СДСМ:Обезбедени 10 милиони евра за субвенционирање на 10.000 семејства за набавка на инвертори

Мерките кои ги презема Владата предводена од СДСМ и сите надлежни институции покажуваат дека политиките што обезбедуваат почист воздух се на прав пат.

Преку Електрани на Северна Македонија обезбедени се 10 милиони евра за субвенционирање на високоефикасни инвертер клима уреди за 10.000 семејства.

10.000 домаќинства кои користат неефикасни уреди за греење на тврдо и фосилно гориво и кои живеат во најзагадените општини како Битола, Кичево, Тетово и Градот Скопје ќе можат да аплицираат за ваучер во висина од 60.000 денари за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди.

При реализација на мерката предност ќе имаат оние семејства чии вкупни приходи се до 30.000 денари.

Греењето со инвертер клима уреди освен што е еколошко е и поевтино од греењето на дрва, што ќе обезбеди заштеда во домашните буџети и позитивно ќе влијае врз решавањето на проблемот со аерозагадувањето кој е најголем токму во грејната сезона.

СДСМ уште еднаш докажува дека е посветена на квалитетна и здрава животна околина, што е предуслов за квалитетен живот на сите граѓани, што воедно е и една од главните заложби во Програмата „Живот за сите".

Продолжуваме со креирање и реализација на политки во интерес на граѓаните и животната средина. Борбата против аерозагадувањето е на прав пат!

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Штафетна трка на бизнис секторот во Скопје

Во Скопје денеска ќе се одржи штафетна трка за тимови од македонскиот бизнис сектор во организација на здружението за спорт и рекреација „Прв до врв".

Стартот е закажан во 11 часот на рекреативната патека на кејот на Вардар кај хотелот „парк", а целта е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење меѓу компаниите и јакнење на тимскиот дух меѓу вработените.

Трката ќе биде штафета со четири измени, а тимовите треба да бидат во мешан машко-женски состав. Патеката е долга осум километри, односно секој учесник ќе треба да истрча по 2.000 метри.

Најбрзите три тимови ќе бидат наградени со златна, сребрена и бронзена штафета, а ќе бидат наградени и двајцата најбрзи поединци во машка и женска конкуренција.

Минатата година најбрз беше тимот на Министерството за финансии, втор беше тимот на НЛБ Банка, а третото место го освои екипата на Телеком./МИА

Продолжува периодот на сончево и топло време

Сончевото и топло време продолжува и во следните денови. За денеска синоптичарите најавуваат топло време со мала до умерена локална облачност и слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура, според најавите, ќе се движи во интервал од 4 и 13 степени, а максималната ќе достигне до 28-тиот степен.

Во Скопје слично време со утринска температура од 10 степени и максимална до 27 степени. /МИА

Џуканович: Одлуката на Европскиот совет е големо разочарување за сите нас во регионот

„Тоа може да има многу негативни последици и за западен Балкан и за ЕУ“

Неможноста за постигнување договор на Европскиот совет за отворање преговори со Македонија и Албанија е големо разочарување за сите нас во регионот, соопшти претседателот на Црна Гора Мило Џуканович.

-Тоа може да има многу негативни последици и за западен Балкан и за Европаска унија, порача претседателот на Црна Гора на Твитер.

притисни ентер