Љупчо Ристовски и Павле Богоевски во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости беа Љупчо Ристовски и Павле Богоевски.

Претседателот на партијата „Интегра“ Љупчо Ристовски смета дека идејата за формирање на Балканска унија е застарена и дека повторно формирање на некаква Југославија е веќе завршена работа. За неговиот соговорник, поранешниот пратеник Павле Богоевски, внимателноста на Европската Унија кон прашањето со проширувањето произлегува од грешката што ја направила при приемот на Романија и Бугарија во унијата

Со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт не престана рекетирањето и уценувањето на бизнисмените, тврди претседателот на партијата „Интегра“ Љупчо Ристовски. За поранешниот пратеник е неприфатливо ваквото тврдење и смета дека државата мора да ги следи финансиските трансакции на граѓаните поради контрола на големите даночни обврзници

Претседателот на партијата „Интегра“ Љупчо Ристовски во вечерашното гостување во „Само вистина“ изјави дека и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат иста политичка матрица која мора да оди во историјата. Поранешниот пратеник Павле Богоевски пак вели дека не може и не смее да се стави равенство помеѓу владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само вистина“ овде.

И без пропустите оградата на автопатот не би го задржала автобусот, тврди вештак на судењето за несреќата кај Ласкарци

 Хемискиот состав на заштитната ограда бил во согласност со тогашните стандарди, освен навртката која служи за спојување на деловите, која е со нешто послаб квалитет, изјави вештакот.

 Заштитната ограда на автопатот Скопје – Тетово на делницата на местото на несреќата на автобусот на „Дурмо турс" била во согласност со тогашните стандарди, освен навртката која служи за спојување на деловите, која е со нешто послаб квалитет, изјави вештак од областа на градежништвото на денешното рочиште за сообраќајката кај Ласкарци.

Оградата е поставена во 2000 година, а проектот е направен во 1998 година.

Генерално пропустите, рече вештакот, се при проектирањето што нема детали за столпчето, дистанцерот и поставеноста на оградата во однос на автопатот, додека при изведувањето, е тоа што има недоволна притегнатост на оградата и нејзините делови. Тој посочи дека пропусти има и при одржувањето каде е дозволена корозија и не е држена во кондиција.

– Од сите анализи и доколку немало вакви пропусти таа не би успеала да го задржи автобусот, рече вештакот.

Испитувањата за квалитетот и издржливоста на оградата, посочи вештото лице, биле направени во Машинскиот факултет во Скопје.

– Хемискиот состав на заштитната ограда бил во согласност со тогашните стандарди, освен навртката која служи за спојување на деловите, која е со нешто послаб квалитет, изјави вештакот.

Тој посочи дека тогашните стандарди за градење, во најголем дел ги имаат ЈУ стандадите.

– Од проектната документација има многу малку податоци за заштитната ограда, освен дека е избрана еднострана заштитна ограда. Во прилог има уште еден документ дека е избрана еластична заштитна ограда тип „Слобода", изјави вештакот.

Во текот на градбата, рече тој, извршени се измени на целокупната основа, во смисла на сите конструктивни елементи на патот – насип и заштитна ограда.

– Оградата на автопатот е почната да се гради согласно стандардите и проектот. Во еден момент во текот на градбата доаѓа до прекин на снабдување на огради од фабриката „Слобода" – Охрид, чиј тип е избран. Промената се состои во самите елементи на оградата, од замена на формата на столпчето, на дистанцерот или одбојникот. Врз основа на А тестовите од лабораторијата на добавувачот на таа ограда, квалитетот одговара на европските норми 13/17, кои кај нас тогаш се уште не важеле, изјави вештакот.

Денеска, посочи вештакот, работиме по тие стандарди и се применуваат во цела Европа.

– Производителот ги има атестирано во сопствена лабораторија. Испитувањата ги прави фирмата од Перник, во Бугарија, а кај нас во тоа време немало таква лабораторија и прифатени се тие од производителот, изјави вештакот.

Испитувањето, рече тој, е во хемиските карактеристики на материјалот и геометријата на деловите, со што во нив нема податоци за одбојникот.

– Не е испитувано до кој степен на сила и под кој агол може да прими удар оградата, изјави вештакот.

Значењето на овој податок, посочи тој, доколку би го имале, е битен фактор во самото димензионирање и поставување на опасните места.

– Во тоа време не постоела обврска за мерења на колкава би била издржливоста при удар, изјави вештакот.

