Холандскиот парламент даде зелено светло за земјава за почеток на преговори со ЕУ

По многу дилеми и дебати доцна синоќа комисијата за европски прашања на Холандскиот парламент одлучи да даде „зелено светло“ Македонија да ги почне пред пристапните преговори со Европската  Унија. 

Холандија ги поздравува напредокот и реформите во земјава со акцент на Преспанскиот договор, задоволни се што се спасени предметите на СЈО, но очекуваат и набрзо да се донесе законот за обвинителство. Холандија исто така е на став дека Македонија и Албанија треба да се одвојат и при носењето на заклучоците двете земји да се оценуваат одделно. Холандија потврдува дека официјална Тирана, за разлика од Македонија не е подготвена да ги почне преговорите со ЕУ.

Ова директно го кажа министерот за надворешни работи Штеф Блок, кој за време на расправата во парламентот кажа дека влада смета дека не треба да се отворат преговори за пристапување на Албанија, но не образложи дали ова и дефинитивно значи вето за Тирана. По одлуката на комисија со официјално соопштение испратија и од тамошното МНР.

„Земјите кандидатки мора да ги исполнат строгите критериуми пред да се направи следниот чекор во процесот на интеграција. Во јуни 2018, советот постави неколку критериуми да бидат исполнети од северна Македонија пред да бидат отворени преговорите. направениот напредок е охрабрувачки, -Холандско МНР.

Можеби единственото отворено прашање во овој момент е ставот на Франција, а најавите се дека претседателот Макрон најверојатно одлуката ќе ја донесе за време на собирот на европските лидери, а тоа го потврдува и францускиот амбасадор во земјава.

Во меѓувреме алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис стравува дека ако Албанија не добие датум за преговори, односно двете земји бидат раздвоени, тоа можела да ја дестабилизира грчката северна граница, односно онаа со Македонија. Со други зборови тој се плаши дека можен е конфликт во земјава ако Тирана не добие датум за ЕУ.

Бидејќи албанскиот елемент е присутен во целиот регион, разделувањето и почетокот на пристапни преговори со само една земја кандидат, може, наместо да ја продлабочи стабилноста, да предизвика одново појавување на дестабилизација на нашата северна граница. Затоа нашата земја смета дека треба истовремено да се донесе одлука за почеток на пристапни преговори за двете земји, – Варвициотис.

Следната недела е клучна за евро интеграциите на земјава. Дефинитивната одлука дали ќе се отворат преговори ќе биде донесена за време на Самитот на ЕУ во Брисел.

Европратеникот, фатен како бега преку олук од геј-оргија , ја напушти и партијата на Орбан

Унгарскиот политичар Јозеф Шајер ја напуштил владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан, откако се обидел да избега од хомосексуална оргија при полициска рација во Брисел, бегајќи преку олукот.

Орбан за весникот Magyar Nemzet изјави дека постапката на Шајер „не може да биде оправдана“ и дека е во спротивност со вредностите на Фидес, која што се претставува како приврзаник на традиционалните христијански и семејни вредности.

Шајер е еден од основачите на Фидес и бил соработник на Орбан повеќе од 30 години.

Тој бил водечката сила на Фидес во Европскиот парламент и одиграл клучна улога во измената на унгарскиот устав по победата на Орбан на изборите во 2010 година.

„Дејствата на нашиот колега Јозеф Шајер се некомпатибилни со вредностите на нашето политичко семејство“, рече Орбан.

"Ние нема да ги заборавиме или отфрлиме неговите 30 години работа, но неговиот чин е неприфатлив и не може да биде оправдан. Тој ја донесе единствената можна соодветна одлука кога се извини, поднесе оставка како европратеник и го напушти Фидес", додаде Орбан.

Шајер во неделата поднел оставка од функцијата европратеник и во изјавата во вторникот им се извинил на семејството, колегите и гласачите, велејќи дека жали што ги прекршил белгиските мерки против коронавирусот.

