Мицкоски : Каде отидоа десетиците милиони народни пари на Струмичани?

Добро е да се слушне и да се прочитаат практично сите оние останати проблеми со кои што денеска нашите сограѓани, рече ретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од кампањата „Разговори за Обнова на Македонија" во Струмица.

Но она кое што е значајно, она кое што важно е, од сите овие разговори за обнова на Македонија, да излеземе попаметни, да излеземе поискусни. Да видиме тоа што можеби во минатото и ние сме погрешиле да истото тоа го корегираме. Да можеме тоа што било добро, а што сме го практикувале во минатото да го подобриме и да го направиме уште подобро, да го надградиме. Но истовремено и да иновираме и да можеме да понудиме и некои други политики.

Затоа нас ни се неопходни овие „Разговори за обнова на Македонија“, за да можеме заедно со граѓаните да ја напишеме нашата следна предизборна кампања и следна предизборна програма.

И ќе дојдеме овдека во Струмица како победници после следните парламентарни избори предвремени. И ќе дојдеме и ќе бараме отчет и одговорност за сето она што се случуваше изминативе години.

Но оние малкумина позади кои што дофрлија сега и избегаа како кукавици и тие ќе слушнат и ќе видат што значи вистински македонски народ, честит народ. И сите тие ќе треба тогаш да одговорат на едно големо прашање – „Каде отидоа десетиците милиони народни пари на Струмичани? Но каде отидоа и милијардите кои што ги потрошија во буџетот веќе трета година по ред?“.

И тогаш ќе има одговорност, тогаш нема да има коалиции за хотели, за бизниси, со лотарии. Тогаш нема тоа да го има. Туку тогаш сите тие од прв до последен јас ви ветувам дека ќе одговараат.

Сите оние курири кои што на кукавички начин доаѓаат да бараат милост за овие натрапници кои што ја заробија Струмица повеќе од деценија наназад, ја заробија и Македонија веќе трета година по ред, имам едно да им порачам немојте да си го губите времето, во животот постојат две опции. Едната е да сте човек кој што е честит, чесен. Човек кој што ги почитува законите и работи по законите, ги почитува своите сограѓани, работници, пријатели, роднини и тој нема што да се плаши. И нему не му требаат курири. Но има и луѓе кои што се огрешиле пред законот и само заради тоа што биле на позиции, кукавички го кршеле тој истиот закон, го злоупотребувале, ги малтретирале, ги притискале, ги уценувале, ги рекетирале бизнисмените и граѓаните. Е за тие, јас ви ветувам дека ќе има одговорност, од првиот до последниот , рече Мицкоски во Струмица.

Хашкиот суд му нареди на Израел да дозволи непречен проток на помош во Газа

Меѓународниот суд на правдата во Хаг му нареди на Израел да дозволи непречен проток на помош во Газа за да се спречи гладот во палестинската енклава.

Во едногласната одлука на највисокиот суд на Обединетите нации, беше речено дека Израел мора да дејствува без одлагање и да дозволи „обезбедување на итно потребните основни услуги и хуманитарна помош. Најпотребната помош вклучува храна, вода, електрична енергија, гориво, засолниште и облека, како и средства за хигиена и медицински материјали, пренесува Би-Би-Си. Израел обвинувањата дека земјата ја блокира помошта ги нарече „целосно неосновани“ и соопшти дека продолжува да промовира нови иницијативи за да овозможи континуиран проток на помош во газа по копно, воздух и море.

Фото: Не би можела да бидам со човек кој не заработува 10 000 евра месечно?!

Скандалозна изјава на сопруга на украински фудбалер, „Не би можела да бидам со човек кој не заработува 10 000 евра месечно“.

Сопругата на украинскиот фудбалски репрезенативец Александар Зубков, убавата Ани ја шокира јавноста со неодмерени.

Само ден по триумфот на Украинците над Исланд вреден пласман на ЕУРО 2024, јавноста повторно беше изненадена од убавата Ани.

На денот кога Украина го победи Исланд во бараж дуелот сексапилната Ани го прослави својот роденден.

За жал, нејзиниот сопруг Александар Зубков не доби шанса да игра против Исланд. Селекторот Сергеј Ребров го остави на клупата за резерви.

Крилниот напаѓач на Шахтјор има одлична сезона, одигра 19 натпревари во првенството на Украина, постигна четири гола и забележа пет асистенции.

Ана Зубкова го привлекува вниманието на украинските медиуми со своите неодмерени изјави, но и со својот изглед.

Ана Зубкова пред две години ги запали социјалните мрежи со следнава изјава:

- Не би можел да бидам со човек кој не заработува многу пари. Или премалку заработува. И што? Се прашувате која плата би била нормална за мојот човек? Да речеме 10 илјади евра.

Провокативната Ани потоа истакнала дека месечно само за себе и својот изглед троши околу 3000 евра.

Инаку Ана Зубкова работела како модел, додека не го запознала фудбалерот на Шахтјор. Таа позираше за украинското издание на „Плејбој“ и така стана многу позната во јавноста.

Сега таа редовно објавува жешки фотографии на социјалните мрежи и со тоа предизвикува реакција кај јавноста во Украина.

ФЕД: Имотот на еден отсто од луѓето кои се најбогати во САД достигна рекордни 44,6 билиони

Имотот на еден процент од луѓето кои се најбогати во САД достигна рекордни 44,6 трилиони долари на крајот на четвртиот квартал од 2023 година, пред се благодарение на растот на акциите, соопшти Американската централна банка ФЕД.

Вкупното богатство на еден процент најбогати луѓе, кои ФЕД ги дефинираше како оние со богатство над 11 милиони долари, се зголеми за два билиони долари во четвртиот квартал, а целата добивка дојде од нивните акции, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Вредноста на корпоративните акции и акциите на заедничките фондови во сопственост на првите еден отсто се зголеми од 17,6 билиони долари во третиот квартал од 2023 година на 19,7 билиони долари.

Невидениот раст на богатството започна во 2020 година, а оттогаш богатството на најбогатиот еден процент порасна за речиси 15 трилиони долари или за 49 отсто.

Економистите велат дека растечкиот пазар на акциите дава дополнителен поттик на потрошувачката преку таканаречениот „ефект на богатство“. /МИА

притисни ентер