Чавушоглу : Турција ќе одговори доколку САД ни воведат санкции

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу се закани дека Анкара ќе одговори соодветно доколку САД и воведат санкции.

Доколку САД и воведат санкции , како што денеска се закани американскиот претседател Доналд Трамп за офанзивата врз Курдите во Сирија , Турција ќе одговори соодветно.

Анкара би можела да се соочи со санкции предложени од републиканскиот сенатор Линдзи Грахам и неговиот демократски колега Крис Ван Холен, со што би се удрило врз имотот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и другите високи функционери, пренесе Ројтерс.

Претходно финансиски санкции за Турција , која е во воена офанзива против американските сојузници , Курдите , најави на Твитер и претседателот Доналд Трамп.

притисни ентер