МАЛЕШЕВСКА ТАВА

РЕЦЕПТ НА:БАРКА ПИЛОВА

Потребни состојки :  200 гр. свинско месо, 150 гр. мелено месо, 150 гр. сланина, 150 гр. печурки, малку рендан кашкавал, малку магдонос, малку сол, бибер и зачин од сув зеленчук.

Постапка:

Свинското месо и сланината се сечат на коцки, а од меленото месо се формираат бомбици.

Во тава со загреано масло се пропржува свинското месо 10 – 15 минути.

Се додава сланината, бомбиците од мелено месо и се продолжува со пржењето.

Потоа се зачинува со малку сол, бибер и зачин од сув зеленчук и се додаваат сечкани печурки.

При крај се додава свеж магдонос.

Состојките се ставаат во земјена тава и одозгора се додава рендан кашкавал.

притисни ентер