Концерт на Филхармонија со дела од Дебиси, Копланд и Коларовски

Филхармонија в четврток (17 октомври) во 20 часот ќе одржи концерт насловен „Ќе се разбудам ли пак“ на кој ќе прозвучат дела од Дебиси, Копланд и Коларовски.

Насловот е извлечен од истоимениот вокален циклус на Гоце Коларовски (1959-2006), чија „Симфонија“ ќе биде дел од програмата на овој концерт. Со нејзината изведба Филхармонија ќе одбележи 60 години од раѓањето на овој значен македонски композитор.

Музичкиот опус на Коларовски е автентичен и препознатлив и во него доминира суптилен израз кој вешто ротира околу современата естетика изградена на интересни созвучија. Звукот во делата на Коларовски речиси секогаш е проткаен со своевидна мистика, специфична оркестрација и особен акцент на динамиката и музичкиот колорит.

Симфонијата за оркестар, солист и ансамбл баритони е негова дипломска работа и во неа можат да се почувствуваат никулци на она што подоцна во своето творештво ќе го развие како автентичен музички израз и јазик.

Како солист во изведбата на ова дело ќе настапи басот Владимир Саздовски, како и ансамблот баритони при хорот „ПроАрс“.

Под диригентката палка на маестро Сашо Татарчевски на овој концерт ќе прозвучи и Концертот за кларинет и оркестар од Арон Копланд во изведба на исклучителниот шпански кларинетист Пабло Бараган. Критиката пишува дека кларинетот под прстите на Бараган добива специфична сензуална боја и дека поседува силна и заведувачка техника со која му дава посебна моќност на овој дувачки инструмент.

На овој концерт Бараган ќе го чуеме како солист и во изведбата на „Прва рапсодија за кларинет и оркестар“ од францускиот композитор Клод Дебиси. Овој фантастичен композитор чии дека имаат препознатлива структура и звучност бил во постојан допир со природата – таа била негова вечна инспирација. Иако естетски и стилски неговиот опус има премногу допирни точки со автентичкиот концепт на импресионизмот, тој никогаш не сакал своето творештво да го става во рамка. Не сакал да го нарекуваат импресионист.

Иако „Првата рапсодија“ ја напишал за соло кларинет како нарачка на Парискиот конзерваториум, веќе една година подоцна го оркестрирал делото и тоа почнало да се изведува со оркестар. Делото е своевиден тест за кларинетот, ги истражува неговите можност и перформанси преку специфичен јазик и музичка естетика.

ВМРО-ДПМНЕ на Извршен и Централен ги утврдува пратеничките листи

ВМРО-ДПМНЕ одржува седници на Извршниот и Централниот Комитет на кои треба да ги утврди целосните пратенички листи, откако претходно ги обелодени носителите во сите шест изборни единици.

Од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ ја вклучуваме Михаела Димовска..

Михаела познати ли се веќе кандидатите за идни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ?

Ахмети и Османовска го потпишаа коалицискиот договор за приклучување на Унија на Ромите

Претседателката на Унија на Ромите, Фатима Османовска и лидерот на Демократската унија за интеграции, Али Ахмети, денеска во општина Шуто Оризари го потпишаа коалицискиот договор за приклучување на Унија на Ромите кон Европскиот фронт.

Османовска порача дека Ромите ќе влезат во Европската Унија како рамноправни со сите граѓани, бидејќи како што рече, ромската заедница има високо образовен и стручен кадар, како и ромска политичка партија, за која рече, обединува и организира.

- Како заедница со децении наназад молиме за да се створи шанса за нас, ни велеа немате образовен кадар, немате политичка моќ, не сте организирани. Еве сме сега со високо образовен и стручен кадар со ромска политичка партија која што обединува и организира. Застанати пред европската врата, Ромите ќе влезат во ЕУ како рамноправни со сите граѓани, порача Османовска.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во своето обраќање истакна дека големо достигнување е тоа што Општина Шуто Оризари е единствената општина на ромска заедница во Европа и ѝ укажа на Османовска дека ја има поддршката од Албанците, бидејќи како што рече, тие знаат како е да се биде маргинализиран.

– Претседателке вие нема потреба да поставувате барања, нашата поддршка несомнено ја имате, ние знаеме како е да се биде маргинализиран и затоа ќе се залагам повеќе за вас отколку за мене. Со целосна одговорност ви ветувам, пробајте нѐ да видите какви партнери сме, не со зборови, туку со дела. Нашата земја мора да се интегрира во ЕУ и да има владеење на правото, а тоа заедно како Европски фронт мора тоа да го постигнеме. ДУИ ќе направи сѐ што е потребно за во Собранието да има ромска претставничка, порача Ахмети.

На прес-конференцијата посветена на потпишувањето на коалицискиот договор беше присутен и градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, кој изрази жалење што претходните политичари не ја препознале приликата да ја искористат можноста на Рамковниот договор, онака како што го искористиле Албанците.

– Жалам што претходните политичари не ја препознаа оваа прилика да се искористи Рамковниот договор рака како што го искористија Албанците да бидат рамноправни со Македонците. Со овој договор Ромите ќе почнат да живеат сонот кој требаше да започне уште пред 24 години, рече Дудуш.

Полска тврди дека НАТО прави планови за соборување на руски проектили

НАТО ги разгледува плановите за соборување руски ракети доколку се приближат до границите на алијансата, тврди Полска, откако проектил залутал во нејзиниот воздушен простор.

Анджеј Шејна, заменик-министер за надворешни работи на Полска, изјави за локална радио станица дека „различни концепти се анализираат во рамките на НАТО... вклучително и соборување на такви проектили кога тие се многу блиску до границата на Алијансата“,пишува Телеграф.

„Но, тоа би морало да се случи со согласност на украинската страна и земајќи ги предвид меѓународните последици“, додаде тој.

Во неделата вечерта, Варшава соопшти дека руската крстосувачка ракета истрелана на цел во западна Украина поминала околу 1,6 километри во полскиот воздушен простор, поминувајќи 39 секунди.

Полското Министерство за одбрана ги активираше системите за противвоздушна одбрана и борбените авиони на НАТО, Ф-16 откако објектот залута преку границата на Алијансата во близина на Осердово, село во земјоделски регион во близина на границата со Украина.

Крстосувачките проектили можат да ја променат својата траекторија во воздух за да избегнат одбранбени системи.

Владислав Косинијак-Камис, полскиот министер за одбрана, подоцна им изјави на новинарите дека проектилот би бил соборен доколку имало знаци дека се движи кон цел во Полска.

Една од опциите за одбрана е да се соборат ракетите пред да преминат од Украина во воздушниот простор на НАТО. Сепак, ова може да го искористи Москва како оправдување за ескалација во поширок конфликт надвор од границите на Украина.

Претходните лансирања на руски ракети и беспилотни летала во воздушниот простор на НАТО останаа без одговор, и покрај сугестиите дека членот 5 на алијансата за взаемна одбрана може да биде активиран како одговор на таков инцидент.

Во вторникот САД објавија дека се подготвени да ги исполнат обврските кон НАТО и да ја бранат Алијансата во случај на напад.

Запрашана за изјавите на Полска, Сабрина Синг, портпаролка на Пентагон, рече: „Она што го зборуваше администрацијата е дека ќе ја браниме секоја педа од НАТО“.

притисни ентер