Канадскиот премиер Трудо носел панцир на предизборен собир!?

Премиерот на Канада Џастин Трудо носел панцир на предизборен митинг, откако неговиот штаб добил предупредување дека неговата безбедност е загрозена, пренесе Ројтерс.

На фотографија од митингот во Мисисог во провинцијата Онтарио може да се види дека Трудо под кошулата носи заштитен елек – панцир.

Премиерот за време на својот говор на бината по прв пат за време на оваа изборна кампања  која ќе заврши со парламентарни избори на 21 октомври бил опкружен со полицајци со ранци .

ЦБЦ цитирал анонимен извор од Либералната партија на Трудо,кој истакнал дека премиерот облекол панцир откако добил безбедносно предупредување.

Џастин Трудо на митингот се појавил со задоцнување од 90 минути и одржал говор без инциденти.

Премиерот Заев се обрати на свечената академија по повод Денот на албанската азбука

Да ги почитуваме, чуваме и негуваме разликите на секоја заедница, и да имаме комуникација, разбирање, толеранција и заедништво, рече заев на свечената академија .

Премиерот  Зоран Заев вечерва се обрати на свечената академија по повод 22-ри ноември - Денот на албанската азбука. 

Во продолжение во целост ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Заев:

„Ми претставува посебна чест што Ви се обраќам на оваа свечена академија посветена на чествувањето на 22-ри ноември - Денот на албанската азбука, кога се одбележуваат 111 години од одржувањето на „Битолскиот конгрес“, свикан за да се усвои унифицирано албанско писмо.

Уште повеќе ме радува фактот што вечерашната свечена академија во чест на овој значаен настан од историјата на албанскиот народ и од историјата на Република Северна Македонија, е само еден од низата настани организирани со голема почит овие денови, по повод Денот на албанската азбука, со што уште еднаш ја потврдуваме определбата на Владата за почитување и унапредување на етничката и културната разноличност.

Денот на азбуката се смета за еден од клучните настани во историјата на албанскиот народ, ден кога албанското писмо преку унифицирање и стандардизирање на азбуката стана рамноправен дел од модерното-формираните европски писма и дел од разноличното светското културно наследство.

Во градот на конзулите, Битола, избран за седиште на овој конгрес, кој се одржа од 14 до 22 ноември 1908 година, се собрале сите истакнати личности во културниот и политичкиот живот од почетокот на 20 век, претседателот на Конгресот, Митат Фрашери и потпретседателите Луиѓ Гуракучи и Ѓерѓ Киријази, претседателот на Комисијата Ѓерѓ Фишта и други истакнати личности како ‘Ндре Мједа, Шахин Колоња, Сотир Пеци, Бајо Топули и единствената жена на Конгресот Парашчеви Чиријази, за да направат уште еден чекор во албанската култура и историја и да ја усвојат азбуката составена од 36 латински букви, којашто е во употреба до ден денес.

Сведоштво за важноста на „Конгресот во Битола“ – “Kongresi i Manastirit”, освен големиот број на делегати и албански интелектуалци, се и експонатите во поставката на Музејот на албанската азбука во Битола, каде се наоѓа одлуката за единствено, стандардизирано албанско писмо. Поставката се состои од 56 фотографии и повеќе од 230 дигитални и хартиени документи, меѓу кои и првиот пишуван запис на албанскиот јазик од Пал Енџели од 1462 година.Оваа година се навршуваат и 50 години од објавувањето на читанките за настава на унифицираниот, стандарден албански јазик. Читанките на авторите Хаџи Фида, Хамза Река и на Муса Арифи, како и авторот на букварот Џеват Гега, се вградени сите заедно во афирмацијата на албанскиот јазик, образованието и во негувањето на културните вредности на албанскиот народ.

Јазикот и писмото, како најсилни основи на националниот идентитет преку кои се чува и се афирмира духовното наследство, претставуваат и потенцијал за општествена интеграција, образование и развој на една заедница која не може да опстојува изолирана и самодоволна.

Во таа насока наша должност и одговорност не е само  да ги почитуваме, чуваме и негуваме етничките, националните, верските и културните разлики на секоја заедница, туку да го искористиме тој потенцијал за да се воспостави  комуникација, разбирање, толеранција и заедништво.

Одбележувањето на културните традиции, датуми и духовни наследства на другиот, придонесува кон градење на едно и единствено општество, за сите,  со проевропска и просперитетна иднина.

Тоа е посебноста и суштината на нашето заедништво. Нека ни е честит Денот на албанската азбука.

Димковски : Вложуваме во земјоделството, неповратните средства за млади земјоделци зголемени од 10 на 20.000 евра

Донесени се законски измени за зголемување на грантот за младите земјоделци до 40 годишна возраст од 10 на 20.000 евра. 

Со ова им овозможуваме на младите земјодлеци да почнат свој бизнис и да останат во земјата, изјави членот на ЦО Трајан Димковски на граѓанската трибина под мотото „На прав пат" во Валандово.

Законот за вино сега дава живот на мали винартии. Сега е во изработка Правилникот, со кој лице може да произведува до 50.000 литри вино може да отвори винарија со средно образование, а до 100.000 литри производство може да има енолог по договор, рече Димковски

Ова има за цел виното да не останува по подруми, туку да се продава, бидејќи 25-30 милиони евра се во подрумите, додаде Димковски.

Воведовме збирно градинарско производство, а тоа значи дека и најмалите со 0,2 хектари  може да аплицираат за градинарско производство и воедно тоа не мора да биде една култура ,туку повеќе, порача Димковски.

Според соопштението на СДСМ,тој истакна дека дадените ветувања се исполнуваат , како  ветувањето за зголемувањето на субвенциите во индустриското производство за градинарски култури и тоа од 2 на 3 денари по килограм, потоа, зголемување на субвенциите од 30 на 36 000 денари по хектар за оние од 1-5 хектари, а благодарение на спроведените мерки , оваа година немаше потреба од воведување на интервентни мерки.

Вкупното земјоделско производство во државата е 860 милиони евра , од кои 560 милиони се извоз , а останатите 360 се на домашен пазар, соопшти членот на ЦО Трајан Димковски на граѓанската трибина под мотото „На прав пат" во Валандово.

Берлускони заврши во болница , откако падна на самитот на ЕПП во Загреб (ФОТО)

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е хоспитализиран откако незгодно падна на конгресот на Европската народна партија во Загреб, јавија денес италијанските медиуми.

Берлускони (83) во четвртокот доживеа несреќа на крајот на конгресот на европските народни партии, јави Кориере дел Сера и другите италијански медиуми.

Тој треба да помине неколку дена во болницата „Ла Мадонина“ во Милано на медицински тестови, се наведува во весниците.

Извори од партијата „Форца Италија“ на Берлускони наведуваат дека политичкиот ветеран не претрпел сериозни повреди.

притисни ентер