Покрај Бојан Јовановски, во оваа истрага за перење на пари и измама осомничени се и пратеничката од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, која беше почесен претседател на Сојузот, таткото на Боки 13, Миле Јовановски, неговата асистентка, како и Јасна Мандиќ, потпретседател на невладината и директор на 1 ТВ, дознаваме од извори во истрагата.
Петтемина се сомничат дека биле вмешани во трансферот на околу еден милион евра од градежните фирми Пелистер и Дрим билдинг, за наводна изградаба на старечки домови..
Во периодот од јули 2017 година до април 2018 година, првоосомничениот како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво. Тој, лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа и субвенционирање од страна на државата, од оштетените преку авторска агенција успеал да добие парични средства од 719.905 евра од едното правно лице и 233.821 евра од другото. Останатите осомничени лица со умисла му помагале на првоосомничениот во извршувањето на кривичните дела изготвувајќи договори, подигнувајќи ги уплатените средства и уплаќајќи средства на други правни лица по основ на позајмица или донација. Воедно, едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт.
Функционерот за кој зборува обвинителството е Фросина Ременски, која еднаш веќе даде исказ пред Русковска.. Тогаш тврдеше дека иако била дел од невладината, не знаела ништо за трансакциите..
За случајот искази веќе дадоа и сопствениците на градежните фирми. Амзоски од Дрим Билдинг не коменитраше по исказот, но во изјава за Канал5 кажа дека веќе поднел тужба и си ги бара назад дадени 233.000 евра. Барање за поврат на дадените 720.000 евра најави и Сиљан Мицевски од фирмата Пелистар.
Спорните трансакции беа откриени откако во јавноста се појавија информации дека парите од Пелистер легнале на сметката на пензионерката Лилјана Тодорвска, на име авторкси хонорал, но веднаш по подигнувањето, според нејзите изјави, парите и биле одземени од луѓето од Меѓународниот сојуз.
Вториот транфер на парите, од струшкиот Дрим Билдинг, според докумените што се појавија, биле уплатени на сметка на Јасна Мандиќ, како координатор на проектот.