Депресијата кај младите е излечива, треба да се препознае и навреме да се третира

Депресијата стана сојузник во животот и кај младите луѓе. На Клиниката за психијатрија се почесто тинејџери доѓааат со развој на депресија. 

Возраста е од 15 до 24 години и навистина е загрижувачка, вели директорт на Клиниката за психијатрија Стојан Бајрактаров.  Причината за ваквата состојба е изложеноста  на социјални комуникации кои создраваат една повлеченост и анксиозност кај младите.

Ненавременото лекување на депресија може да дојде и до одземање на животот.  Во светски рамки самоубиството е водечка причина за смрт во старосната популација меѓу 15 и 29 години. Во Македонија во 2018 година се регистрирани 121 самоубиства од кои 35 на возраст од 15 до 35 години.

800.000 луѓе годишно во светот се решаваат да си го одземат животот, според пресметките едно лице на секој 40 секунди, но во реалниот живот статистиката може да се промени ако навреме се реагира, велат психијатрите по повод Свестки ден посветен на менталното здравје.

Американска професорка снимена како извикува расистички коментари (ВИДЕО)

Наставничка од средно училиште во американската држава Пенсилванија е снимена додека извиклува расистички коментари , а ја снимил афроамерикански родител , кого таа го нарекла ,,црнeц”.

Инцидентот се случил во четвртокот пред средното училиште Дрексел Хил , а наставничката , која работела во училиштето од 2008 , е суспендирана , јавуваат денеска американските медиуми.

Во видеото објавено на Фејсбук, наставничката се гледа како го навредува родителот на нејзин ученик, лута затоа што тој и го оштетил браникот. Даниел Мек Гари, надзорник на средните училишта во округот Горн Дарби, рече дека имал средба со родителот и со наставничката по инцидентот. Тој рече дека однесувањето на наставничката е „длабоко вознемирувачко“ и додаде дека таа може да биде отпуштена.

„Мислам дека вакво однесување не треба да се толерира во нашето училиште или во нашата област“, рече Мекгари.

Познат актер се скрши пред камерите: Секоја ноќ плачам по неа! (ВИДЕО)

Британскиот актер и поранешен фудбалер Вини Џоунс (54) пред три емсеци остана без сопругата Танја, која почина на 54. годишна возраст по шестгодишна битка со ракот на кожата.  

Вини тешко се справува со загубата и признава дека ,,плаче секоја вечер '.

Во емотивно интервју за утринската програма ,,Добро утро Британија”, тој рече дека веста дека неговата сакана сопруга умира дошла како некој да го „удрил со чекан“.

 „Таа ме праша: Дали ќе внимаваш на мене? ' Реков дека ќе го сторам тоа, и за жал не можев да го исполнам тоа ветување “, рече тој во трогателното интервју кое никого  не го остави рамнодушен во публиката. И тие се расплакаа , а актерот доби бројни коментари за поддршка.

Тања на крајот од животот и напишала писмо на нивната ќерка Кали, кое потоа гласно го прочитала на Вини и остатокот од семејството.

"Таа ни порача да не тагуваме, таа ќе чека на нас. Затоа имам сега што да очекувам ", рече Вини. Тој додаде дека неговата сопруга била негова најголема поддршка, како и неверојатно убава жена.

Тој им порача на водителите дека зборува за неговата голема болка во јавноста затоа што сака да им помогне на другите кои се соочуваат со слични проблеми. „Се шетате среде најголемата трагедија во вашиот живот , а луѓето нормално одат на работа, се враќаат од работа, се туркаат во Старбакс“, рече низ солзи Вини.

Ердоган им нареди на сите од неговата партија да купат службен Пасат

Со вложувањето во Турција , Фолксваген доби посебни привилегии за што се ангажира и лично претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Откако германската компанија објави околу милијарда евра инвестиција за изградба на фабрика за автомобили во Турција, Ердоган реши да се заблагодари на свој начин. Тој одлучи сите официјални возила во партијата да бидат заменети со „Фолксваген Пасат“, кој ќе се произведува во Турција, пренесува „Блумберг“.

Поради оваа одлука, водечките партиски функционери ќе треба да ги заменат сегашните Ауди A6 со најновите модели на Passat. Иако станува збор за само 19 примероци, овој тренд се очекува набргу да стигне до државните институции, што значи илјадници примероци. На пример, весникот Созчу објави дека владата минатата година потрошила скоро 100 милиони американски долари за изнајмување возила.

Фабриката во близина на Измир ќе има капацитет од околу 300.000 автомобили годишно, почнувајќи од 2022 година. Пет илјади работници ќе произведат Passat и Skoda Superb, додека фабриката во Емден, Германија ќе се пренемени од Пасат во електрични модели.

И во Турција, пазарот на автомобили не напредува . Во првите седум месеци продажбата се преполови и падна од 481.982 единици во истиот период во 2017 година на само 212.605 единици оваа година.

притисни ентер