Унгарскиот политичар снимен среде оргии , повторно е избран за градоначалник

Золт Боркаи , градоначалник на Гер , кој беше снимен среде оргии на јахта , доби уште еден мандат за прв човек на овој град на зеверозапад на Унгарија.

Боркаи е член на владејачката Фидес на премиерот Виктор Орбан.

И додека снимката што кружеше на порнографските страници не беше доволна да го отстрани овој поранешен Олимпиец од градоначалничкото место, „Вашингтон пост“ пишува дека порно содржината значително влијае на првиот голем пораз на Фидес.

Поточно, 10 од 23-те најголеми унгарски градови, вклучувајќи го и Будимпешта, избраа кандидати на опозицијата против „популистичкиот бренд на автократија“ на Орбан.

„Боркаи-порта“, како што унгарските медиуми го нарекуваат овој скандал, започна откако фотографиите беа објавени од непознато лице на блогот наречен „Ez az ördög ügyvédje“ („Ова е адвокат на ѓаволот“).

Овој блогер во еден пост тврди дека Боркаи минатиот мај бил со јахта на крстарење низ Јадранското Море, придружуван од познатиот унгарски адвокат Золтан Рикосфалви.

Покрај тоа, блогерот тврди дека крстарењето било финансирано од нелегални договори за недвижнини со општината, дека трите девојки биле проститутки и дека на забавата се консумирал кокаин. Дрогата, сепак, не се гледа на објавените фотографии, но блогерот, кој се нарекува себеси „адвокат на ѓаволот“, се закани дека ќе објави снимки каде Боркаи „шмрка кокаин“ .

Сепак, од непознати причини блогот беше затворен.

Боркаи прво рече дека лицето во видеото не е тој, но по неколку дена го смени тврдењето, велејќи дека снимката е направена пред многу години и дека дел од содржината е делумно реална и делумно монтирана.

Тој се извини за снимките, но ги негираше обвинувањата за перење пари, проститутки и употреба на кокаин.Јавноста очекува Орбан да го исфрли градоначалникот на Ѓер од Фидес.

Маск најави: Ќе мора да плаќаат

Илон Маск планира да наплати мала надокнада на новите корисници на платформата „X“ кои сакаат да објавуваат содржина.

Маск ја посочи и причината поради која платформата се одлучила на овој чекор, а тоа е борбата против ботови. Тој вели дека тоа бил единствениот начин да се спречи наездата на ботови.

„Тековните ВИ (и тролови) лесно можат да го заобиколат тестот „дали си бот““, истакна Маск, посочувајќи на алатки како „CAPTCHA“.

Сопственикот на платформата „X“ подоцна додаде дека новите сметки ќе можат да објавуваат содржина на „X“ по три месеци од создавањето, доколку не сакаат да платат.

Засега нема информации кога ќе почне да се применува оваа наплата, и колку ќе треба да платат новите корисници.

Минатиот октомври, „X“ почна да наплаќа по еден долар годишно на непроверени корисници во Нов Зеланд и Филипини. Новите корисници од овие региони, откако креираа сметка, можеа да читаат објави, но не да одговараат на нив или да вршат други интеракции. За објавување содржина, лајкување, повторно објавување, одговарање на содржина и друго, морале да платат такса.

На почетокот на оваа година, „X“ почна да се бори со спам сметките, предупредувајќи ги корисниците дека бројот на нивните следбеници може да се намали.

„Алкалоид“ донира течен „омепразол“ на Детската клиника и на Клиниката „Козле“

„Алкалоид“ АД Скопје донира дел од своите производни количини на иновативнaта формулација „омепразол“ во течна форма, во вкупна вредност од 12.520.800 денари, на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести ....

„Алкалоид“ АД Скопје донира дел од своите производни количини на иновативнaта формулација „омепразол“ во течна форма, во вкупна вредност од 12.520.800 денари, на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести и на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата - Козле, со цел олеснување на пристапот до соодветен третман во овој дел кај детската популација.

Со донацијата, како што беше соопштено на денешната прес-конференција во Деканатот на Медицинскиот факултет при УКИМ Скопје, со соодветна терапија ќе бидат покриени околу 200 деца во времетраење од една година.

Препаратот „омепразол“ во течна форма - готов за употреба е наменет пред сѐ за третман на рефлуксен езофагитис и на гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ) кај мали деца кои не можат да голтаат таблети, како и кај возрасни пациенти кои имаат тешкотии со голтањето - пациенти со дисфагија и неможност за голтање - пациенти со поставени сонди за гастрично хранење и - или геријатриски пациенти. Иновативноста на овој нов производ се базира на два посебни раствора содржани во двокоморското пакување, појаснија стручни лица, кое при отворањето автоматски ги меша двата раствора и така се добива готовиот течен „омперазол“ за употреба. Производот, беше истакнато, има пријатен вкус на лимон и ментол и не содржи шеќер, сорбитол и бои.

Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов пред присутните рече дека со оваа донација наменета за децата, како компанија даваат придонес кон олеснување на процесот на лекување и на подобрување на квалитетот на животот на пациентите.

Поаѓајќи од нашиот врвен приоритет - луѓето и здравјето пред сѐ, на што се темели компаниската мисија за поздрав живот на секој поединец, „Алкалоид“ со децении помага онаму, каде е најпотребно. Грижата за заедницата во која делуваме, особено онаа насочена кон најмладите, останува наш приоритетен сегмент во компаниското портфолио за општествена одговорност, нагласи Мукаетов.

Доцент доктор Валентина Цвејоска Чолаковска, медицинскиот директор на Детската клиника се заблагодари на менаџментот на Алкалоид, за долгогодишната соработка со педијатрите, посветеноста и следењето на светските трендови. - Со ова, нам лекарите, ни ја отвораат можноста да ги лекуваме пациентите со најсовремена терапија, по глобалните водичи за голем број болести. И овој пат, повторно, со лек во форма прилагодена за детската возраст. Уште еднаш изразувам благодарност, со уверување дека оваа соработка ќе се продлабочува и ќе се унапредува на задоволство на сите, особено на здравјето на децата, подвлече Цвејоска Чолаковска.

Доктор специјалист Весна Џамбазовска од Клиниката за респираторни заболувања кај децата - „Козле“ укажа дека овој препарат им бил многу потребен на доенчињата и помалите деца.

ВНБА планира да се прошири на 18 екипи до 2028 година

Женската НБА планира да го прошири своето членство. ВНБА ќе ги разгледа Филаделфија, Торонто, Денвер, Портланд, Нешвил и Јужна Флорида како локации за нови тимови и потенцијално проширување.

Комесарот на лигата Кејти Енгелберт го објави ова пред драфтот во 2024 година.

ВНБА има цел да додаде нов тим до 2026 година и сака да ја достигне границата од 16 екипи до 2028 година.

Во октомври, лигата објави 13-ти тим во Заливот на Сан Франциско, кој ќе започне да игра во 2025 година.

Вреди да се напомене дека тековните телевизиски договори на женската НБА со „ESPN“, „Amazon“, „Ion“ и „CBS“ истекуваат следната година. „TNT Sports“ се смета за кандидат за добивање на главниот пакет ТВ права во 2025 година. Новиот договор треба да ја зајакне финансиската позиција и да придонесе за проширување на лигата.

притисни ентер