Силви Мајс го победи ракот на дојка а денес ги повикува жените на редовни прегледи

Холандскиот модел и бизнис жена Силви Мајк, своите Инстаграм следачи редовно ги чести со сексипилни фотографии.

Русокосата Силви денес ужива во луксузниот живот, а не толку одамна помина низ агонија. Пред десетина години и дијагностицирале рак на дојка, но успеала да се излечи.

Неколку години по тоа, тогашниот сопруг, фудбалерот Рафаел ван дер Варт ја изневерил со нејзината најдобра пријателка Сабиа Булароз.

Силви својата популарност ја користи и за тоа на жените да им укаже колку се важни редовните прегледи на дојките, затоа што тоа може да им го спаси животот.

Храбра жена со стап натепа 4- метарски крокодил, за да го спаси речиси проголтаниот сопруг

Ентони Жубер (37) ловел риба со својот 12-годишен син на брана во Јужна Африка кога најлонот се фатил на дрво.

За да го реши проблемот се симнал во водата, а потоа се случил ненадеен напад.

Крокодил долг четири метри демнел од работ и молскавично нападнал. Животното со вилиците ги фатило за нозете и почнало да го голта.

„Тој чекаше во заседа и ја искористи можноста додека јас бев во вода. Само што ме фати, почна диво да си ја треска главата. Летав во сите правци“, рекол човекот подоцна.

Ентони не можел да си ги види нозете бидејќи крокодилот го проголтал до половината.

„Сѐ што видов беа заби и зли очи. Ме влечеше во длабоката вода за да ме удави. Се обидов да му ги извадам очите со палците, но немаше никаква корист. Ме фрлаше лево-десно“.

Тој истакнува дека во тие моменти не чувствувал болка.

„Веројатно адреналинот проработи. Удирав силно, но тој не се откажа. Тогаш мојата сопруга Аналиса се појави со стап“.

Жената жестоко го нападнала ѕверот и почнала да го удира по главата, пренесува Daily Mail.

„По пет-шест силни удари вилиците се отворија, а крокодилот се лизна во водата. Веднаш ме извлекоа на брегот, крвав“.

Присутните ги завиткале страшните рани со крпи и го пренеле Ентони во најблиската болница.

„Дури кога крокодилот нурна, сфатив дека е спасен. Не разбирам како се снајдов. Половина од мојот сопруг беше во вилиците“, изјави храбрата Аналиса.

Со цел да помогнат во плаќањето на сметките за медицинска нега, пријатели и роднини на несреќниот Ентони започнале акција на Фејсбук.

Шок во Франција: Сериски силувач и убиец се појави на ТВ квиз, а го барале 30 години (ВИДЕО)

Сериски силувач од Франција, кој наводно ги силувал своите жртви, некои на возраст од 11 години, се појавил на националниот телевизиски квиз додека полицијата трага по него.

Франсоа Веров изгледа опуштено додека учествува во квизот „Tout le monde veut prendre sa place“, откако беше во бегство цели 30 години, објави Сан.

Веров силувал најмалку тројца малолетници и се верува дека до крајот на 90-та година извршил 31 убиство и силување.

Неговиот најозлогласен случај беше Сесил Блох (11), која беше силувана пред да биде убиена во подрумот на нејзиниот стан.

Сепак, повеќе од две децении подоцна, пензионираниот полицаец се појави опуштено додека зборува со француски водител на националната телевизија.

На видеото се гледа како Веров стои гордо без знаци на непријатност додека водителот го најавува како „Франсоа од Ла Гран-Мот“.

Во текот на емисијата, Веров зборува за својот живот како полицаец, а објасни и како бил полицаец пред да се приклучи на урбаната полиција, а потоа и на мото бригадата во 80-тите.

Потоа бил накратко суспендиран поради инцидент во кој учествувала проститутка - но високите офицери набрзо му дозволиле повторно да се приклучи на силите.

За време на квиз-рундата, Веров не успеал точно да одговори на две прашања со општи знаења за Олимпијадата и вакцинацијата против туберкулоза и беше елиминиран од играта.

Морничави снимки од шоуто во 2019 година протекоа од Маријана, списание кое подоцна го откри вистинскиот идентитет на Веров.

Неговото појавување на француската национална телевизија се сметаше за показател дека серискиот убиец, кој во тоа време бил во бегство 30 години, не се обидел да го скрие својот идентитет.

Со текот на годините, истражителите верувале дека осомничениот за злосторствата можеби бил дел од жандармеријата - полицијата задолжена за внатрешна безбедност - и го утврдиле неговиот ДНК профил.

