Датумот неизвесен, Франција се уште не го соопштува ставот

Со вечерашниот состанок на амбасадорите на земјите членки во Брисел, започнува неделата во која Македонија го очекува историското „зеленото светло“ од Европската Унија за почеток на преговорите.

Во сенка на прашањата за Брегзит и турската офанзива во Сирија, Македонија го очекува европскиот респлет за преговорите со Унијата. По францускиот студен туш, сега сите надежи се насочени кон вечерашниот амбасадорски состанок во Луксембург, од кој, македонската влада очекува да се спаси, што може да се спаси пред утрешниот прв тест, на Советот на министри. На неповолниот епилог се надоврзува и молкот по вчерашната средба меѓу Макрон и Меркел во Париз. Дали воопшто станало збор за Македонија, како што се најавуваше, не е познато, а проширувањето не беше споменато и на заедничкото обраќање. Премиерот Заев и натаму е оптимист дека аргумените се на наша страна.

-Утре почнуваат состаноците на Советот на министри и ќе ги знаеме поконкретно чекорите, но верувам дека на 17 и 18 ќе бидат донесени конкретните одлуки за нас. Не сакам ни да размислувам дали ќе добиеме датум. Петаесет години чекавме, донесовме крупни одлуки, реформи, договорите се 100 отсто извршени, навистина сме пример за целиот регион. оцени Зоран Заев, претседател на владата

Засега на маса се две сценарија. Првото, и најнеповолно за земјава е Макрон да истрае на првичниот став од пред четири дена и преговорите со Скопје и Тирана да се одложат на неопределно време, а на прашањето да се навратат кога земјите ќе ги исполнат условите и ќе се формулира новата реверзибилна методологија на преговарање. Второто, и многу поповолно сценарио е она што го турка финското претседателоство - Македонија да добие зелено светло, а првото поглавје формално да го отвори најдоцна до јуни, дотогаш паралелно да се работи на ремонтот на методологијата, на кој инсистира Париз. Извори на Канал 5 велат дека како компромис кој би можел да ја задоволи Франција, на маса да се најде финскиот предлог, но без временската одредница кога би бил стартот на преговорите.

– Тоа ќе даде можност сите капацитети да се движат уште посеризно и посилно со ревезрибилна метода – ако не успеат да ги враќа назад. На пример ако третото поглавје е слобода на медиумите, ако успеете да го затворите во првата година или две, а преговорајќи во третата или четвртата ја нарушите слободата на медиумите, да ве враќа назад. Тоа значи дека земјите кои преговараат треба да имаат одржливи постигнати поглавја, заокружени политики, кои ќе значат трајни трансформации на општествата, објаснува Заев

Во меѓувреме, француската скептичноста наиде на осуда кај дел од актуелните и поранешните европски лидери. Екс бугарскиот претседател Плевнелиев вели дека ставот на Макрон извира од зголемениот национализам и неговиот пад на популарноста во Франција.

Кажувам најодоговорно, тоа е едно направилно решение, ако францускиот претседател ја затвори вратата во овој историски момент за почеток на преговори со Македонија и Албанија, изјави Росен Плевнелиев, поранешен претседател на Бугарија

Почеток на преговори за земјава, преку отворено писмо, објавено во Поллитико, денеска побараа шефовите на дипломатите на Чешка, Полска, Словачка и Унгарија.

Зеленски побара Конгресот на САД да ја деблокира помошта за Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски побара од претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон за „брзо усвојување“ на огромната „витална“ воена помош.

- Го информирав Џонсон за ситуацијата на бојното поле, посебно за драматичниот пораст на рускиот воздушен терор, истакна Зеленски по телефонскиот разговор со американскиот висок претставник

Зеленски истакна дека американската воена помош за Украина е од витално значење.

