Заев пристигна во Србија, утре во Нови Сад на трилатерален состанок со Вучиќ и Рама

Премиерот Зоран Заев попладнето пристигна во Србија, а на белградскиот аеродром „Никола Тесла" го пречека српската министерка за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ.

Потоа премиерот Заев со делегацијата се упати кон Нови Сад каде утре, во Офицерскиот павиљон на Петроварадинската тврдина, ќе учествува на трилатерален состанок со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама.

Како што најавија од Кабинетот на српскиот претседател, по завршување на состанокот, кој треба да започне во 9 часот, тројцата лидери на Србија, Северна Македонија и Албанија ќе се обратат на медиумите.

Иницијативата за овој состанок на Вучиќ, Заев и Рама потекна од нивната средба на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, кон крајот на минатиот месец, кога српскиот претседател Александар Вучиќ ја потврди средбата, најавувајќи дека тие доаѓаат во Србија во првата половина на октомври на состанок посветен на отстранување на царинските бариери или како што истакна, со нив „ја иницирал идејата за понатамошно отстранување на различните бариери за водење бизнис на територијата на нашите три држави и слободниот проток на стоки, луѓе и услуги".

Тој додаде дека тоа ќе биде првиот чекор и дека за Србија ќе биде „важно да ја вклучи и Приштина за соработката да биде на повисоко ниво на економски интеграции, отколку во ЦЕФТА, како и да се привлечат и БиХ и Црна Гора."

Покрај бројните изјави на српските министри за т.н. „мал шенген", српскиот претседател објаснувајќи ја темата на средбата изјави дека ќе се разговара за идејата за содавање на еден вид „Цефта плус-плус", додека во најавата за утрешната трилатерлна средба, белградските медиуми ја цитараа изјавата на Вучиќ, кој оцени дека станува збор за „епохална идеја" која добила „целосен консензус" од премиерите на Северна Македонија и Албанија.

-Сфативме дека поединечно сме мали и слаби, но ако се обединиме во однос на економските слободи, ако излеземе како блок кон Европската унија и другите, верувам дека нашата сила ќе биде неспоредливо поголема. Сакаме поцврсто економски да се поврземе, со што драматично би го зголемиле нивото на инвестирање, такво опкружување каде би имале целосна слобода на движењето, сообраќајот и услугите, сето ова би не подигнало и за тоа наидов на целосна отвореност на Заев и Рама, рече претседателот на Србија./МИА 

Џуканович: Одлуката на Европскиот совет е големо разочарување за сите нас во регионот

„Тоа може да има многу негативни последици и за западен Балкан и за ЕУ“

Неможноста за постигнување договор на Европскиот совет за отворање преговори со Македонија и Албанија е големо разочарување за сите нас во регионот, соопшти претседателот на Црна Гора Мило Џуканович.

-Тоа може да има многу негативни последици и за западен Балкан и за Европаска унија, порача претседателот на Црна Гора на Твитер.

Рама: Тоа е судир меѓу големите, ние ги завршивме нашите задачи

По недобивањето на датумот за прегвори, албанскиот премиер Еди Рама изјави дека тоа е судир меѓу големите и дека Тирана ги исполнила своите задачи.

 На опозициското барање тој изјави дека не размислува за оставка.

„Имаме многу нешта да направме и немаме време за губење заради задоволство на оние кои немаат работа и не знаат да најдат работа за себе“.

Џонсон: Нема подобро решение од договорот за Брегзит

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека нема подобро решение од постигнатиот договор за Брегзит.

Џонсон имаше низа состаноци по кои останува неизвесно дали британскиот парламент ќе го прифати новиот договор за излегување на Британија од ЕУ.

„Ги повикувам сите да замислат дека утревечер ќе решиме се, со почитување на желбата на народот. Така ќе имаме шанса да продолжиме напред“ , рекол Џонсон за „Би-Би-Си“.

Британскиот парламент утре ќе одржи вонредна седница на која ќе се гласа за новиот договор за Брегзит.

притисни ентер