најмалку 17 повредени при судир на два воза во областа на градот Фаенца, Италија

Најмалку 17 лица се повредени при судир на два воза во областа на градот Фаенца, во северна Италија. 

Шест се пренесени во болница, додека на останатите им била укажана помош на лице место .

Како што пишуваат италијанските медиуми , сударот се случил додека возовите се движеле со мала брзина, а сите повредени се здобиле со полесни повреди. Причината за несреќата е под истрага. Судирoт се случил при намалена брзина на возовите на линијата Болоња-Римини, помеѓу Фаенца и Форли.

притисни ентер