По објавите на блогот, Боркаи е обвинет за злоупотреба на службената должност, корупција, употреба на дрога и проституција.
Набргу по тој текст, на блогот беа објавени фотографии и видеа за да се прикаже градоначалникот дека има секс со една млада жена, додека други, едвај облечени лица се во истата просторија, пренесуваат унгарските медиуми.
Минатиот понеделник, анонимен автор започна да објавува приказни за еден адвокат и неговиот пријател. Блогот, наречен „Адвокат на ѓаволот“, подоцна беше откриено дека е градоначалникот Золт Боркаи, кој исто така е поранешен олимписки гимнастичар и поранешен претседател на унгарскиот олимписки комитет. Друг човек споменат на овој блог е Золтан Рикосфалви, еден од највлијателните бизнисмени во Ѓер, исто така тесно поврзан со политиката на Фидес на Виктор Орбан.
Името на Рикосфалви веќе се појави во весникот пред неколку години. Поточно, во 2012 година, тој купи земја каде што Ауди сакаше да го прошири својот логистички центар, а по наддавањето на земјата стана исклучително вредно, па токму затоа Рикосфалви заработи многу пари. Исто така, откако доби отстапки за казино во Ѓер, Печ и Мисколц, тој стана еден од најголемите сопственици на казина во Унгарија. И во двата случаи тоа беше поврзано со корупција.
Подоцна, на интернет се појавија фотографии и снимки од патување со јахта низ Јадранот, сите направени во близина на Дубровник. На нив градоначалникот и неговиот пријател Ракосфалви се во друштво на голем број на млади жени. На една слика е прикажано дека Боркаи има секс со една од девојките, а видеото е објавено на една од најпопуларните порно-страници.
Авторот на блогот вети дека ќе објави повеќе компромитирачки содржини во идните објави.
,,Ќе објавам и слики на кои се гледа како шверцува кокаин. Имам други снимки, не само оваа од минатата година, но вие тоа веќе го знаете “, напиша авторот на блогот, обраќајќи му се на градоначалникот.
Золт Боркаи го откажа последниот настан од својата кампања и издаде само кратко известување: ,,Сметам дека лагите објавени за мене се дел од циркусот на опозициската кампања, која има за цел да го одвлече вниманието од сопствената неспособност“, рече тој.
Подоцна призна дека тој бил на контроверзните фотографии објавени од непознато лице на блогот, но тврди дека нема да поднесе оставка и дека ќе се кандидира за градоначалник во недела, јавува Унгарија денес.