Како Северна Кореја под санкции набавува луксузни Мерцедеси за Ким Џонг Ун

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун сака мерцедеси и неодамна набави два нови оклопни лимузини Мајбах С600 од милион долари.

Две оклопни лимузини „Мерцедес Мајбах С600“, секоја во вредност од половина милион долари, биле натоварени на 14 јуни 2018 година во холандското пристаниште Ротердам: откако со месеци и илјадници милји патуваа низ шест држави, пристигнаа во нивната дестинација, Пјонгјанг. Приказната ја објави Си-Ен-Ен, заснована врз извештаи од Центарот за напредни одбранбени студии во Вашингтон (C4ADS). Мајбах С600 е луксузен автомобил „Мерцедес“ со седишта од кожа за масажа, оклопен за да им обезбеди на своите патници заштита не само од куршуми, туку и од експлозивни направи. Ким има и еден Ролс-Ројс, но најчесто се гледа како се вози во друг модел на Мерцедес, од типот Мајбах Пулман, што може да достигне и до 1 милион долари. Тој се возеше во таков Мерцедес минатата година на првиот самит со претседателот на Јужна Кореја, додека обезбедувањето трчаше покрај автомобилот.

Дајмлер, сопственик на Мерцедес, одговори дека нема информации за тоа како новите два Мерцедеса пристигнале за Пјонгјанг. „Нашата компанија нема деловни врски со Северна Кореја повеќе од 15 години, а ние строго се придржуваме кон санкциите на САД и на Европа“, одговориле за Си-Ен-Ен. Дајмлер посочува дека тие имаат развиен систем за контрола на извозот во согласност со барањата на надлежните органи, но дека не можат да бидат одговорни за она што купувачите го прават со своето возило, без разлика дали го продаваат или не. „Ние секогаш ги истражуваме возила што се појавуваат на фотографии во медиумите, но без серискиот број на возилата невозможно е да се утврди вистинското потекло“, велат од автомобилската компанија.

Не е само Мерцедес, експертите од Вашингтон откриле дека и покрај санкциите, Северна Кореја увезувала луксузни добра во вредност од најмалку 191 милиони долари само во периодот од 2015-2017 година и тоа дури од 90 земји, што значи дека не станува збор само за ретки и индивидуални случаи на кршење на ембаргото. Според извештајот, од 2015 до 2017 година Северна Кореја купила 803 луксузни возила, претежно од руски компании.

„Најубава станбена зграда во светот“ се наоѓа во Хрватска

На наградите за архитектура „Биг си“ (Big See), зграда во Кутина, Хрватска, го доби престижното признание „Најубава станбена зграда во светот“ - од сите регистрирани во 2024 година.

Објектот е изграден во 2021 година, а вкупната негова квадратура е 1.969 квадратни метри. Главен белег на поголемите апартмани се кујните на предната страна, коишто може да се користат како трпезарии. Становите се прилично светли и имаат нетипично богат просторен стандард за современото домување, се наведува во описот.

Приземјето е малку повисоко од станбените катови и е целосно застаклено, поделено со врати, што му дава достоинство на јавен простор. На истото приземје, има и пекара и кафуле споени едно до друго.

Фото: БИГ СИ

Во Баварија уапсени двајца руски шпиони

Федералните обвинители уапсија вчера двајца осомничени руски шпиони во Баварија под сомнение дека шпионирале и планирале напади врз воени цели за да ја поткопаат поддршката за Украина, пишува денеска „Еурактив“.

Двајцата мажи се осомничени дека работеле за странска разузнавачка служба во „особено тежок случај“, соопшти обвинителството. Едниот е обвинет и за планирање на напади, пред се против воена инфраструктура и индустриски капацитети во Германија.

- Нашите безбедносни власти спречија можни експлозивни напади за да ја поткопаат нашата воена помош за Украина. Ова е сериозен случај на сомнителна активност на агент на криминалниот режим на Путин, изјави за новинарите министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.

Според обвинителството, главниот обвинет бил во контакт со лице поврзано со руската тајна служба од октомври 2023 година.

Двајцата мажи, исто така, се вели дека извидувале неколку потенцијални цели, вклучително и американски бази, каде што собирале информации поврзани со нападот. /МИА

Словенија: Покрај изборите за ЕП на 9 јуни, можно е да се одржат и три референдум

Надлежните комисии на Државниот збор (Парламентот) на Словенија треба да одлучат дали на денот на изборите за Европскиот парламент во Словенија, 9 јуни, ќе се одржат истовремено три референдуми.

Но, не постои единство во владејачката коалиција за ваквиот предлог. Претставниците на Движењето за слобода се „за“, Левицата е рамнодушна, а Социјалдемократите (СД), Словенечката демократска партија (СДС) и Нова Словенија (НСи) се против.

В петок матичните комисии на Државниот збор ќе подготват уредби за распишување три советодавни референдуми, иако коалицијата се уште не се договорила за датумот на нивното спроведување. Во Движењето за слобода бараат референдуми да се одржат на денот на европските избори.

По процедуралните компликации на вонредната седница на Парламентот во средата, претставниците сепак ги прифатија предлозите за распишување три советодавни референдуми.

Така, гласачите ќе го кажат својот збор на референдумите за регулирање на правото на помош при доброволно завршување на животот, за воведување преференцијално гласање на изборите за Државниот збор и за одгледување, преработка и употреба на канабис.

Датумот на нивното спроведување сè уште не е целосно дефиниран, кој се носи заедно со уредбата за распишување референдум. Иако датумот се уште не е договорен ниту во коалицијата, претставниците веќе в петок во матичните работни тела ќе почнат да ги подготвуваат одлуките за распишување на сите три референдуми.

Во работните материјали за состаноците на матичните комисии на 6 мај се посочува на предлозите за одлуки за распишување на советодавнен референдум и датумот на распишување на референдумот, од кој почнуваат да течат роковите за негово спроведување, а недела, 9 јуни, како ден на гласање./МИА

притисни ентер