Вучиќ и Ердоган во Белград цртаа патишта и железници по картата на БиХ

На трилетаралната средба ,на турскиот и српскиот претседател , Реџеп Таип Ердоган и Алексдандар Вучиќ заедно со претставниците на претседателството на БиХ , на картата на оваа земја беа исцртувани нови патишта и железници.

,,Кога ги поврзувате луѓето, тогаш тие размислуваат многу повеќе за подобар живот и поинаков животен стандард наместо како да се борат”, рече српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград по трилатералниот самит Србија - Турција - Босна и Херцеговина, велејќи дека денес се „прв пат мапите служат за цртање автопати и железнички линии“ кои ќе ги поврзат луѓето во регионот.

Вучиќ на трилатерална средба беше домаќин на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и членовите на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, Милорад Додик и Шефик Џаферовиќ, а по денешната средба, двајца претседатели и членовите на Претседателството на БиХ учествува во започнувањето со работите за изградбата на автопатот Белград - Сараево во што ќе бидат инвестирани 250 милиони евра.

"Мислам дека сите бевме среќни да ги разгледаме тие карти. Кога ги поврзувате луѓето, тогаш тие размислуваат многу повеќе за стандардот отколку како да се расправаат", рече Вучиќ по трилатералниот состанок, заблагодарувајќи му се на турскиот претседател за посветеноста да помогне во стабилизирање на односите на Балканот.

Турскиот шеф на државата, кој од вчера е во посета на Србија, втора во последните две години, го опиша денешниот трилатерален самит како „плоден“ и ја најави следната средба во БиХ, а потоа и во Турција.

Џуканович: Одлуката на Европскиот совет е големо разочарување за сите нас во регионот

„Тоа може да има многу негативни последици и за западен Балкан и за ЕУ“

Неможноста за постигнување договор на Европскиот совет за отворање преговори со Македонија и Албанија е големо разочарување за сите нас во регионот, соопшти претседателот на Црна Гора Мило Џуканович.

-Тоа може да има многу негативни последици и за западен Балкан и за Европаска унија, порача претседателот на Црна Гора на Твитер.

Рама: Тоа е судир меѓу големите, ние ги завршивме нашите задачи

По недобивањето на датумот за прегвори, албанскиот премиер Еди Рама изјави дека тоа е судир меѓу големите и дека Тирана ги исполнила своите задачи.

 На опозициското барање тој изјави дека не размислува за оставка.

„Имаме многу нешта да направме и немаме време за губење заради задоволство на оние кои немаат работа и не знаат да најдат работа за себе“.

Џонсон: Нема подобро решение од договорот за Брегзит

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека нема подобро решение од постигнатиот договор за Брегзит.

Џонсон имаше низа состаноци по кои останува неизвесно дали британскиот парламент ќе го прифати новиот договор за излегување на Британија од ЕУ.

„Ги повикувам сите да замислат дека утревечер ќе решиме се, со почитување на желбата на народот. Така ќе имаме шанса да продолжиме напред“ , рекол Џонсон за „Би-Би-Си“.

Британскиот парламент утре ќе одржи вонредна седница на која ќе се гласа за новиот договор за Брегзит.

притисни ентер