Италијанскиот парламент се намалува за една третина

Италијанскиот парламент изгласа намалување на бројот на пратенци за повеќе од една третина , како дел од уставните реформи што ги заговара движењето Пет ѕвезди (М5С), што може од темел да ја смени политичката сцена.

Предлог-законот, кој беше поддржан од скоро сите партии, предвидува намалување на бројот на членовите на долниот дом од сегашните 630 на 400, а во Сенатот од 315 на 200.

М5С вели дека намалувањето, кое треба да стапи на сила на следните избори во 2023 година, ќе заштеди стотици милиони евра и ќе го направи парламентот поефикасен.

„Ова е голема победа за италијанскиот народ и граѓаните“, рече водачот на М5С и министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо по гласањето.

Претставниците на партијата носеа транспаренти на кои пишуваше „милијарда евра на граѓаните“ и „Помалку пратеници, повеќе медицински сестри“.

Сепак, реформите можеби ќе треба да го поминат тестот на референдум, при што противниците ќе тврдат дека ја ослабуваат демократијата со тоа што ќе им олеснат на лобистите да влијаат на помалку пратеници.

Уставната измена се донесе во две рунди на гласање. Претставничкиот дом конечно го усвои со 553 гласови „за“, 14 „против“ и два „воздржани“.

Во големиот политички пресврт, реформата беше поддржана од Демократската партија на левиот центар (ПД), откако постигна коалициски договор со М5С, која повикува на измени во изборниот законик.

Три американски држави бележат рекорден број на жртви од коронавирусот

Алабама, Флорида и Северна Каролина денеска забележале рекордни смртни случаи од коронавирус, во време кога инфекцијата забрзува низ САД.

Бројот на заразени лица започна да се зголемува пред шест недели, особено во јужните и западните држави како Аризона, Калифорнија, Флорида и Тексас, кои се меѓу првите што ги укинаа рестриктивните мерки наметнати за да се запре ширењето на вирусот.

Инфекцијата забрза минатата недела во 46 од 50 држави на САД, пренесува Ројтерс. Во јули е регистриран рекорден дневен број нови инфекции од 28 држави.

Со 3,3 милиони случаи, Соединетите држави се најпогодената земја на светот во однос на населението, заедно со Перу, и со повеќе од 135 илјади смртни случаи, е на седмото место по смртни случаи во однос на вкупното население.

Флорида вчера пријави 133 смртни случаи, со што вкупниот број достигна 4,5 илјади. Претходниот рекорд е поставен на 9 јули, кога имало 120 смртни случаи. Вчера Алабама има рекордни 40 смртни случаи, а Северна Каролина 35.

Поради зголемениот број заразени и починати, наставниците и професорите од Калифорнија до Висконсин ќе одржуваат предавања преку интернет наместо во училници кога ќе започне новата учебна година за неколку недели.

Претседателот на САД, Доналд Трамп се закани дека нема да ги финансира или ослободува образовните институции кои одбиваат да ги вратат часовите во училниците, од кои повеќето се финансирани на сојузно ниво или од локални даноци.

Кампањата на Трамп пред претседателските избори на 3 ноември , се темели на отворање на училниците и враќањето на родителите на работа , што е клучно за економското закрепнување.

Државата Њујорк планира да ги отвори своите училишта во области каде што бројот на заразени претходните неколку недели е под 5 проценти од оние кои дневно се тестираат.

Таа сојузна држава е една од само четирите каде што минатата недела падна бројот на ново заразени. Градот Њујорк, каде што во голема мерка се почитуваат мерките за социјално растојание и носењето маски, неодамна евидентира ден без жртви за прв пат од март.

Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо вчера ги додаде Минесота, Њу Мексико, Охајо и Висконсин на списокот на 22 држави од каде што пристигнатите патници мораат да поминат 14 дена во карантин.

Британските туристи дивеат во Шпанија, нема корона заштита и полиција (ВИДЕО)

Иако ги поканија Британците да дојдат кај нив на одмор затоа што се безбедна дестинација, откако се рашири снимката од одморалиштето Магалуф на социјалните мрежи, многу Шпанци се покајаа.

Социјалното растојание и карантинот би можеле да бидат залудни ако туристите продолжат да се забавуваат како на снимките објавени на социјалните мрежи.

Снимките на пијани британски туристи кои скокаат по автомобили и танцуваа се појавија на Твитер. Еден добар дел од шпанското население сè уште се придржува кон правилата на социјална дистанца, а фактот што Британците го прават токму спротивното, ги налути.

„Во Пунта Балена има тотален хаос. Стотици кучкини синови од Велика Британија“, може да се прочита на социјалните медиуми.

"Без маски, скокаат по автомобили и пијат на улиците. Ова е катастрофа. Каде е полицијата, срамота", се лутат Шпанците.

„Делови од Шпанија се ставени во карантин, постарите жители се затворени во своите домови, сите ние носиме маски надвор, а во Магалуф Британците прават што сакаат. Срамно“, се коментира на Твитер.

Во полиција биле пријавени најмалку 60 нелегални забави, а имало судири меѓу локалното население и туристите. Паричните казни за организирање на вакви забави сега изнесуваат 600.000 евра.

Но, Британците не се единствените. Германскиот министер за здравство Јенс Шпан го осуди однесувањето на неговите граѓани на Мајорка.

Ердоган и Трамп договориле соработка во Либија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп се согласија во телефонски разговор да соработуваат во Либија.

Тие веруваат дека тоа ќе обезбеди трајна стабилност во земјата, објави денеска турското претседателство.

Турција ја поддржува меѓународно признатата влада на националниот договор во Либија, кој се бори против источната либиска национална армија, која ја поддржуваат Обединетите Арапски Емирати, Египет и Русија, јави Ројтерс.

Анкара претходно објави дека Соединетите држави мора да играат поактивна улога во Либија.

Трамп и Ердоган разговарале и за билатералните односи и постигнувањето трговска размена во вредност од планираните 100 милијарди долари, објави турското претседателство.

притисни ентер