Трамп изјави дека САД на непозната локација ги преместиле некои од најопасните борци на ИД

Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД на непозната локација ги преместиле некои од најопасните борци на исламската држава, кои се заробени на север во Сирија.

На својот Твитер профил објави дека таканаречените „Битлси“ се преместени на непозната локација за да можат да внимаваат на нив, додека трае турскиот воен упад во тоа подрачје.

Како што пренесува Ројтерс  Курдите исто така чуваат илјадници борци на исламска држава  во затвори, па постоела загриженост дека тие би можеле да бидат ослободени ако курдските сили ги остават своите положби.

Трамп не дава прецизна бројка за тоа колку милитанти се преместени од север во Сирија, ниту пак на која локација се наоѓаат сега.

притисни ентер