Во близина на брегот на Либија спасени 74 мигранти

Хуманитарните групи соопштија дека спасиле 74 мигранти во близина на брегот на Либија.

Од друга страна пак властите на Тунис наведуваат дека запреле брод кој пловел кон Италија на кој имало 110 мигранти.

Миграните се спасени денеска на околу 80 километри од либискиот брег , меѓу нив имало и шест деца.

Министерството за внатрешни работи на Тунис соопшти дека на бродот кој патувал кон Италија имало 110 мигранти кои се вратени во Тунис и дека за време на операцијата од морето се спасени 25 мигранти од истата група.

Утре меѓу 12:00 и 15:00 часот минирање на патот Радовиш – Штип, кај Пилав Тепе

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Компанијата СТРАБАГ АГ со своите подизведувачи утре во период од 12:00 до 15:00 часот ќе врши минирање на патниот правец Радовиш – Штип околу местото викано Пилав Тепе.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Бесплатна телефонска линија на народниот правобранител на денот на изборите: 0800-54321

Во канцеларијата на Народниот правобранител  денеска  од 7:00 до 21:00 часот функционира бесплатната телефонска линија, на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Од прес-службата на народниот правобранител соопштија дека отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на народниот правобранител и тоа во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

Отворени се сите избирачки места во шест општини од Југоистокот

Право на глас во овие шест општини имаат 110.291 граѓани на 198 избирачки места.

Сите избирачки места во општините Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село и Конче се отворени во 07:00 часот и гласањето се одвива без никакви проблеми согласно здравствените протоколи, информираат од општинските изборни комисии.

Право на глас во овие шест општини имаат 110.291 граѓани на 198 избирачки места.

Во овие општини граѓаните избираат пратеници од кандидатските листи поднесени во четвртата изборна единица, каде довербата од граѓаните ја бараат 12 партии и коалиции.

притисни ентер