Има ли спас за луѓето во зградите кои имаат несовесни комшии?

Личност која не е способна да се грижи сама за себе, а притоа претставува и опасност за околината треба веднаш во итна постапка да се увиди дали е деловно способен, ова е утврдено во законот за вонпарнична постапка.

 Адвокатката Ружица Николовска за случајот со зградата на улицата Џон Кенди каде сосетка во станот носи отпад и не ја одржува хигиената објаснува дека во овој случај граѓаните мора да реагираат до институциите и да ги бараат своите основни права за нивното здравје и услови за живот. За неа е тажно што жена со ваков проблем е оставена сама насебе, бидејќи со лекување може да и се помогне.

Повеќе од година жителите во зграда на улицата Џон Кенеди живеат во неподнослива смреда на отпад, урина и измет. Нивната сосетка од станот 11 одреден период има навика да носи отпад однадвор. Канал 5 беше во зградата и миризбата беше недпоснослива. Нивната сосетка беше покрај контејнерите и не сакаше да разговара со никого. Граѓаните побарале помош од институциите, но засега нема подобрување.

Од Центарот за социјални грижи неколку пати биле кај жената. Тие ја посетиле и вечра, но таа одбила да дојде со нив и да биде однесена во здравствена установа и да биде прегледана. Од Центарот објаснуваат  дека со сила не смеат да ја однесат.

притисни ентер