Американската помош од 60 милиони долари е блокирана во Конгресот од минатата година од страна на републиканците. Џонсон, кој одредува кои нацрт-закони ќе бидат ставени на гласање во Претставничкиот дом, неодамна изјави дека ги испитува начините како да и помогне на Украина, додека Сенатот веќе одобри помош од 60 милијарди долари.

На 22 март руската армија го изврши најголемиот воздушен напад врз украинската енергетска инфраструктура од почетокот на инвазијата врз Украина, што почна пред две години. Според Зеленски, Русија минатата недела истрелала вкупно 190 проектили, испратила 140 беспилотни летала и фрлила 700 наведувани воздушни бомби на територијата на Украина. /МИА

Грчкиот Парламент не го изгласа предлогот на опозицијата за недоверба на Владата

Како што соопшти претседателот на Парламентот Константинос Тасулас тридневната расправа траеше над 40 часа, а се обратија 163 говорници, меѓу кои пратеници, министри од Владата и сите лидери на партиите. 

Предлогот за недоверба на грчката Влада доставен од четири опозициски партии, како што и се очекуваше, не го доби потребното парламентарно мнозинство, не беше изгласан од Парламентот и не создаде проблеми за владиното мнозинство, јави дописничката на МИА од Атина.

Од 300 пратеници во Парламентот, за да помине предлогот, потребно беше да биде изгласан со најмалку 151 глас, а на синоќешното гласање, поддршка доби од 141 пратеник кои гласаа „за“, додека пак останатите 159 беа против, од кои еден независен пратеник и целата пратеничката група на владејачката Нова демократија.

Пратеничките групи на ПАСОК, СИРИЗА, Нова левица и на Курс на слобода во вторникот доставија заеднички предлог за гласање недоверба на Владата, по иницијативата на лидерот на ПАСОК Никос Андрулакис, поради новите информации за железничката несреќа во февруари минатата година кај Темпи, објавени од весникот „То вима“.

Како што соопшти претседателот на Парламентот Константинос Тасулас тридневната расправа траеше над 40 часа, а се обратија 163 говорници, меѓу кои пратеници, министри од Владата и сите лидери на партиите.

Текстот во весникот „То вима“ објавен во неделата за монтираните аудиозаписи за железничката несреќа кај Темпи на 28 февруари 2023 година во која загинаа 57 лица, кај опозициските партии во Грција предизвика низа реакции, кои кулминираа со доставување на предлогот за гласање недоверба на актуелната Влада.

Синоќа, додека сè уште беше во тек расправата во Парламентот државниот министер Ставрос Папаставру и заменик-министерот без ресор Јанис Братакос си поднесоа оставки, кои беа прифатени од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Владини извори за грчките медиуми коментирале дека „присуството на социјален собир испратило погрешна порака“.

Оставките на Папаставру и Братакос дојдоа откако дел од грчките медиуми објавија дека двајцата министри се сретнале со бизнисменот Вангелис Маринакис, кој меѓу другото е сопственик и на групацијата чиј дел е весникот „То вима“ што во неделата го објави текстот за монтираните аудиозаписи по железничката несреќа. /МИА

Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо

Во синоќешните израелски напади врз северниот сириски град Алепо загинаа најмалку 38 лица, меѓу кои и борци од либанското шиитско движење Хезболах.

Претходно сириското Министерство за одбрана соопшти дека при израелските напади погодени се неколку области во и околу градот при што загинале одреден број цивили и војници.

По нападот на Хамас на 7 октомври, Израел ги засили нападите врз базите на проиранските групи на територијата на Сирија. Во некои операции мета беа и позициите на сириската воздушна одбрана и армијата.

Израел со години спроведува слични акции во Сирија, каде што влијанието на Техеран се зголеми откако Исламската Република почна да го поддржува претседателот Башар ал Асад во граѓанската војна што изби во 2011 година. Борците од групите сојузници на Иран, како што е Хезболах, сега се зацврстија на големи делови од источна, јужна и северозападна Сирија, како и во некои предградија на главниот град. /МИА

притисни ентер