Иранката што се изобличила за да личи на Анџелина Џоли , заврши во затвор

Иранската полиција ја уапси ѕвездата на Инстаграм во таа земја , зашто со пластични операции драстично си го сменила изгледт со цел да личи на Анџелина Џоли.  

Сахар Табар (21), беше приведена под судски налог во Техеран, поради тоа што се занимава со „културни злосторства“ и социјална и морална корупција, јави агенцијата Тасним.

Таа е обвинета за богохулење, поттикнување насилство, незаконско стекнување имот, поттикнување на младите кон корупција и непочитување на кодексот на облекување.

Сахар Табар се здоби со популарност на Инстаграм и има повеќе од 26 000 следбеници откако минатата година објави фотографии со лицето по пластична операција. Повеќето нејзини фотографии и видеа што ги сподели на Инстаграм се обработувани во фотошоп за да личи на големата холивудска sвезда Анџелина Џоли. Нејзиниот профил е исполнет со морничави фотографии од нејзиното испиено лице, напумпани усни и зашилен нос.

На некои фотографии, Сахар Табар има бела лепенка на носот, вообичаена по пластична операција. Ваквите фластери може да се видат на лицата на многу Иранци на улиците на Техеран. Естетските операции се исклучително популарни во Исламската Република и десетици илјади вакви операции се вршат годишно. По приведувањето , нејзиниот профил е избришан, додека Инстаграм е единствената социјална мрежа дозволена во Иран.

Се отвори огромна дупка среде Рим и „проголта“ два автомобила (ВИДЕО)

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобила среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупката.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

Најмалку 45 загинати во автобуска несреќа во Јужна Африка

Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка во која учествувал автобус, соопшти јужноафриканското Министерство за транспорт.

Едно лице е тешко повредено.

Несреќата се случила во близина на Маматлакала, во провинцијата Лимпопо, јавува Ројтерс.

Дејвид Бекам објави снимка како вежба: Не сакам ова да го види жена ми (ВИДЕО)

Дејвид Бекам се пофали на Инстаграм со видео на кое вежба без маица и ги воодушеви своите фанови.

48-годишниот поранешен фудбалер покажа дел од своите напорни тренинзи, а неговите стомачни мускули, како и бројните тетоважи на телото ги привлекоа погледите на фановите.

„Ти си како виното, се подобруваш со годините“, „Секогаш си силен“, „Ова ми го разубави денот“ и „Не сакам жена ми да го види ова“, се само дел од коментарите на обожавателите.

Да потсетиме, неговата сопруга Викторија неодамна покажа подарок што го доби од него, а кој целосно ја воодушеви.

притисни ентер