Загинаа цивили во офанзивата на Турција во Сирија, реагираа Трамп и Столтенберг (ВИДЕО)

Турција почна со воена операција во Сирија со цел да формира безбедносна зона во регионот под контрола на курдската милиција , сојузници на САД.

Во нападите на селото Мишараф на северот на Сирија се убиени најмалку двајца цивили , а уште неколку се повредени.

Американскиот претседател Доналд Трамп реагираше вечерва по наредбата на Ердоган да ја почне офанзивата.

"Утрово Турција, членка на НАТО, ја нападна Сирија. САД  не го поддржуваат овој напад и и ставија на знаење на Турција дека оваа операција е лоша идеја. Нема американски трупи во областа. Од првиот ден кога влегов во политичката арена, јас јасно имам ставено на знаење дека не ги сакам овие бесконечни, бесмислени војни - особено оние од кои САД немаат корист .  Турција вети дека ќе ги заштити цивилите и верските малцинства, вклучително и христијаните, и да се осигура дека хуманитарната криза нема да се случи - и ние ќе ги држиме за збор. Покрај тоа, Турција сега е одговорна да обезбеди сите борци на ИСИС да останат затворени и дека ИСИС не се зајакнува на кој било начин. Очекуваме Турција да ги исполни сите свои обврски и да продолжи внимателно да ја следи ситуацијата “, рече Трамп.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја повика Турција да биде „воздржана“ во операцијата во Сирија и да не ги „загрозува постигнатите успеси“ во борбата против Исламската држава.

„Важно е да не се преземат активности што можат дополнително да ја дестабилизираат областа, да ги засилат тензиите и да ги зголемат страдањата на луѓето“, предупреди тој во изјавата издадена од Алијансата, откако генералниот секретар разговараше со италијанскиот премиер Џузепе Конте.

Џуканович: Одлуката на Европскиот совет е големо разочарување за сите нас во регионот

„Тоа може да има многу негативни последици и за западен Балкан и за ЕУ“

Неможноста за постигнување договор на Европскиот совет за отворање преговори со Македонија и Албанија е големо разочарување за сите нас во регионот, соопшти претседателот на Црна Гора Мило Џуканович.

-Тоа може да има многу негативни последици и за западен Балкан и за Европаска унија, порача претседателот на Црна Гора на Твитер.

Рама: Тоа е судир меѓу големите, ние ги завршивме нашите задачи

По недобивањето на датумот за прегвори, албанскиот премиер Еди Рама изјави дека тоа е судир меѓу големите и дека Тирана ги исполнила своите задачи.

 На опозициското барање тој изјави дека не размислува за оставка.

„Имаме многу нешта да направме и немаме време за губење заради задоволство на оние кои немаат работа и не знаат да најдат работа за себе“.

Џонсон: Нема подобро решение од договорот за Брегзит

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека нема подобро решение од постигнатиот договор за Брегзит.

Џонсон имаше низа состаноци по кои останува неизвесно дали британскиот парламент ќе го прифати новиот договор за излегување на Британија од ЕУ.

„Ги повикувам сите да замислат дека утревечер ќе решиме се, со почитување на желбата на народот. Така ќе имаме шанса да продолжиме напред“ , рекол Џонсон за „Би-Би-Си“.

Британскиот парламент утре ќе одржи вонредна седница на која ќе се гласа за новиот договор за Брегзит.

притисни ентер