Столтенберг од Атина : Турција да се воздржи , заедничкиот непријател е ИД

Генералниот секретар на НАТО , Јенс Столтенберг ја повика Турција да покаже воздржаност во воената операција во Сирија.

Столтеберг додаде дека заеднички непријател во регионот е сè уште Исламската држава.

Столтенберг избегна директно да ја критикува турската офанзива, повторувајќи го претходниот повик до Анкара да „обезбеди мерки за сразмерни активности во северна Сирија и да избегне понатамошни човечки страдања“.

Тој, исто така, зборуваше за потребата „да продолжиме заедно во заедничката борба против заедничкиот непријател“, Исламската држава. Според Столтенберг, иако е постигнат огромен напредок во оваа борба, „мора да се осигура дека овој напредок е одржлив“.

Генералниот секретар на НАТО ја даде изјавата во Атина по состанокот со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Столтенберг утре ќе разговара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Истанбул.

Џафери: Слободата на изразување на мајчин јазик игра суштинска улога во заштитата на сите други права

Слободата на изразување на мајчин јазик како фундаментално човеково право игра суштинска улога во реализацијата и заштитата на сите други права. 

Со Законот за употреба на јазиците што беше донесен на 14 март 2018 година, можеме да кажеме дека е создадена солидна основа во насока на јазичната рамноправност и ставен е уште еден камен на зацврстување на младата демократија што ја развиваме во нашата држава, посочи денеска претседателот на Собранието Талат Џафери, на отворањето на тридневната меѓународна научна конференција „Многујазичноста и предизвиците на примената на Законот за употреба на јазиците во РСМ" во организација на Агенцијата за примена на јазикот.

Џафери истакна дека подигнувањето на јавната свест за значењето на употребата на мајчиниот јазик не е тренд, туку потреба на реалното секојдневие во целиот свет, додавајќи оти промовирањето на мајчиниот јазик е од суштинско значење за одржливите општества, какво што е и нашето мултиетничко општество.

– Важно е да се симнат предрасудите, сите фактори кои работат во насока на претставување на предностите на едно мултиетничко општество, што значи и мултилингвално меѓудругото, да се научиме да се слушаме меѓусебе, да научиме да имаме почит едни кон други и кон сета таа целина што го прави еден поединец посебен, неговата етничка припадност, јазикот што го говори, религијата на која припаѓа, социјалниот слој од каде што доаѓа, економската состојба, полот, професијата и серија други карактеристики, порача Џафери.

Тој додаде дека Собранието е прва институција која го отворила патот кон реализацијата на ова фундаментално право, во која почнало да се прави превод на материјалите што се доставуваат во институцијата и каде за првпат се вршело и консекутивно и симултано толкување на говорниците на седниците на работните тела и на пленарните седници.

– Морам да кажам дека почетоците беа тешки, имајќи го предвид целиот политички контекст, малиот број на кадри во сооднос со огромниот обем на работа и скромното опремување со речници. Сепак, со ангажман на сите страни вклучени во процесот на имплементација на ова право, денес, можам да кажам дека сме поставиле солидна основа, со кадри кои сега веќе имаат повеќегодишно искуство, дополни Џафери.

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки најави дека во иднина ќе се фокусираат на две области – едната е ефикасно спроведување на Законот за употреба на јазиците, втората да се најде подобро решение за создавање капацитети, а особено, како што рече тој, имаме потреба од преведувачи.

– За да се има успешен и координиран процес ние како Министерство ќе предложиме акциски тригодишен план кој ќе содржи детално мерки кои треба да се преземаат за подобро спроведување на Законот за употреба на јазиците, да ги третираме разните аспекти на јазиците во нашата земја. Кога сме кај Програмата за покренување на свеста за спроведување на Законот за јазици што се подготвува во Владата, мислам дека е добра идеа, бидејќи не само што ја покренува свеста за спроведување на законските правила, туку истовремено отвора јавна дебата за важна тема, рече Дураки.

Агенцијата за примена на јазикот на крајот од првиот ден од конференцијата потпиша два Меморандума за соработка со Унивезитетот на Југоисточна Европа и со Универзитетот „Мајка Тереза". 