Жртвите кои ги преживеале нападите рекоа дека тој им ја покажал својата значка и се идентификувал како полицаец.

Во 1986 година, полицијата објави скица на осомничениот врз основа на сведочење на жртвите. Но, полицијата никогаш не успеала да го фати серискиот убиец и покрај тоа што се појавил на телевизија.

Неговото ужасно минато се појавило дури кога се самоубил во 2021 година.

По неговата смрт, полициската истрага го поврзала со 31 силување и убиство што ги извршил во Париз во 80-тите и 90-тите години.

Веров, кој тогаш имал 59 години, оставил белешка пред да се самоубие во станот каде што се предозирал, велејќи ѝ на сопругата дека „носи луд бес што го направи криминалец“.

„Имаше моменти кога не можев да издржам и морав да уништам, извалкам, убијам некој невин“, напишал тој.

Во писмото, Веров се осврнал и на „минатите импулси“ - и ги признал убиствата без детали за жртвите или околностите.

Тој напишал дека престанал да ги прави овие злосторства во 1997 година.

Примерокот од ДНК земен од Веров потврдил дека тој е убиецот што го барала полицијата откако Сесил Блох беше убиена во Париз во 1986 година.

Веров на денот на самоубиството сварил ручек, попладнето дремел како и обично и рекол дека оди на возење велосипед.

Велат се самоубил затоа што се плашел да не биде уапсен.

Судот во Канада решава за одлука на татко да ја спречи евтаназијата на 27- годишната ќерка

Татко од Канада повикал судија да ја запре медицински асистираната смрт на неговата 27-годишна ќерка, тврдејќи дека таа нема капацитет да даде целосна согласност за постапката.

Девојката (27) од Алберта, позната само по иницијалите М.В., требало да биде евтаназирана на 1 февруари откако го добила потребното одобрение од двајца лекари, пренесува Гардијан.

Нејзиниот татко В.В., побарал забрана за постапката, тврдејќи дека неговата ќерка има недијагностицирана ментална болест која ја спречува целосно да се согласи на постапката. Канадските закони за медицинска помош при умирање, донесени по одлука на Врховниот суд во 2015 година, првично дозволуваа само смртно болните да се квалификуваат за постапката.

Сепак, во 2019 година, судија во Квебек пресуди дека ограничувањето на пристапот до постапката е неуставно, принудувајќи ги федералните пратеници да ги изменат и прошират постоечките закони. Возрасните сега можат да добијат одобрение за асистирано умирање доколку двајца лекари потврдат дека има неповратна физичка состојба што предизвикува огромно страдање што не може да се ублажи.

Во моментов, луѓето кои страдаат исклучиво од хронични ментални болести се исклучени од пристапот до медицински потпомогната смрт. Доколку пациентите не сакаат нивното семејство да биде вклучено во одлуката, членовите на семејството може да бидат исклучени од проценките. 83-годишен маж бил евтаназиран во 2020 година, откако неговата сопруга не успеала да го убеди судот да ја прекине постапката.

Девојчето (27), кое живеело со своите родители, вели дека семејството нема правна основа да го оспори нејзиното право на пристап до асистирана смрт. Нејзиниот адвокат се повикал на заштитеното право на медицинска автономија при одлуките за смрт.

„В.В. е изложен на ризик да ја изгуби својата ќерка и иако тоа е тажно, тоа не му дава право да ја одржува во живот против нејзината желба“, изјави адвокатот Остин Паладо пред судот.

Тој повтори како канадскиот парламент, со создавање на нови закони, ги исклучува судиите од одлучувањето, поставувајќи лекари како единствени овластени проценувачи.

М.В. најпрво поднела барање за медицински асистирана смрт во 2021 година. Не било откриено на која основа аплицирала во тоа време, но тоа било одобрено од еден лекар, а потоа одбиено од друг. Истото се повторило и во вториот обид во 2023 година, но од трет лекар било побарано да го провери барањето, по што тој го одобрил.

„Верувам дека М.В. страда од ментални здравствени проблеми, кои до денес не се дијагностицирани и лекувани и ја поддржувам нејзината желба да пристапи до медицински потпомогната смрт. Сепак, верувам дека нејзините проблеми со менталното здравје влијаат на нејзината способност да донесува одлуки за постапката.“ рече таткото во изјавата поднесена до судот.

Тој верува дека одлуката на неговата ќерка „може да биде прекумерно под влијание на други луѓе“.

Тој поднел извештај од 2021 година во кој лекар од клиника за неврологија тврди дека М.В. е „нормална“ и ја упатува назад кај нејзиниот матичен лекар.

притисни ентер