Филипче: Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт, решен е недостигот

 Министерот за здравство Венко Филипче смета дека секој граѓанин, секој пациент има право да има пристап до лек во кој било ден од месецот и оти со мерката за укинување на квотите за лекови на рецепт е решен проблемот со недостигот на лекови.

-Нема да има повеќе ниту паника, ниту турканици, ниту пак ќе има формирање домашни аптеки. Ова е мерка во интерес директно на граѓаните. Конечно се спокојни дека до лек можат да дојдат во која било аптека, кој било ден од месецот. Се рационализира начинот на препишување и се воспоставува контрола. Во Фондот за здравствено осигурување веќе е во тек креирање на стратегија на т.е Electronic Health Record, софтверски систем којшто во себе ги обединува сите јавно-здравствени институции и сите податоци од пациентите во рамките на системот, изјави министерот Филипче во гостувањето во утринската емисија на Сител телевизија

Филипче најави неколку мерки кои, како што рече, значително ќе го зајакнат здравствениот систем.

-Следат уште неколку мерки, како менување на позитивната листа на лекови и надополнување на листата со модерни лекови. Таа досега не е сменета повеќе од 10 години. Значи не само што обезбедуваме пристап до терапија, во следниот период значајно ќе го подобриме и квалитетот на лековите коишто се нудат, потенцираше министерот Филипче.

Тој, како што информира Министерството за здравство, истакна дека граѓаните заслужуваат да имаат една модерна институција во коишто ќе бидат пружени здравствени услуги.

-Се реновираа повеќе оддели. Одделите на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, операционите сали на Клиниката за ортопедија, интензивната нега на Клиниката за неврохирургија, каде што лежат најтешките пациенти од цела држава. Се реновираше и Клиниката за хематологија, се пушти во употреба Ургентниот центар во Куманово. Продолжуваме со работа на крилото во струмичката болница, а реконструкцијата во болницата „Св. Еразмо" е при самиот крај. Во 2020 година навистина ќе бидат во функција многу реновирани и многу започнати нови објекти, не само во Скопје, туку и во другите градови во државата, рече министерот Филипче.

Дневен хороскоп за 4. декември 2020 година

Дневен хороскоп за петок, 4. декември 2020 година.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе успеете да спитите пријатно со корисно. Саканата личност ќе ја поврзете со поширок круг луѓе со кои и деловно переговарате.

Кариера

Договорите ќе се одвиваат по системот,,тргни-застани” , но нема да ви претставува тешкотија. Ќе работите со желба и без застој.

Здравје и совет

И натаму сте одлично.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Би можело да има застој во односите , зашто зборовите ќе ви бидат премногу љубезни. Внимавајте да не ве прогласат за слаткоречив.

Кариера

Вашите деловни амбиции се големи , но такви се и можностите. Денеска внимавајте да не паднете во стапицата на самодопадливост.

Здравје и совет

Вежбајте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Оние кои сонуваат , мора да се симнат на земја. Саканата личност во тоа ќе им помогне , а тогаш ќе увидат дека тоа е здраво.

Кариера

Ќе дојде до израз нерационално трошење пари , а вие сето тоа ќе мора да го оправдате и да го решавате.

Здравје и совет

Бидете што е можно поразумни.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Партнерот ќе има свои желби и барања , кои во прв момент ќе ви изгледаат неразумни , но набргу ќес е снајдете.

Кариера

Ќе има преоден несклад со соработниците , зашто некои од нив ќе покажат нестабилност.Но , долгорочно се се одвива одлично.

Здравје и совет

Прошетајте се на воздух.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Веројатно ќе покажете доза на несигурност , што малку ќе ја обесхрабри дугата страна.Потрудете се да верувате во она што го доживувате.

Кариера

Веројатен е трошок на кој не сте сметале ниту вие ниту вашите соработници. Ќе надоместувате за да се снајдете во моментот.

Здравје и совет

Штедете го грлото и гласните жици.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Кога ќе ви се пристори дека сте тргнале чекор напред , нешто ве враќа наназад. Така е тоа кога се брзате и работите површно. Бидете поискрени.

Кариера

Не се грижете поради трошоците , туку обидете се да работите напорно и без многу размислувања.Резултатите ќе дојдат подоцна.