Според него, при увид на лице место е утврдено дека нема пропусти во изведбата на оградата и отстапувања од тоа што е предложено од изведувачот.

– Има отстапување во однос на геометријата на патот. Да биде подалеку од коловозот, да биде пониско или повисоко поставена, изјави вештакот.

Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени, се обвинети шест лица.

Сопственикот на „Дурмо турс", Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело. /МИА.

Во запален автомобил во Австралија настрадаа три деца и едно возрасно лице

Три деца и едно возрасно лице загинале во австрискиот град Бризбејн, во автомобил кој според првичните информации бил намерно запален.

Децата, кои се помали од десет години, се пронајдени од страна на пожарникарите во запалениот автомобил, пренесе „Би-Би-Си“.

Во пожарот во автомобилот загинал и еден маж, додека една жена е повредена и со тешки изгореници е превезена во болница.

Брзата помош интервенирала и кај еден од случајни те минувачи кој се обидувал да пријде до запалениот автомобил и при тој обид се здобил со изгореници на лицето.

Жителите на тој дел од градот за австралиските медиуми рекле дека виделе како жената која била зафатена од огнот излегува од автомобилот.

Како што пренесуваат, таа извикувала: „Фрли бензин на мене“.

Полицијата наведува де се уште е рано да се говори за идентитетот на жртвите, како и за евентуално насилство во семејството.

Комората на сметководители бара пролонгирање на рокот за поднесок на годишната сметка и даночниот биланс

Комората од УЈП бара одлагање на крајниот рок за поднесок на извештаите Даночен биланс, Даночен биланс за вкупен приход, Годишниот даночен биланс –ДЛД ДБ и Биланс на приходи – Б .

 Комората на сметководители на Македонија неделава испрати допис до Управата за јавни приходи (УЈП) за пролонгирање на рокот за поднесок на годишната сметка и даночен биланс (ДБ) за 2020 година, заради доцна објавениот образец за ДБ од страна на Министерството за финансии, соопштија на денешната прес-конференција од Комората.

Потоа, како што додадоа, од УЈП добиле известување дека ќе се разгледаат сите можности за пролонгирање на рокот и оти состојбата се следи за да не настанат проблеми од ненавремено поднесување.

Комората од УЈП бара одлагање на крајниот рок за поднесок на извештаите Даночен биланс, Даночен биланс за вкупен приход, Годишниот даночен биланс –ДЛД ДБ и Билнас на приходи – Б и одлагање на крајниот рок за поднесок на годишната сметка до Централен регистар до 31 март без разлика на начинот на кој е поднесена годишната сметка, електронски или хартиено.

Моментално, рокот за поднесување е до 15 март ако завршната сметка се поднесува електронски и 29 февруари доколку се поднесува хартиено.

Благоја Грозданов, член на Управниот одбор на Комората на сметководители истакна дека за споредба во соседните земји, Бугарија и Србија извештаите се поднесуваат до 30 јуни, во Хрватска до 30 април, во Германија до 31 март за средните и големи ентитети и 30 јуни за малите и микро претпријатијата, а Франција и Шведска до 31 јули.

Тој додаде оти во соработка со надлежните институции потребно е и во иднина да се разгледа законското одложување на крајниот рок за поднесок на годишните сметки.

– Доколку долгорочно се прифати предлогот на Комората и се пролонгира законскиот рок за поднесок на даночни биланси ќе се избегне ситуација на работа под екстремен притисок и ќе се зголеми квалитетот на даночното и финансиското известување, потенцира Грозданов.

Како што истакна Александра Андреева, член на УО на Комората на сметководители, неопходно е уредување на целокупниот даночен систем со цел зголемување на ефикасноста и ефективноста во работењето.

– Сметководителите неретко се соочуваат со уште еден проблем, а тоа е неусогласени финансиски картици за даночен долг. Се случува нашите коминтенти да добијат опомена за неплатен долг, дури и решение за присилна наплата на средствата, за долг кој според нашите евиденции воопшто и не постои, а за волја на вистината се случува да не постои ниту на системот за Е-даноци, рече Андреева.

Додаде дека во време на дигитализација, работите може да функционираат беспрекорно, а ваквата, како што рече, несуогласеност го доведува во неизвесност работењето и ликвидноста на компаниите за што Министерството за финансии би требало да инвестира современ систем со кој ќе се надминат овие состојби. 

притисни ентер