Ламборџини има нов најпопуларен модел во историјата, Галарно паѓа на втората позиција

Италијанскиот произведувач направил 14.022 примероци од моделот Хуракан за само пет години, додека за ист број на автомобили на моделот Галардно му било потребно дури десет години.

Ламборџини Урус е моментално најбараниот модел од италијанскиот произведувач но историски гледано, најпродаван е моделот Хуракан, кој се изработува од 2014 година.

Имено, компанијата сакала посебно  да го одбележи произведувањето на 14.022-от примерок од овој модел со оглед на тоа дека тоа возило на Хуракан му ја донело титулата „најпродавано Ламборџини на сите времиња“. Успехот на Хуракан е толку голем што овој резултат бил достигнат за само пет години, додека на досегашниот најпродаван модел- Галардо за истата бројка му биле потребни десет години.

Што се однесува до резултатите од продажба за тековната година, Ламборџини во првата половина на 2019-та испорачал 1.211 Хуракан, 649 Авентадор и дури 2.693 Урос модели.

Вкупно за првите шест месеци се направени 4.553 автомобили со ознаката на бикот, што е зголемување од 96% во однос на истиот период 2018.

притисни ентер