Шведскиот крал исклучи петмина свои внуци од државниот буџет

Шведскиот крал Карл Густаф го намали бројот на членовите на кралското семејство кои ќе добиваат пари од даночните обврзници со одлука за укинување на статусот на кралско височество за петмина свои внуци.

Кралските внуци ќе ги задржат титулите принц или принцеза, или војвода или војвотка, но нема да ги извршуваат кралските должности.

Одлуката значи дека внуците на Карл Густаф, на возраст меѓу една и пет години, веќе нема да ги примаат годишните „џепарлаци“, плаќање што им се плаќа на членовите на кралското семејство од буџетот.

Тоа не се однесува на двете деца на престолонаследникот на Шведска, принцезата Викторија, на принцезата Естеле и нејзиниот помал брат, принцот Оскар.

Кралската палата на Шведска објави дека децата на принцезата Мадлин (37) и нејзиниот сопруг Крис О’Нил и децата на принцот Карл Филип (40) и принцезата Софија нема да можат да извршуваат службени должности. Тоа се принцезата Леонара (5), принцот Николас (4) и принцезата Адриена (1), како и принцот Александар (3) и принцот Габриел (2).

Родителите на петте деца исклучени од кралските должности, принцот Карл Филип и неговата сопруга принцезата Софија, како и принцезата Мадлин и нејзиниот сопруг Кристофер О’Нил ја поздравија на социјалните медиуми.

Принцезата Медлин напиша на Инстаграм дека промената „им дава можност на децата да го обликуваат животот како граѓански лица“. Нејзиниот брат, принцот Карл Филип, на истата социјална мрежа напиша дека неговите деца сега имаат опција „да прават повеќе слободни избори во животот“.

Мадлин во моментот живее во Мајами и работи во Светската фондација за деца, основана од нејзината мајка, кралицата Силвија, а принцот Карл Филип и неговата сопруга Софија ќе продолжат да работат во свои добротворни организации.

Во 1980 година, шведското кралско семејство за прв пат ги измени правилата за наследство според кои наследникот на престолот е првороденото дете, без оглед на полот.

Поради технички проблем граѓаните плаќаат по неколку пати за едно возење со ЈСП

За едно возење со автобус, преку мобилен телефон им било наплатено повеќе од 100 денари. Проблемот со валидаторите за наплата во автобусите на ЈСП, ги збуни граѓаните во Скопје.

-Дел од граѓаните се жалат дека не можат да платат карта во автобус со мобилен телефон. На некои од нив, ни по еден ден не им стигнала смс-пораката

До редакцијата на Канал 5 пристигнаа фотографии на граѓани, кои покажуваат како им стигнале неколку пораки за платен билет, едноподруго, иако одамна ги искористиле услугите на јавниот превоз.

Некои од луѓето кои ги анкетиравме велат дека немале никаков проблем при наплата на билет, додека пак останатите со соочиле со ваква ситуација. Од страв да не бидат фатени од контрола на ЈСП, морале да слезат неколку постојки порано.

Од ЈСП во текот на вчерашниот ден најавија дека можни се технички проблеми поради надградба на системот. Апелираа до корисниците на јавниот превоз – да го пријават случајот на мејлот аскопска@јсп.ком.мк. Ги запрашавме: колку лица досега пријавиле дека имале проблем со плаќањето.

Од Јавното сообраќајно претпријатие уверуваат дека во иднина нема да има никакво проблеми со валидаторите, и граѓаните без проблем ќе можат да ги користат.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина нема да остане втор мандат

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, нема да остане втор мандат на функцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Според РСЕ, Лајчак од 1 септември ќе ја преземе функцијата амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

Лајчак е поранешен министер за надворешни работи на Словачка и беше назначен на функцијата специјален пратеник на ЕУ за дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во април 2020 година.

Засега нема информации кој ќе го наследи Лајчак на оваа функција. Според извори на РСЕ, дискусиите на ниво на ЕУ почнале, но одлуката ќе биде донесена по европските избори во јуни годинава.

Оваа недела беа именувани 43 европски амбасадори во различни земји низ светот. Меѓу нив се и новите амбасадори во Босна и Херцеговина и Косово.

притисни ентер