Министерскиот состанок почнува утре, за датумот ќе се одлучува во вторник

Пред малку, Европската Комисија ја објави и првичната агенда за состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ кој почнува утре изутрина во Луксембург.

Препораките на европската комисија за отворање на преговори со Македонија и Албанија ќе се најдат на дневен ред во вторник, на вториот ден од министерскиот состанок.

Состанокот, според најавите, треба да започне во 11 часот и да заврши со заклучоци кои ќе им бидат предложени на лидерите. Доколку не се постигне консензус, одлуката ќе биде оставена за самитот закажан за в четврток и петок.

Манчевски во Валандово: Она што го вети СДСМ во програмата, парите кај граѓаните, е исполнето согласно роковите

Успеавме  за 2,5 години да ја зголемиме минималната плата, да ги покачиме платите во јавнатаадминистрација и тоа го ветуваме ќе продолжиме со двојно повеќе работа истакна потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски на граѓанската трибина во Валандово.

-Она што го ветивме – парите кај граѓаните, го правиме и го исполнивме во рокови. Првите пари од проектот мој ДДВ наскоро ке легнат на сметките кај граѓаните. Тоа се пари од државата, никогаш порано се нема случено преку ваков проект пари да завршат кај граѓаните. Минималната плата денес е 14.500 денари. Тоа значи за  5.5000 повисока од пред 2,5, години. Ние сме левичари, нашата цел е да им помогнеме на граѓаните, на работниците, на ранливите групи. Со сите овие мерки просечната плата сега е над 25.000 илјади денари а социјаната помош е зголемена за 300%, рече Манчевски.

Посветено работиме за просечна плата од 30.000 денари до крајот на 2020 година. истакна потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски на граѓанската трибина под мотото „На прав пат" во Валандово.

Манчевски додаде дека за 2.5 години отоврени се над 54 нови илјади работни места, пред се во приватниот сектор а невработеноста е намалена на најниски 17.5%, се наведува во соопштението на СДСМ.

Трамп: Да не бев јас , Хонг Конг ќе беше срамнет за 14 минути

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека кинеската војска не интервенирала за да ги задуши про-демократските протести во Хонг Конг, само затоа што тој тоа го побарал од неговиот кинески колега Си Џинпинг.

„Без мене, Хонг Конг ќе беше срамнет со земја за 14 минути. Си Џинпинг има милион војници на позиции околу Хонг Конг. Тие не влегоа само затоа што јас тоа го побарав“, рече американскиот претседател.

Хонг Конг, поранешна британска колонија,која се врати во Кина во 1997 година, се управува по принципот „една земја, два система“, а Хонг Конг ужива слободи непознати за остатокот од Кина. Овој принцип ќе се применува во Хонг Конг до 2047 година.

„Мора да го поддржиме Хонг Конг, но јас исто така го поддржувам претседателот Си“, рече Трамп.

Трамп ја даде изјавата откако американскиот Конгрес донесе резолуција во која се истакнува поддршката за „човековите права и демократијата“ во Хонг Конг.

Резолуцијата сè уште чека на потписот на Трамп.

Свечена академија по повод 22 ноември-Денот на албанската азбука

По повод Денот на унифицирање на албанската азбука во Собранието беше  доделена наградата 22 ноември за 2019 –та , на историчарот, истражувач и хуманист  Давид Хосафлок, како и на просветните работници Кимет и Аднан Агаи.

Свечената академија се одржа вечерва во МНТ, каде меѓу другите се обратија собранискиот спикер Талат Џафери, лидерот на ДУИ Али Ахмети, како и премиерот Зоран Заев. Тој нагласи дека заедништвото е токму она што го промовира оваа влада. Ахмети , пак потсети на поставувањето на основите на албанското писмо во Битола.

притисни ентер