Заев: Владите на Германија и на Франција ќе имаат заеднички состанок, најверојатно оваа среда

Франција и Германија синоќа почнаа и ќе продолжат да разговараат, а според моите информации владите на Германија и на Франција ќе имаат заеднички состанок, најверојатно во среда.

Франција и Германија синоќа почнаа и ќе продолжат да разговараат, а според моите информации владите на Германија и на Франција ќе имаат заеднички состанок, најверојатно во среда, изјави премиерот Зоран Заев, коментирајќи го амбиентот во пресрет на самитот на Советот на Европа.

Останувам силно убеден дека ќе добиемe датум за преговори, нагласи Заев пред почетокот на вечерашната 159 владина седница што се одржува во Битола.

-Синоќа почнаа и ќе продолжат да разговараат, а според моите информации владите на Германија и на Франција ќе имаат заеднички состанок, најверојатно во среда.  Утре почнува министерскиот Совет каде ќе ги знаеме првите индиции, а на 17 и 18 октомври ќе заседава Советот на Европа. Останувам силно убеден дека ние ќе добиеме датум, односно одлука за почеток на преговорите со која дефинитивно и оние аспирации на Франција за вградување на нова методологија со која ќе се даде фер шанса на сите земји што преговараат или ќе преговараат како што сме ние, да имаат можности и ако имаат добри перформанси да успеваат да одат напред, а ако некои од перформансите ги уназадуваат, тогаш да се вратат назад. Тоа е таа дискусија која што се води. Нема земја што во последниве 20 години што заслужила повеќе од Република Северна Македонија да ја добие оваа одлука за почеток на преговорите, изјави премерот Зоран Заев вечерва во Битола./МИА

Драма во Србија – Упаднал во средно училиште со автоматска пушка и почнал да пука (ВИДЕО)

Во средно училиште во Велика Плана е избегната трагедијата што ја спречил наставник, кој му се спротиставил и совладал вооружен маж со автоматска пушка и експлозив , кој упаднал во училницата среде час.

За среќа никој не е повреден во инцидентот , а најголема заслуга за тоа има храбриот професор.

Средовечен човек упаднал во училница во Економското училиште ,,Вук Караџиќ’ во Велика Плана со автоматска пушка и торба полна со експлозивни направи, но наставникот му се нафрлил и го совладал вооружениот напаѓач.

Во мешаницата биле истрелани два куршуми, но никој не бил повреден, а напаѓачот бил совладан, пренесува РТС.

Полицијата во Смедерево го уапсила Г.Т. (46) од околината на Велика Плана под сомнение дека упаднал во училница среде час и испукал два куршума.

Од полицијата соопштија дека еден од професорите го совладал напаѓачот.

Некои белградски портали објавија дека човекот бил со ментално заболување и дека напаѓачот сакал да предизвика заложничка ситуација во средното училиште, за да му обратат претседателот на државата или министерот за внатрешни работи.

ВМРО-ДПМНЕ:Власта се уште должи на земјоделците субвенции до 2017 и 2018 година, а се фали дека исплатила се

СДСМ и Зоран Заев и 100.000 денари да ветат, а да не ги исплатат како што не ги исплатија ланските нема да има никаков ефект за земјоделците.

Мерката од 20.000 денари е чист популизам и лага, како што се лага и ланските средства за истата намена.

Власта се уште им должи на земјоделците субвенции од 2017 и 2018 година, а се фали дека исплатиле се.

СДСМ лаже како што лажеше до сега.

Зоран Заев вети сигурен откуп и високи откупни цени, и три години откако вети, откупот е слаб, а откупните цени ниски.

Зоран Заев и СДСМ не направија ништо суштински за земјоделците и земјоделието. Затоа на 12 април им следи пораз, на Македонија обнова.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Едмонд Адеми: На Самитот на ЕПП Мицкоски доби две силни шлаканици на клучни стратешки теми

Самитот на Европската народна партија во Загреб, каде што е членка ВМРО-ДПМНЕ целосно ги порази лицемерните и лажни политики на Христијан Мицкоски.

Освен што се покажа дека едно зборува дома, а друго надвор, Мицкоски доживеа дебакл на клучните стратешки теми.

Со првата резолуција ЕПП заклучи дека ЕУ со неносењето одлука за почеток на преговорите, направила историска, геостратешка грешка.

Тоа е потврда дека од наша страна е направено се, но дека одлуката на ЕУ е поради внатрешни проблеми во самата Унија. Тоа е првата шлаканица за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои виновници бараа внатре во земјата.

Втората шлаканица дојде со втората Резолуција каде ЕПП даде поддршка на сестринската Демократска партија од Албанија, но никаде не споменува поддршка за ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски.

Мицкоски на Самитот пред бугарскиот премиер Бојко Борисов, јавно пред камери кажа дека го поддржува Договорот за добрососедство со Бугарија иако две години зборува токму против тој Договор.

Мицкоски дома зборува дека не го признава уставното име, но на Самитот на ЕПП нема проблем неговата партија да биде претставничка од Република Македонија.

Мицкоски остана заглавен во матрицата на Груевски. Нема програма, нема идеја, нема план, нема став.

Само деструктивно однесување, блокади и обиди за кочење на евроинтегративните процеси.

Со таква понуда Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ може да очекуваат само пораз на предвремените парламентарни избори.

Граѓаните знаат какви последици донесоа овие политики на ВМРО-ДПМНЕ. Цели 11 години евроинтеграциите беа закочени, државата изолирана, скарана со соседите, без перспектива и со неизвесна иднина.

За само 2.5 години сето тоа е променето благодарение на СДСМ.

На 12 април граѓаните ќе потврдат дека државата треба да продолжи на прав пат.

Тоа е патот на интеграцијата во НАТО и ЕУ, во градење на пријателство со соседите, напредок и сигурна иднина.

Едмонд Адеми, претседател на Комисија за надворешни работи на СДСМ

притисни ентер