Дневен хороскоп за 17. октомври 2019 година

Дневен хороскоп за четврток,17.октомври 2019 година. 

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе ве заинтригира една секојдневна ситуација , зашто во неа ќе видите голем љубовен потенцијал.

Кариера

Добро ќе соработувате со сите , а најдобро со помладите соработници или со деца. Тоа ќе ви биде уживање.

Здравје и совет

Можете да ги решите недоразбирањата.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Нема да се збуните , ако другата страна малку ве испровоцира. Напротив , тоа ќе го искористите уште повеќе да ја зацврстите врската.

Кариера

На некои ќе им изгледа како се да им е однапред зацртано , па немаат многу простор за маневрирање.

Здравје и совет

Не се откажувајте.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Се што имате , би сакале да споделите со другата страна , освен малите семејни недоразбирања и грижи што денеска се појавуваат.

Кариера

Веројатно ќе се најдете веднаш до значајни вложувачи во вашата работа , но работите нема да бидат дефинирани ниту готови.

Здравје и совет

Прошетајте на воздух.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашето главно двоумење денеска ќе биде дали да играте со отворени или со затворени карти. Во секој случај , бидете доследни.

Кариера

Можеби ќе посакате сите да ве остават на мир , за да го одработите со концентрација својот дел од работата. Ќе ви појде од рака.

Здравје и совет

Опуштете се во слободното време.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Весела дружба , провод и забава денеска ќе ви се мешаат со интуитивните видувања , со што лесно ќе читате меѓу редови.

Кариера

Веројатно ќе добиете меил , порака или повик во врска со еден деловен проблем , што не е мал , но сега може да се реши.

Здравје и совет

Можете малку да се опуштите.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Можен е повик на личност од вашето семејство , што ќе ги засени вашите љубовни случувања или ќе ве оддалечи накусо од партнерот.

Кариера

Ако имате проблем како да го сработите она што требате , сетете се на вашите стручни знаења и бргу ќе дојдете до решение.

Здравје и совет

Наспијте се.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Оние кои се на удар на различни додворувачи , денеска ќе бидат малку под нивно влијание. Оние во врска ќе се чувствуваат добро.

Кариера

Зацртајте го минимумот што треба да го одработите и држете се до тоа. Се друго е добивка.

Здравје и совет

Дишите со полни гради.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Истражувањето на сопственото незадоволство не е начин да ги подобрите односите , ако притоа не понудите и некои конкретни решенија.

Кариера

Ќе ви треба добра доза на самоконтрола да се откажете од искушението за да напуштите некои деловни планови.

Здравје и совет

Поработете на себеси.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска ќе успеете да се издигнете над грижите и тагата што ве мачи. Тоа ќе биде позитивен чекор и олеснување.

Кариера

Се отвораат нови можности за соработка , но само ако постапувате професионално и одмерено .

Здравје и совет

Во добра форма сте.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ако сте во отуѓена и воинствена фаза со другата страна , денеска кон се ќе пристапите полежерно , а ќе постои и одредена блискост.

Кариера

Многумина денеска ќе мора да бидат услужливи кон своите соработници , но тоа нема да им биде тешко. Можна е мала здодевност на работното место.

Здравје и совет

Пад на имунитетот.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Некои ќе размислуваат за промени во односот со саканата личност , но подобро е ништо да не заклучуваат или да одлучуваат.

Кариера

Сега ви е веќе сосема јасно дека не ги држите сите конци во свои раце , но тоа не ве загрижува колку прашањето до кога ова ќе трае.

Здравје и совет

Бидете пореални.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Некои ќе се подготвуваат за голем говор во своите глави . Не го изразувајте се уште она што го мислите, но можете да го подготвите.

Кариера

Пред вас се нови можности , но за да се впуштите , ќе треба првин да решите една заостаната работа.

Здравје и совет

Никогаш не е готово.

Димитров на видео средба со шеик Абдулах бин Зајед Ал Нахјан, министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати

Министерот за надворешни работи Никола Димитров оствари видео средба со министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Обединетите Арапски Емирати, Неговото Височество Шеик Абулах бин Зајед Ал Нахјан.

„Благодарни сме за подготвеноста за размена на искуства во однос на новите методи на тестирање што се применуваат во Обединетите Арапски Емирати, како и разгледување на можностите за конкретна поддршка на Македонија во борбата против ковид-19 и за напорите за сузбивање на економските последици од пандемијата. Посебно, нѐ радуваат високите оценки за квалитетот на македонските земјоделски и прехранбени производи и во тој контекст, отвореноста на ОАЕ за нивен пласман на тамошниот пазар. Тоа ќе биде од круцијално значење за нашата економија во пост-ковид периодот", рече Димитров.

На средбата беше констатиран досегашниот развој на пријателските односи меѓу двете земји и истакната заложбата за натамошно продолжување на политичкиот дијалог и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес.

Министрите разменија мислења за економските односи и соработката на билатерален и мултилатерален план, за актуелните состојби во двете земји во справувањето со здравствената криза и социо-економските последици од пандемијата, како и за решенијата за нивно надминување со заедничка соработка и солидарност,се наведува во соопштението од МНР.

Пјаниќ плаче во прегратка на татко си поради трансферот во Барселона (ВИДЕО)

Миралем Пјаниќ го слави трансферот во Барселона и круната на неговата кариера.

Роден е во Тузла, а детството го поминал во Луксембург, каде неговото семејство избегало заради војната во БиХ. Пјаниќ дури настапувал за младата селекција на Луксембург.

Сега во Луксембург семејството и пријателите на Пјаниќ организираа забава за новиот член на Барса. После песната на славниот фолк пејач Шериф Коњевиќ, популарниот Пјаниќ плачеше и го прегрна неговиот татко Фахрудин, по што публиката започна да аплаудира.

Покрај Коњевиќ, на забавата пееше и Раде Лацковиќ.

Да потсетиме, Пјаниќ пристигна во Барселона преку размена на играчи со Јувентус.

Барса го испрати Бразилецот Артур Мело во Торино, а за возврат, покрај Пјаниќ, ќе добијат и десет милиони евра.

Тесла вреди повеќе отколку Тојота, Дизни и Кока-Кола

Тесла, компанијата за производство на автомобили на Илон Маск, се искачи на врвот на листата на највредните производители во 2020 година.

Така, ја надмина Toyota според пазарната вредност и стана највредниот производител на автомобили во светот. Веднаш на второ место е Тојота, додека Тесла е повеќе од двојно повредна од Фолксваген.

Тојото беше кратко на првото место, но најновите бројки покажуваат дека Илон Маск повторно го зазеде врвот. Пазарната вредност на „Тесла“ сега е околу 207,6 милијарди американски долари, што е за неколку милијарди повеќе отколку што вреди Тојота.

Тесла е исто така повредна од Кока-Кола, Дизни, Циско, Мерк и Ексон Мобил.

Во изминатата година, акциите на „Тесла“ пораснаа за скоро 350 проценти, достигнувајќи ја проценетата вредност за седум пати поголема отколку во истото време минатата година. Многумина сè уште сметаат дека компанијата на Маск е прескапа, со оглед на количината на автомобили испорачани ширум светот.

Многумина сметаат дека Тесла е технолошка, а не автомобилска компанија. Во изминатите 12 месеци, заклучно со 31 март 2020 година, Тесла испорачала нешто помалку од 400.000 електрични возила ширум светот.

Сега на берзата во Њујорк има само 19 компании кои се повредни од Tesla.

притисни ентер