Николоски на работни средби во Рим и Ватикан

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски од денес до сабота 12 ,престојува во работна посета на Рим и Ватикан, се наведува во партиското соопштение. 

Николоски ќе учествува на состанокот на Извршниот комитет на Центристичката Демократска Интернационала (ЦДИ)- светска организација на центар десни партии во која ВМРО-ДПМНЕ беше примено минатата година и беше прв меѓународен успех на новото раководство на партијата. Николоски исто така ќе има билатерални средби со Италијански политичари, а ќе има и аудиенција во Ватикан.

Посетата Николоски ќе ја започне вечерва со работна вечера со Андрес Пастрана- Претседател на ЦДИ, а утре ќе учествува во работата на Извршниот комитет, како и на основањето на Младинска организација на светски десничарски партии. Во рамки на работата на ЦДИ Николоски ќе информира за активностите на ВМРО-ДПМНЕ, реформите во партијата, акцијата Обнова на Македонија како и очекувањата за брзи предвремени избори после кои ВМРО-ДПМНЕ би ја формирало Владата. Ќе информира и за растечката корупција, уништената економија и немањето владеење на правото со Владата на Заев.

Во рамки на својата посета Николоски утре исто така ќе се сретне со Масимо Кандура- сенатор од партијата Лега на Масимо Салвини, партијата со која ВМРО-ДПМНЕ почнува да гради блиски реалции. На истата ќе се зборува за соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Лега како и меѓу Македонија и Италија.

Николоски утре ќе учествува и на работна вечера организирана од Винчензо Амендола- министер за европски прашања на Италија. На средбата Николоски ќе побара ЕУ да не ги казнува македонските граѓани заради неспособноста и криминалот на Заев и да определи датум за почеток на преговори со ЕУ.

Во сабота Николоски ќе има приватна аудиенција во Ватикан на највисоко ниво. Во разговорите се очекува да зборува за продлабочување на односите на Македонија и Светата Столица на сите полиња имајќи го предвид силното влијание на Ватикан во Западниот свет.

Владата вечерва заседава во Битола

Во Битола вечерва Владата на Република Северна Македонија ја одржува 159. редовна седница на која учествуваат министрите и градоначалниците на општините во пелагонискиот регион.

Во наредниот период, еднаш месечно и во различни региони ќе се одржуваат владини седници затоа што сакаме да бидеме уште поблиску до граѓаните и до локалната самоуправа, истакна премиерот Зоран Заев пред почетокот на владината седница.

-На оваа седница приоритет ќе дадеме на информациите и одлуките за проектите од непосреден интерес на граѓаните на пелагониските општини. Министрите ќе реферираат за ресорните проекти кои се однесуваат на овој регион, а градоначалниците низ инклузивен однос ќе поставуваат прашања и ќе ги истакнат своите предлози, проекти и нови иницијативи со кои ќе продолжиме заеднички да го подобруваме животот на граѓаните. Покрај дискусиите кои се однесуваат на проектите од пелагонискиот регион, вечерва очекувам да донесеме и други одлуки, како што е одлуката за склучување договори за доделување финансиска поддршка за 166 компании од државата преку програмата и планот за економски раст. Владата ќе поддржи инвестициски вложувања за набавка на нови машини и опрема и за инвестиции во објекти и земјишта, а финансиската поддршка од оваа програма преку Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот се доделува на реализирани почетни или дополнителни неопходни за дејноста проекти, до 10 проценти од реализираната инвестиција и не повеќе од еден милион евра по проект, изјави премиерот Заев.

Уверен сум, додаде тој, дека на овој начин на дејствување на централната власт од различни региони уште повеќе ќе го поддржиме процесот на децентрализација обезбедувајќи директен контакт со локалните самоуправи и со граѓаните. Оваа Влада, потенцира премиерот, е на граѓните и продолжува да функционира во нивно име.

Во име на пелагониските градоначалници и како претседател на Советот за развој на пелагонискиот плански регион, градоначалничката Наташа Петровска истакна дека оваа Влада за разлика од сите претходни покажува отвореност кон општините и посветеност кон граѓаните и нивните потреби.

Владината седница е во тек.

Канал 5 дознава : Вечерва е обезбеден убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев

Полицијата вечерва го обезбеди Филип Секуловски Кобра , убиец на Мартин Јанушев , кој пред две години беше убиен пред својот дом во скопската населба Аеродром.

Наши извори за Канал 5 информираат дека Филип Секуловски Кобра е веќе спроведен во затворот во Шутка.

Младиот фудбалер беше застелан пред неговиот дом на 4. ноември  2017 , по што Секуловски беше во бегство. 28- годишниот Јанушев беше фудбалер на клубовите Локомотива, Маџари солидарност и 11 Октомври.

Заев: Владите на Германија и на Франција ќе имаат заеднички состанок, најверојатно оваа среда

Франција и Германија синоќа почнаа и ќе продолжат да разговараат, а според моите информации владите на Германија и на Франција ќе имаат заеднички состанок, најверојатно во среда.

Франција и Германија синоќа почнаа и ќе продолжат да разговараат, а според моите информации владите на Германија и на Франција ќе имаат заеднички состанок, најверојатно во среда, изјави премиерот Зоран Заев, коментирајќи го амбиентот во пресрет на самитот на Советот на Европа.

Останувам силно убеден дека ќе добиемe датум за преговори, нагласи Заев пред почетокот на вечерашната 159 владина седница што се одржува во Битола.

-Синоќа почнаа и ќе продолжат да разговараат, а според моите информации владите на Германија и на Франција ќе имаат заеднички состанок, најверојатно во среда.  Утре почнува министерскиот Совет каде ќе ги знаеме првите индиции, а на 17 и 18 октомври ќе заседава Советот на Европа. Останувам силно убеден дека ние ќе добиеме датум, односно одлука за почеток на преговорите со која дефинитивно и оние аспирации на Франција за вградување на нова методологија со која ќе се даде фер шанса на сите земји што преговараат или ќе преговараат како што сме ние, да имаат можности и ако имаат добри перформанси да успеваат да одат напред, а ако некои од перформансите ги уназадуваат, тогаш да се вратат назад. Тоа е таа дискусија која што се води. Нема земја што во последниве 20 години што заслужила повеќе од Република Северна Македонија да ја добие оваа одлука за почеток на преговорите, изјави премерот Зоран Заев вечерва во Битола./МИА

притисни ентер