Канал 5 одбележува 21 година од своето постоење

Канал 5 во 1998 година стартуваше како скопска локална телевизија, а за брзо време се здоби со национална фреквенција и стана национален бренд и лидер во македонскиот медиумски простор.

Еве кратка ретроспектива за работата во минатите 21 година.

ДИК: Граѓаните да излезат на избори, исполнети се сите услови за безбедно гласање

Сите услови за безбедно гласање се исполнети. Државната изборна комисија ги повика гласачите утре да излезат на гласачките места. 

Македонските граѓани утре гласаат на десеттите по ред парламентарни избори. За првпат во услови на епидемијата и под посебни здравствени протоколи. Излегувањето на гласачките места нема да претставува ризик за здравјето на граѓаните, уверува претседателот на ДИК, Оливер Дерковски. Согласно здравствените протоколи предвидени се дезинфекција на самиот влез и излез од гласачките места, а задолжително е и носењето маска.

Од ДИК повикаа и да не се злоупотребуваат социјалните мрежи, преку објавување на наводни резултати од гласањето на заразените со Ковид, болните, изнемоштените и затворениците, бидејќи, како што велат, ливчињата ќе се пребројуваат заедно со сите останати, утревечер.

Членовите на Комисијата, на денешната седница, потсетија и кое гласачко ливче ќе се смета за важечко, а кое не.

Избирачките места ќе бидат отворени во седум часот, а гласањето ќе трае се до 21 часот. Право на глас имаат 1.814,263 граѓани, кои на веб-страницата избирачкисписок.гов.мк ќе можат да ги проверат своите податоци и точната локација каде ќе гласаат. За дополнителни прашања службите на ДИК ќе одговораат на бројот 080055544, а повреда на избирачкото право, кај Народниот правобранител, ќе се пријавува на телефонската линија 080054321.

„Само Вистина" со д-р Жан Митрев

Во вечерашната „Само Вистина“ гостуваше д-р Жан Митрев.

Најмладиот пациент третиран со хемофилтрација имаше 23 години. Голем проблем претставува и суперинфекцијата кога пациент подолго време е болен и шансите на него да се накалеми една болничка инфекција е многу полесно, рече д-р Митрев.

Огромен број луѓе во светот се лекуваат со хемофилтрација, потенцира д-р Митрев.

Тие што ќе прележат коронавирус нема гаранција дека имаат имунитет, затоа и медицината е во паника и се пробуваат нови методи за лекување, рече д-р Митрев.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Вистина".

Прославата во Париз се претвори во насилен протест со солзавец и приведени (ВИДЕО)

Во центарот на Париз, по прославата по повод падот на Бастилја, започнаа протести на медицинскиот персонал, јавуваат медиумите.

Медицинските лица, кои бараат повисоки плати, се собраа на плоштадот Република и плоштадот Бастилја. Заедно со нив излегоа на улиците и „жолтите елеци“.

Според француските медиуми, дошло до судир меѓу демонстрантите и полицијата, која фрлала солзавец врз насобраните демонстранти.

Протестите ги организирале синдикатите на медицинските работници кои, меѓу другото, побараа и зголемување на финансирањето за француските болници.

притисни ентер