Џип го претстави воениот Гладијатор XMT

Џип е најпрво роден како воено возило, за подоцна по Втората светска војна неговата употреба да се прошири и на цивилниот сектор.

Прототипот „Гладијатор XMT “ модификуван од компанијата „AM General“  претставува повраток кон воените корени на овој бренд. Се работи за лесно тактичко возило засновано на цивилниот Џип Гладијатор.

Новиот воен Џип е опремен со зацврстени браници, заштитни додатоци на предниот и бочните делови од возилото.

Ова возило претставува прототип а продукциска верзија е планирана за 2020-та година.

За овој модел ќе бидат понудени 3.6 литарски бензински мотор со 290 коњски сили и 3.0 еко дизел мотор со 264 коњски сили.

Редок син дијамант продаден за 10 милиони долари, очекувана била многу повисока цена

Најчистиот син дијамант од 7,03 карати, од приватна колекција е продаден на аукција во Женева за 10 милиони долари.

Очекуваната цена за овој дијамант изнесувала од 10 до 14 милиони долари. Меѓу другите предмети на аукцијата се наоѓале и прстен и обетки од познатиот француски изработувач на накит Жоел Артур Розентал. Прстенот се продал за 300.000 долари, што е двојно повеќе од очекуваното, пишува „Спутник“. А дијамантските обетки биле продадени за 723.000 долари.

Продаден е и брош со бурмански сафир со исклучителен квалитет од 43 карати за 2.1 милион а очекувани биле 3 милиони.

Фустанот во кој Мерлин му пееше роденденска песна на Кенеди е продаден за 4.8 милиони долари

Филмската икона Мерлин Монро била гола под познатиот фустан кој го носела додека му пеела „Среќен роденден, господине претседателе“ на Џон Кенеди.

По овој фамозен настап на Монро, почнуваат да се шират гласини за некаква поврзаност помеѓу нејзе и Кенеди.

Анегдота за Мерлин е открина во новата книга, а потекнува од колумистката Маурин Довд, која на писателите им рекла што некој нејзин пријател ведел на тој фамозен настап.

-Ми рече: Стоев веднаш зад Мерлин кога ја отпеа роденденската песна на претседателот и се случи чудна работа. Нејзиниот фустан се помести во моја корист и видов дека таа под неа е потполно гола, рекла Маурин.

А фустанот кој Мерлин го носела за време на овој настап е продаден на аукција во Лос Анџелес на неверојатни 4.8 милиони долари во 2016 година.

Видео: Додека чекала ред во пекара снимила нешто од што го изгубила апетитот

Последна работа која сакате да ја видите додека гладни чекате ред пред пекара се стаорци кои шетаат по храната.

Авторката на ова видео сигурно го изгубила апетитот.

Видео од глушец како шета по излогот на неименувана пекара е објавено на Фејсбук на страницата „Orange shark“ за потоа да биде споделено илјадници пати па други страници.

притисни ентер