Младата Милијана ќе се разведува од нејзиниот 74 годишен сопруг

21- годишната Милијана Богдановиќ , која учествуваше во српското ријалити шоу и стана регионална ѕвезда кога се венча пред три емсеци со 74 – годишниот Милојко , сега ќе се разведува.

Милијана, која неодамна се омажи за 74-годишниот Милојко Божиќ во реалното шоу „Парови“, изјави дека ќе се разведе за неколку години бидејќи вели дека нема визија за деца и брак.

По разводот од Милојко, Милијана не планира да се премажи.

"Немам визија за брак, немам за семејство, деца и тоа. Јас воопшто немам визија за брак. Во брак сум сега, секако дека имам одговорност да му подготвам, да го исперам, да му ја средам куќата ... но немам чувство Пред неколку години, не размислував да се омажам. Кога некој ќе ми речеше: 'Кога ќе се омажиш?' - „Па, ти си будала, каде да се омажам, тоа мене нема да ми се случи.“ Свесна сум дека за една година ќе се случи да се разведам. Не ме интересира да пак да се омажам “, изјави таа пред камерите, пренесува Курир.

Пред неколку дена излегоа и фотографии од Милијана со постар роднина на Милојко.

Проекција на „Големата вода и „Црвените булки над ѕидовите“ во Кинотека

На 27 април, во Кинотеката ќе се одржи проекција на „400 удари“ на Франсоа Трифо, снимен во 1959 година.

Во рамки на концептот на Кинотеката насловен „Разлики кои не обединуваат“, на 25 април ќе биде прикажан долгометражниот игран филм на Иво Трајков „Големата вода“ снимен во 2004 година, а следниот ден, 26 април, „Црвените булки над ѕидовите“ од 1976 година во режија на Димитер Анагности.

На 27 април, во Кинотеката ќе се одржи проекција на „400 удари“ на Франсоа Трифо, снимен во 1959 година.

Како што соопштија од Кинотеката, овие филмови се, пред сè, избрани поради своите „сличности и паралели“ во тематиките, како и во нивната филмска обработка и пристап.

-Но, исто така, битно е да се истакне и дека „Црвените булки на ѕидовите“ неодамна е дигитализиран во 4К резолуција, а „Големата вода“ оваа година го прославува дваесетгодишниот јубилеј од својата премиера. И, се разбира, дека филмот „400 удари“ на Трифо, според францускиот филмски магазин „Cahiers du cinema“ (Каје де Синема) е повеќе од ремек-дело и станува збор за еден од најaмблематичните филмови во поствоениот период на француската филмска продукција, потенцираат од Кинотека. /МИА

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

притисни ентер