Околу 20 лица, вклучително и Шајер и засега непознати дипломати, биле казнети за присуство на приватна забава во петокот вечерта на која имало секс, дрога и алкохол. Полицијата открила дрога во близина на Шајаер.

"Не користев дрога, им реков на полицајците дека сум подготвен да одам на тест за дрога. Полицијата соопшти дека е пронајдена една пилула екстази, но не е моја, немам идеја кој ми ја наместил", рече тој.

Политичките аналитичари веруваат дека инцидентот може да му наштети на Орбан, чија конзервативна влада ги застапува христијанските и семејните вредности и ја зајакнува својата реторика против ЛГБТ заедницата.

Инцидентот избил во чувствително време за Орбан, кој е во расправија со Брисел околу условот на долгорочниот европски буџет со почитување на владеењето на правото.

Унгарија и Полска ставија вето на буџетот , во кој другите земји на ЕУ гледаат спас од кризата.

Атрактивна фудбалска судијка ужива на плажа во божиќно издание (ФОТО)

Атрактивната италијанско-американска манекенка, 38-годишна Клаудија Романи ужива во радостите на Божиќ.

Згодната Италијанка поради својата кариера се преселила од родната земја во Данска, подоцна замина во Велика Британија, а во последно време поминува време уживајќи на плажите во Мајами.

Оваа секси манекенка, која се појавила на насловните страници на магазините GQ и Maxim, а FHM ја рангира меѓу 100-те најсекси жени во светот во 2006 година, живее во Мајами, Флорида од 2010 година, а минатата година стана американски државјанин. Сега, пак, папараците ја фатија на песочната плажа во божиќно издание.

Таа носи црно-виолетово бикини со кое комбинира виолетова капа на Дедо Мраз.

Освен како модел, оваа секси Италијанка работи и како фудбалски судија, имено, има лиценца и може да суди во елитниот ранг на италијанскиот фудбалски шампионат. Претходно, таа едноставно објасни што ја привлекло кон судењето:

- Трчањето на терен со играчите и донесувањето одлуки е едноставно неодолива можност - изјави атрактивната фудбалска судијка која е ревносен поддржувач на клубот од Милано.

Волшебната Клаудија учествувала во француското реално шоу „Тајна приказна“ пред пет години, често истакнува дека е вегетаријанка и се фали како зборува шест јазици. Во слободното време, таа сака да предвидува спортски резултати и тоа го прави во долна облека.

Романи претходно и била позната на јавноста како поранешна девојка на легендарниот пензиониран фудбалер Пипо Инзаги, а денес е свршена за Крис Веховац, кој е одговорен за нејзините бројни секси фотографии.

Селена Гомез е во тајна врска со познат кошаркар?!

Откако минатиот месец биле видени на вечера во францускиот ресторан Лусиен во Њујорк, некои медиуми и социјални мрежи објавија нова романса помеѓу пејачката Селена Гомез (28) и кошаркарот Џими Батлер (31).

„Тие дефинитивно изгледаа како да се на романтична средба“, велат очевидци, според „Page Six“.

Играчот на Мајами Хит пред Селена бил со манекенката Кејтлин Новак со која ја има едногодишната ќерка Рајли - се чини дека поранешните партнери останале во добри односи дури и по раскинувањето, бидејќи Кејтлин е видена како го слави успехот на Батлер во финалето на НБА во септември.

Во меѓувреме, Гомез во септември изјави дека пандемијата на коронавирус целосно и го запрела љубовниот живот.

Да потсетиме, таа некогаш го сакаше колегата Ник Џонас, со години беше во бурна врска со пејачот Џастин Бибер, а по него беше видена со раперот The Weeknd.

Дали има вистина во гласините за романса со кошаркарот, ќе покаже времето - досега ниту Селена ниту Џими не ги потврдиле или негирале медиумските шпекулации.

притисни ентер