Мицотакис: Eвропа мора да се подготви за нов мигрантски бран

Европа мода да се подготви за нов бран мигранти и бегалци , предупреди грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во разговор пред почетокот на состанокот на Европскиот совет.

Сто дена по стапувањето на должност, Мицостакис, чија земја стана главниот миграциски портал за Европа, денеска им се обрати на земјите од Европската унија кои одбиваат да прифаќаат мигранти. „Мора да има последици за оние кои не сакаат да учествуваат во задачата за европска солидарност“, рече Мицотакис.

Грчкиот премиер претходно го предупреди грчкиот парламент дека ќе бара „конкретни санкции“ за тие земји, но не прецизираше кои.

Со повеќе од 70.000 баратели на азил во Грција, од кои близу 33 000 на егејските острови во близина на Турција, Мицотакис рече дека „неприфатливи се однесувањата на неколку земји членки на ЕУ кои сметаат дека не се нивни проблем“.

„Имаме меѓу 3000 и 4000 придружници на малолетни лица во Грција, така што европските земји треба да преземат дел од товарот“, рече тој за АФП.

За време на првиот состанок на Европскиот совет на Мицотакис, утре и задутре, лидерот на десничарската партија Нова демократија, кој го наследи левичарскиот премиер Алексис Ципрас во јули, вети дека ќе го постави неизбежното прашање за поделбата на мигрантите и истакна дека Грција не може сама да го носи товарот.

„Ние се соочуваме со проблем од тешки пропорции само од бројот на мигранти кои го преминаа Егејското Море ако го споредиме со бројот од минатото лето“, додаде грчкиот премиер.

Во 2019 година, повеќе од 46.000 мигранти пристигнале во Грција, според CROMAC, повеќе отколку во Шпанија, Италија, Малта и Кипар заедно.

Иако тоа е далеку од еден милион бегалци во 2015 година, овој прилив го покренува прашањето за приемот на мигрантите во Грција. Камповите на егејските острови се преполни и не можат да го издржат новиот бран предизвикан од турската офанзива во Сирија.

Мицотакис остро го осуди упадот на Турција во Сирија бидејќи создаде нова нестабилност што ќе предизвика нов миграциски притисок во Европа.

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами

Русинот Андреј Медведев и Италијанецот Јаник Синер ја сочинуваат првата полуфинална двојка на тенискиот Мастерс во Мајами, САД.

Ова е епилогот по првите два четвртфинални меча на кои Медведев го совлада чешкиот тенисер Николас Јари со 2:0, додека Синер беше поуспешен од Томас Махач (Чешка) исто така со 2:0.

Другите двајца полуфиналисти ќе бидат познати по денешните мечеви:

Александар Зверев (Германија) – Фабијан Марожан (Унгарија)

Карлос Алкараз (Шпанија) – Григор Димитров (Бугарија).

Франција ќе тужи ученичка поради лажно обвинение дека била удрена од директорот поради хиџаб

 Францускиот премиер Габриел Атал денеска најави дека државата ќе тужи ученичка поради лажното обвинение дека директорот на училиштето ја удрил за време на расправија откако таа одбила да го тргне хиџабот.

Според францускиот закон, не е дозволено носење хиџаб и никаб во јавните установи, што директорот им го посочил на трите ученички, од кои две потоа ги тргнале шамиите.

Третата не ја тргнала шамијата и имало расправија, но полицијата не нашла докази дека директорот физички ја нападнал ученичката, а Атал сега тврди дека ќе биде изведена на суд.

„Државата секогаш ќе стои покрај овие службеници, оние кои се на линијата на фронтот соочени со овие прекршувања на секуларизмот, овие обиди на исламистите да влезат во нашите образовни институции“, рече тој.

Во деновите што следеле, директорот бил цел на смртни закани на социјалните мрежи, што училиштето го пријавило до Министерството за внатрешни работи, пренесува Би-би-си.

Обвинителите соопштија дека две лица се приведени во врска со смртните закани, а нивниот идентитет не е објавен, но Министерството за образование соопшти дека тие не се поврзани со училиштето.

Поради смртни закани и загрозена безбедност, директорот поднесе оставка по 45-годишна кариера во образованието.

Награда и признание за Азески од Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип

Во знак на признание и благодарност за неговиот значаен придонес и соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески доби благодарница и награда од страна на Универзитетот.

Оваа почесна награда му беше врачена од ректорот проф. д-р Дејан Мираковски по повод 27 март-патронат на УГД за 2024 година. Наградата е знак за благодарност за неговиот важен придонес во областа на економијата и неговата активна соработка со образовната институција, како и напорите на Азески за поврзување на образованието и науката со бизнис секторот.

17 години од основањето Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го одбележа со свечена академија како централен настан. Традиционално, внимание на овој настан им беше посветен на студентите со најдобар успех, како и на институциите со кои УГД има одлична соработка и заеднички придонесуваат за развојот на нашето општество.

Во фокусот на годинашното одбележување на патрониот празник на УГД беше прашањето – Што треба да значи еден универзитет за општеството во кое делува?

УГД е универзитет кој во своето 17-годишно постоење се стреми кон воведување и развој на нови технологии, учество во научноистражувачките текови на светско ниво, креирање иновации, пренос на знаење на студентите и грижа за вработените.

Стопанска комора на Македонија

притисни ентер