Рама ја пофали македонската опозиција, а ја обвини албанската за разлничните ставови на земјите во ЕУ

Во врска со барањето на Холандија, Албанија да се оценува одделно од Северна Македонија, кога станува збор за отворањето преговори со ЕУ, албанскиот премиер Еди Рама, рече дека „процесот се третира како прашање на домашната политика на Холандија".

Според него, оној што треба да разбере, разбрал, дека сите говори вчера во Холандскиот парламент „биле упатени до електоратот во оваа земја, а не до Албанија".

Во обраќањето на пленарната седница на Парламентот во Тирана, тој ја обвини албанската опозиција дека со своето однесување, откажувањето од пратеничките мандати, бојкотот на локалните избори и искажанте ставови низ западните канцелари ги дефинирала разликите што постојат денес во земјите на Европската унија, во однос на нивниот пристап кон преговорите со Албанија и Северна Македонија.

-Постои голема разлика меѓу опозицијата во нашата соседна земја и опозицискиот пристап овде, чие однесување во добар дел ја определи и разликата во ставовите на земјите членки на ЕУ. Зборувам за опозицијата, која не е во Собранието и која го напушти, се откажа од пратеничките мандати, ги бојкотираше изборите со цел да го поткопа отворањето на преговорите. Северна Македонија не е без конфликти, но тие се целосно поразлични од оние во Албанија. Опозицијата во Северна Македонија, ниту вчера а ниту денес, не оди по канцелариите низ Европа да прави погрешна работа за својата земја, рече меѓу другото Рама.

Во неговиот говор пред да отпатува за Нови Сад каде ќе се сретне со македонскиот премиер Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ, посочил дека „ги обезбедил потписите на Заев и Вучиќ за формирање балкански Шенген". /MИА

Неофицијална средба на Нуредини со Јоханес Хан

Неофицијална средба на министерот Нуредини со еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан.

Министерот Нуредини имаше неофицијална средба со еврокомесарот Јоханес Хан, при што му беше пренесено дека Република Македонија ги исполнила сите очекувани барања за датум за преговори со ЕУ. Тој порача и понатаму да го задржиме позитивниот дух и со крената глава да продолжиме по патот на кој што сме. Хан ја нагласи неговата непоколеблива поддршка во реализацијата на нашите цели за влез во ЕУ, а очекувањата да ги реализираме во најскоро време.

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев веднаш да си поднесе неотповиклива оставка

„Доста беа лаги, доста манипулации. Зоран Заев веднаш да си поднесе неотповиклива оставка. “

Европа кажа не на криминалот и корупцијата, кажа не на рекетот. Европа му кажа не на Зоран Заев, а жртва за жал се граѓаните и Република Македонија. Овој пораз е единствено на сметка на Зоран Заев и погубните политики на СДСМ, а не на македонскиот народ и граѓаните на Македонија.

Нашиот народ живее тешко, над 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, криминалот царува во Македонија, а на чело на криминално рекетарската банда сместена на Илинденска б.б. е аболицираниот Заев. Како што предупредуваше ВМРО-ДПМНЕ, откажувањето од името, идентитетот, јазикот и историјата не се европски вредности, без реформи европската перспектива за Македонија е само мисловна именка.

Потребни се реформи кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги предложи во најкус можен период. Доаѓа обновата на Македонија и крај на криминалната банда која ја корумпираше секоја пора на македонското општество.

Заев е во паника и единствено го одложува неизбежниот крај на неговата трагична политичка кариера во која донесе само порази за македонската држава и македонскиот народ. Заев се плаши само од едно нешто, тој се плаши поради тоа што ќе мора да плати за се што стори. Се плаши бидејќи ќе одговора за лоповлукот, корупцијата, рекетот, криминалните тендери и грантови на штета на македонскиот народ. Крајот е близу, време е за обнова, време е за предвремени парламентарни избори, на кои граѓаните на Република Македонија ќе кажат доста е од корумпирани политичари за кои синоним е Зоран Заев.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE 

Премиерот Заев ќе се обрати до јавноста

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска ќе се обрати до граѓаните и медиумите и ќе одржи прес-конференција.

Откако на самитот во Брисел Македонија не доби датум за старт на преговори како што беше очекувано, денес по повод тоа премиерот Заев ќе се обрати до јавноста

Обраќањето ќе се одржи во Медија центарот на Владата со почеток во 12:00 часот.

Обраќањето ќе може да го проследите на Канал 5 телевизија.

притисни ентер