ПРОЛЕТНИ РОЛНИ

РЕЦЕПТ НА: МАРИЈА АЛЕКСАНДРОВА

Потребни состојки : 500 гр. кори, 500 гр. свинско мелено месо, 2 главици кромид, 1 зелена пиперка, ½ луто пиперче, 400 гр. златна мешавина, малку масло, малку лук, малку зачин од сув зеленчук, малку оригано и малку бибер.

Постапка:

Во тава со загреано масло за пропржува: ситно сечкан кромид, сечкана пиперка, луто пиперче и малку лук.

Потоа се додава мелено месо и се продолжува со пржењето неколку минути.

  Откако месото ќе се пропржи се додава златна мешавина и се зачинува со малку зачин од сув зеленчук, малку оригано и малку бибер.

  Со добиената смеса  се филуваат кори и се формираат ролни.

  Ролните се пржат во тава со загреано масло на помала температура.

притисни ентер