Полската владејачка партија не успеа да обезбеди апсолутно мнозинство на изборите

Полската националистичка партија ,,Право и правда” , најверојатно со мала предност освои втор мандат по преброените 99,5 проценти од гласовите на вчера одржаните парламентарни избори.

,,Право и правда” најверојанто го загуби влијанието и врз помалку влијателниот горен дом на Парламентот ,Сенатот, изјави лидерката на опозицијата Катарина Лубнауер.

Конечните официјални резултати се очекуваат до доцна вечерва, но веројатниот пресврт за ПиС, која со своите први резултати очекуваше апсолутно мнозинство, ја одразува комплексноста на полскиот изборен систем.

Прелиминарните резултати од изборите по пребројувањето на 99,5% од гласовите покажаа дека ПИС освои 43,8% од гласовите, додека во 2015 година освои 37,6%.

Но, некои аналитичари посочија дека ова може да се претвори во помалку од 231 места потребни за мнозинство во долниот дом, Сејмот, што значи дека ќе мора да бараат коалициски партнери.

ПИС се надеваше на двотретинско мнозинство во Сејмот, за да може да го изменат Уставот.

„Сенатот се врати. Благодарение на договорот на опозициските партии, опозицијата ќе има мнозинство во Сенатот“, напиша Лубнауер на Твитер.

Доколку биде потврдено, опозицијата ќе може да го блокира или одложи усвојувањето на законот за ПИС и ќе има право да гласа за именувања во највисоките полски институции.

Либералната опозиција оствари голема победа во некои поголеми градови чии гласачи беа загрижени за судбината на демократските стандарди во земјата.

За прв пат, група екстремни десничарски политичари и активисти влегоа во парламентот, освојувајќи 6,8 проценти од гласовите.

Потврден петти смртен случај по земање додатоци во исхраната во Јапонија

Според компанијата, петте лица кои починале биле на возраст од 70 до 90 години.

Јапонската фармацевтска компанија „Кобајаши“ денеска соопшти дека е потврден петти смртен случај, веројатно поврзан со конзумирањето на додатокот во исхраната од црвен квасец што го произведува, и дека допрва треба да ја идентификува супстанцијата што може да биде одговорна за предизвикување здравствени проблеми кои ги пријавија стотици луѓе.

Според компанијата, петте лица кои починале биле на возраст од 70 до 90 години.

Компанијата ги повлече своите додатоци за намалување на холестеролот „бени-коџи“.

„Се извинуваме за проблемите што ги предизвикавме“, рече претседателот на компанијата Акихиро Кобајаши на прес-конференција во Осака.

Кобајаши рече дека супстанцијата за која станува збор „може да потекнува од мувла, но нејзината (хемиска) структура допрва треба да се утврди“.

Висок претставник на компанијата рече дека околу 680 лица веќе биле или бараат амбулантски третман за симптоми за кои постои сомневање дека се поврзани со употребата на додатокот, а компанијата ќе им исплати обештетување, како и на 114 лица кои се хоспитализирани.

Јапонското Министерство за здравство вчера соопшти дека смртта на четири лица и повеќе од 100 хоспитализации во Јапонија се доведува во врска со конзумирање додатоци во исхраната од црвен квасен ориз од фармацевтската компанија „Кобајаши“. /МИА

Руско МНР: СБ на ОН повеќе не може да ги користи старите шаблони за Северна Кореја

СБ на ОН повеќе не може да ги користи старите шаблони за Северна Кореја, Кина нема да ги поддржи санкциите.

Советот за безбедност на ОН повеќе не може да ги користи старите шаблони за Северна Кореја, соопшти Русија, откако Москва стави вето на обновувањето на експертската комисија за следење на спроведувањето на санкциите, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Јасно ни е дека Советот за безбедност на ОН повеќе не може да користи стари шаблони за прашања поврзани со Корејскиот полуостров“, нагласи портпаролката.

Од своја страна, Кина соопшти дека одбила „слепо да ги поддржи санкциите“ против Северна Кореја, откако вчера се воздржа од гласањето во Советот за безбедност за резолуцијата која се однесува на Северна Кореја.

„Сегашната ситуација на Корејскиот полуостров останува напната и неселективното воведување санкции не може да го реши проблемот“, изјави Лин Џианг, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.

Фото: Холивудски ѕвезди фатени на дело!

 Холивудските ѕвезди актерките Џенифер Анистон (55) и Сандра Булок (59) продолжуваат да ја освојуваат публиката со својот физички изглед, а долго време се шпекулира дали направиле пластична операција

Јавноста се уште се прашува дали овие убавици и во шестата деценија се навистина природни и едноставно прекрасно стареат.

Двете холивудски убавици пред два дена се забележани како ја напуштаат познатата клиника за пластична хирургија во Гринич, а друштво им правеше Аманда Анка.

Инаку оваа ординација е специјализирана за кревање на горниот и долниот дел на лицето, а цените за таков зафат во зависност од третманот се движат од 50.000 до 100.000 долари по третман.

Подигнувањето на веѓите и очните капаци е нешто поевтино, а цената на овој третман е околу 30.000 долари.

Познатите дами посетија ординација на познат хирург чија специјалност е „подмладување на лице и ринопластика“, како што е наведено на веб-страницата на клиниката.

притисни ентер