Одложено мислењето на Венецијанската комисија за Законот за јазици

Иако најавено да се објави идната недела, мислењето на Венецијанската комисија за Законот за употребата на јазиците е одложено, без од таму да ја сооопштат причината за тоа.

Што е спорно во Законот за јазици? За одговор на ова прашање ќе треба да почекаме уште неколку месеци, бидејќи владата побарала од Венецијанската комисија да се одложи финалниот извештај кој беше планирано да се презентира месецов. Премиерот денес потврди дека драфт верзијата од Венецијанската комисија е доставена до Владата, но оцениле дека им е потребно дополнително време за да ги подготват нивните аргументи за законот.

,,Ние информиравме дека драфт верзијата е доставена до нас, ни треба време да ги видиме анализите, затоа што Венецијанската комисија своите ставови ги поткрепува со аргументации, европски правила и норми и европска пракса, но исто така го анализира нашиот систем што може капацитетно да носи. Така што мерењето на добивањето на правда наспроти правото на употреба на јазикот, ако го загрози она првото тогаш прашање е дали им треба на граѓаните.

По воздржаните коментари од ДУИ деновиве, министерката Дескоска вели дека не треба да постојат дилеми за спроведување на забелешките од Венецијанската комисија, односно дека тие ќе бидат преточени во реалност откако комисијата ќе го даде своето официјалнио мислење.

Во драфт верзијата стои дека сегашниот текст на законот за албански јазик се наметнуваат нереални обврски за институциите, особено во судството. Иако, владата тврди дека сите забелешки ќе се спроведат, за измените на законот сепак е потребно двотретинско и бадинтерово мнозинство.

„Спутник V “пристигна во Србија: Русија достави 20 дози од вакцината против корона

Руската вакцина веќе пристигна во Србија. Ова го потврди претседателот Александар Вучиќ синоќа во интервју за РТС.

Пристигнаа 20 дози што одат во нашите лаборатории. „Безбедносно информативната агенција” ги препрати до Торлак, а сега нашите експерти и луѓето од Агенцијата за лекови имаат време да ги испитаат во наредните денови и недели и да кажат дали можеме да го прифатиме тоа или не“, изјави Вучиќ за РТС.

Тој рече дека вакцината Фајзер, која исто така побара регистрација, ќе биде тестирана.

Русија ја објави вакцината уште во август, пред клиничките тестови на големо, дека вакцината Спутник е ефикасна. Овие тврдења предизвикаа сомнеж кај меѓународната научна заедница.

Британија планира да плаќа отштета во висина од 130.000 евра на лицата кои би имале тешки нуспојави од вакцината против корона вирусот.Оваа информација ја соопшти британскла владата откако вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“беше доставена во Велика Британија.

ВМРО-ДПМНЕ: Пикот на короната не поминува исто како и неспособноста на Заев и Филипче

Пикот на короната не поминува исто како и неспособноста на Заев и Филипче која значи смрт за народот.

Пикот на короната не поминува исто како и неспособноста на Заев и Филипче која значи смрт за народот, и неодговорноста на власта ги чини граѓаните здравје и животи.

Во последното деноноќие Македонија бележи нов црн биланс со 1.342 нови заразени и 22 починати лица од КОВИД вирусот. Со ова Македонија достигна до 1.847 жртви и е во земјите црни рекордери на светско ниво по смртност на милион жители.

Неспособните Заев, Филипче и изгубениот Ангелов не преземаат никакви мерки да ги заштитат граѓаните, туку само манипулираат со јавноста дека се е под контрола. А, контролата одамна е изгубена, болниците се преполни, пациентите немаат доволно кислород, за тестирање граѓаните чекаат со денови, а со саати да дојде брза помош. Секојдневните сведоштва на граѓаните ги демантираат лагите на власта. Нивните лаги убиваат за жал секој ден и тоа луѓето го плаќаат со своите животи.

Оставки и одговорност мора да има, бидејќи епидемијата наречена власт на Заев е подеднакво опасна како и КОВИД вирусот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Дожд утринава во Демир Капија и Гевгелија, магла во Скопје, Тетово и Пожаране

Во земјава утринава е облачно и магловито. Врнежи од дожд има во Демир Капија и Гевгелија, а магла во делови од Скопската котлина, во Тетово и Пожаране.

Според информациите од УХРМ, најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Пожаране – 13 литри на метар квадратен по што следува Тетово со 9, Гевгелија со пет и Битола со два литра на метар квадратен.

Утринските температури во целата држава се над нулата.

За денеска синоптичарите најавуваат значително облачно со повремен дожд кој ќе биде поинтензивен во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11 степени. Во Скопје слично време со максимална температура до 9 степени.

притисни ентер