Основците од Карпош ќе отворат новинарски клуб и ќе изработуваат училишни веб страници

Во рамки на денешната 36. седница, советниците од општина Карпош ги изгласаа сите предлог – Одлуки со кои се одобруваат финансиски средства за проекти од областа на образованието, локалниот економски развој и  рамноправниот пристап на жените.

Како што соопштуваат од општина Карпош, здружението „Профицио“ ќе го реализира проектот „Основи на веб програмирање и изработка на веб сајт“, во кој ќе биде инволвирана одредена група на осмоодделенци од сите училишта во Карпош. Покрај тоа што ќе се стекнат со основите на HTML, CSS и веб програмирањето, основците со помош на професионалци ќе изработат информативен веб сајт за училиштето од кое доаѓаат, којшто потоа ќе остане во негово владение.

Советниците гласаа позитивно за проектот на Центарот за поддршка и креативен развој, со кој десетина ученици од осмо и девето одделение ќе се запознаат со новинарските техники преку четиримесечна обука, која опфаќа формирање на новинарски клуб од основните училишта од општина Карпош. Притоа, основците ќе учествуваат во  подготовка на весник, печатење и негова промоција. Во проектот ќе бидат вклучени и наставници по македонски јазик и општествени науки.

Локалната самоуправа обезбеди средства за  проектот „Второ семејство“, кој ќе го реализира Здружението за заштита на правата на децата - „Поврзани“. Се работи за специфичен пристап кон основците, во рамки на училишната паралелка - како второ семејство, која на еден начин треба да претставува безбеден микросистем на интеракции во воспитно – образовниот процес. Во таа насока ќе се организираат повеќе училишни работилници, каде ќе се воспостават воспитни вредности за градење на меѓуврсничка соработка и поддршка на ранливата категорија на ученици (пр.во случај на попреченост, развод и сл.), преку вклучување на инклузивни содржини.

Здружението за едукативно – креативна детска работилница „Играј и учи“, ќе го спроведе проектот за подигнување на свеста за животната средина преку уметност, театар и раскажување на приказни – „Еко театар“. Со него ќе бидат опфатени 180 деца од шесто до девето одделение, во девет основни училишта од општина Карпош. Основците ќе се запознаат детално со екологијата, глобалното затоплување, рециклирањето и одржувањето на здравата околина.

Советниците дадоа „зелено светло“ и за проектот на невладината DFCCA (Drive for colon cancer awarnes), која ќе организира еднодневен настан за собирање на средства, кои потоа ќе бидат наменети за кампања за борба против ракот на дебелото црево и малигнитетот кај децата.

Од областа на локалниот економски развој, советниците од Карпош дадоа поддршка и за проектот на „Центарот за поддршка и креативен развој“, кој подразбира стручна обука на 12 жени – жителки на Карпош, за започнување на сопствен бизнис. Станува збор за жени од ранливи категории кои се наоѓаат во потешка социо – материјална состојба, кои со помош на искусни обучувачи и експерти, треба да ги осознаат правните и економските принципи на водењето бизнис.

Со одлука на Советот, едукативниот центар „Идеа“ ќе добие финансиски средства за реализација на проектот „И жените можат“, чија стратешка цел е да се зголеми нивото на вработеност  на жените од сите делови на општина Карпош. Во рамки на проектот ќе се спроведе и истражување на цела територија на локалната самоуправа, кое ќе се движи во насока кон добивање на конкретни анализи за потребите на три целни групи на жени.

На седницата беше усвоен и Годишниот Извештај за работа на полициската станица „Карпош“ за 2019 година, се наведува во соопштението од општина Карпош.

Алијанса за Албанците и Алтернатива ја официјализираат коалиција

Алијанса за Албанците и Алтернатива, утре официјално ќе го потпишат договор за коалиција за предвремените парламентарни избори закажани за 12 април. 

Во соопштението на Алијанса за Албанците, се вели дека договорот за соработка ќе биде потпишан откако двете парти се согласиле заеднички да учествуваат во изборите што следат.

Свеченоста за потпишување ќе биде проследена со прес-конференција на која ќе се обратат Зијадин Села и Африм Гаши во Холидеј Ин. По потпишувањето, двајцата претседатели и другите членови на партијата ќе се сретнат со граѓаните во скопската чаршија. 

притисни ентер