Здравје и совет

Ви недостига трпение.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Во сексуалните прашања ќе имате мало двоумење околу стилот.Секој сака да ужива на свој начин.

Кариера

Некој би можел да ви пререче дека на работа трошите на неважни ситници. Ќе ги аргументирате своите издатоци.

Здравје и совет

Редовно опуштајте се.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе прифатите мало малтретирање од саканата личност , на која повторно ќе и кажете колку ви значи. Тоа ќе биде добар вовед во убава љубовна приказна.

Кариера

Ќе знаете како да ги насочите и оние соработници кои не се многу вредни. Со личен пример ќе ги мотивирате на работа.

Здравје и совет

Немате грижи.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Се што ќе се случува денеска ќе ви носи само немир , фрустрации и нови прашања. Обидете се да останете мирни и трпеливи.

Кариера

Пред вас е ден полн со предизвици , во кој ќе мора да разграничите што сакаат шефовите , кои се целите , кој е пријател , а кој непријател.

Здравје и совет

Останете будни.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Освен што и натаму не ви цветаат рози во љубовта, денешниот ден би можел да ви донесе и некои семејни нестабилности.

Кариера

Ќе бидете распнати меѓу желбите и можностите . Ваше е да најдете златна средина и да се прилагодите на позитивен начин.

Здравје и совет

Немир и незадоволство.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Можно е дека со саканата личност ќе разговарате за дестинација на која сакате да отпатувате. Сеуште нема да се договорите.

Кариера

Во вашата работа ќе се вклучат нови луѓе , со кои ќе мора да научите да комуницирате. Ќе има мали несогласувања.

Здравје и совет

Некој нема да ви се допадне .

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Усогласувањето на ставовите со саканата личност , веројатно ќе потрае и денеска. Ќе употребите хумор.

Кариера

Вашиот работен ден ќе биде доста шарен. Ќе работите се и сешто и ќе ве има на повеќе места. Динамичен ден.

Здравје и совет

Легнете да спиете на време.

Белград осамна со графити во чест на Марадона

Диего Марадона почина минатата среда, а оваа недела влезе во главниот град на Србија преку неколку нови графити – посветени токму на него.

И, додека огромен графит во чест на славниот аргентински фудбалер се појави во Миријево, како што можете да видите во следното видео, славниот ас кој почина набргу по неговиот 60-ти роденден - доби и мурал на Дорќол:

Диего Армандо Марадона е прикажан на улицата „Страхињиќа Бана“ на ѕидот на зградата со текст "Дорќол, брате. Аргентина", како и зборовите "El grande" (голем).

Најпровокативната спортистка во светот повторно шокира

„Кога јас ќе се соблечам, тоа е скандал, а кога нему му се гледа онаа работа...“

Американката Пејџ Спиранац, чие презиме потекнува од овие простори, е една од најпопуларните професионални голфери во светот и една од најубавите спортистки.

Но, таа честопати се впушта во неволји поради своето однесување. Токму како што беше случај сега, кога го коментираше изгледот на колегата.

Имено, славниот голфер Грег Норман објави фотографија на Инстаграм од плажата каде беше во друштво на своето куче, но Спиранац реши да напише неколку зборови во коментарите во врска со детаљот што и привлекол внимание:

"Грег "ајкула" Норман. Иако ... повеќе е ајкула-чекан."

Како што пренесува хрватскиот портал 24сата, некои веднаш ја обвиниле.

"Се жалиш на мажите кои го коментираат твоето тело, а потоа коментираш тело на некој маж. Тоа не оди едно со друго, Пејџ".

Сепак, Пејџ Спиранац не се предавала толку лесно.

"Постојано добивам такви коментари. Сакам да биде јасно дека никогаш и никогаш нема да се жалам на тоа. Само не нарекувајте ме ку... поради маиците што сакам да ги носам. Грег Норман објави фотографија без маица на која јасно се гледаат неговите гениталии и добива пофалби за тоа што му е голем. A ако жена со големи гради објави слика во бикини, многу коментари одат во насока дека е ку... и привлекува внимание ”, напиша таа како одговор на еден од корисниците на Инстаграм.

притисни ентер