Претседателот Пендаровски прими ученици од училиштето „Димитар Влахов", по повод 15 Октомври - Меѓународниот ден на белиот стап

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска, по повод 15 Октомври - Меѓународниот ден на белиот стап, прими ученици од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид, „Димитар Влахов" од Скопје.

За време на посетата на Кабинетот на Претседателот, Вила Водно, учениците имаа можност да се сретнат и лично да поразговараат со претседателот Пендаровски, да му ги пренесат своите интереси за личен развој во рамки на образовниот процес, како и желбите за нивните идни професионални определби, а ги споделија и предизвиците и пречките со коишто се соочуваат во секојдневното живеење.

Гостите го информираа Претседателот дека нивното училиште е успешен модел и пример за инклузија, бидејќи во него сите ученици заедно учат, другаруваат и се забавуваат. Се пофалија дека се одлични шахисти, а пред претседателот Пендаровски покажаа дека се и талентирани музичари. Познатите мозаици во Кабинетот ги видоа на свој начин, со допир и како што велат, со душата и со срцето.

Претседателот Пендаровски нагласи дека сите млади луѓе во нашата држава ја имаат неговата безрезервна поддршка во реализирањето на нивните права, конструктивни цели, заложби и иницијативи, коишто непосредно влијаат врз целокупниот квалитет на живот на граѓаните на државата.

Надлежните институции и граѓанските организации, истакна Претседателот, треба системски да работат на подигнување на општествената свест за целосно укинување на сите облици на дискриминација кон слепите лица. Унапредувањето на нивните права, подвлече Претседателот, треба да биде наш заеднички приоритет, а ангажманот не смее да се сведува на активности што се организираат еднаш годишно, кога се одбележуваат ваквите денови, туку секојдневно, на сите нивоа и во сите сфери на општествениот живот.

Гостите се сретнаа и со дел од вработените во Кабинетот и беа запознаени со начинот на функционирање на оваа институција. Ова е прва посета на деца од училиштето „Димитар Влахов", кое постои од 1954 година и е единствено од ваков карактер, кое обезбедува најдобра социјална вклученост и образование на децата со оштетен вид.

Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва

Почина уште едно повредено лице кое беше во критична состојба по нападот пред една недела во Москва, изјави рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.

Така, бројот на загинатите во терористичкиот напад што се случи на 22 март во концертната сала „Крокус сити хол“ се зголеми на 141, а уште неколку повредени се во тешка здравствена состојба.

Министерот рече дека починатиот пациент имал сериозни прострелни рани, јавија руските медиуми.

Појавата на сплескана глава кај бебето може да се спречи со неколку прости чекори

Синдромот на сплескана глава или плагиокефалија се однесува на деформациите на главата на бебето што настануваат пред или по раѓањето поради надворешни влијанија врз неговата мека черепна структура. 

Тоа може да се спречи со неколку едноставни чекори.

Како прво, новороденчето не треба да спие на една страна цела ноќ. На секои два - три часа родителот треба да му ја менува положбата на бебето кое спие. Така притисокот не е само на една страна на главата.

И кога мајката го дои малечкото, или го храни со шише, исто така треба да се менува раката и страната на држење. Така се поттикнува бебето само да ја врти главата.

Бебињата треба да спијат на грб. Но, стручњаците препорачуваат - додека новороденчето е будно, да биде барем кусо време легнато на стомак.

Важно е, пред сѐ, да се напомене дека многу бебиња го надминуваат овој проблем кога ќе почнат да лазат или да седат. Истражување спроведено во Америка покажа дека речиси половина од бебињата на возраст меѓу седум и 12 недели имаат плагиокефалија, а 78 отсто од нив имаат благ облик од оваа деформација.

Ако сè уште сте загрижени, порталот „Кликс“ препорачува консултации се педијатар. Бебињата на кои им е дијагностицирана посериозен облик на плагиокефалија добиваат посебна капа за тоа. /МИА

Хашкиот суд му нареди на Израел да дозволи непречен проток на помош во Газа

Меѓународниот суд на правдата во Хаг му нареди на Израел да дозволи непречен проток на помош во Газа за да се спречи гладот во палестинската енклава.

Во едногласната одлука на највисокиот суд на Обединетите нации, беше речено дека Израел мора да дејствува без одлагање и да дозволи „обезбедување на итно потребните основни услуги и хуманитарна помош. Најпотребната помош вклучува храна, вода, електрична енергија, гориво, засолниште и облека, како и средства за хигиена и медицински материјали, пренесува Би-Би-Си. Израел обвинувањата дека земјата ја блокира помошта ги нарече „целосно неосновани“ и соопшти дека продолжува да промовира нови иницијативи за да овозможи континуиран проток на помош во газа по копно, воздух и море.

притисни ентер